СПИРОС СИДЕРИС
Малото познавање на историјата или нејзиното изобличување, што е вообичаен феномен не само во Грција, создаде повеќе проблеми во соседните држави, особено во балканскиот регион, каде што има осмоза помеѓу групите со слични национални карактеристики, поради фактот што многу држави биле пет века под Отоманската Империја
Предлогот на Зоран Заев за преименување на Република Македонија во „Република Илинденска Македонија“ беше одбиен од страна на повеќето грчки политички партии за неверојатно брзо време. Отфрлањето на предлогот за толку брзо време првенствено го рефлектира недостигот на сериозност во политичкиот свет, а второ, на нивното недоволно познавање на историјата.
Апсолутното отфрлање на предлогот на Заев не може да се смета за сериозен третман од страна на грчките политичари бидејќи тие воопшто не ги испитаа добрите и лошите страни на предлогот што можеби одговара на повеќето од грчките барања.
Малото познавање на историјата или нејзиното изобличување, што е вообичаен феномен не само во Грција, создаде повеќе проблеми во соседните држави, особено во балканскиот регион, каде што има осмоза помеѓу групите со слични национални карактеристики, поради фактот што многу држави биле пет века под Отоманската Империја.
Востанието на Илинден во 1903 година, како своја директна цел, го имало обезвреднувањето на османлиското владеење од истите причини како бунтовите во сите региони на Балканот, Србија, Грција, Бугарија итн. Насилството, угнетувањето на руралното население, феудалните односи, собирањето арач итн. беа некои од прашањата кои ги создадоа неопходните услови за револт и самоопределување. Во исто време, во остатокот од Западна Европа имаме национални револуции кои историски се карактеризираат како пролетта на народите.
Илинденското востание се одвивало во вилаетите на Отоманската Империја на Битола, Солун и Адријанополис. Битолскиот вилает во тоа време бил населен со 800 илјади жители, според записот на рускиот конзул А. Ростковски, при што грчкото православно население е близу 100 илјади, 250 илјади со албанско потекло, 200 илјади Словени, 100 илјади со отоманско потекло и 50 илјади Власи.
Во вилаетот во Солун, според белгискиот магазин „Онс фолк Онтвакт“, во 1912 година бројот на жители изнесувал 922 илјади. Околу 168 илјади биле грчки православци, турски муслимани 335 илјади, бугарски христијани и муслимани 145 илјади, Евреи 55 илјади и Власи христијани и муслимани околу 200 илјади.
Конечно, во вилаетите на Адријанополис, според белгиското списание „Онс фолк Онтвакт“, населението е околу еден милион, при што Грците се 220 илјади, Турци 250 илјади и бугарски христијани и муслимани околу 485 илјади.
Главната цел на Илинденското востание беше ослободувањето на трите вилаети од Турците. Грција, Србија и Бугарија, исто така, се бореа за овие области, чие население било мешавина од национални и религиозни групи, како што е докажано погоре.
Област која тогаш, во времето на Илинденското востание, припаѓала на речиси паднатото Отоманско Царство.
Оваа борба за превласт од страна на трите земји, а во помала мера и од страна на Романија поради Власите од регионот, резултираше со борби (1904-1908) на Грците против бугарските чети, кои сакале насилно да го бугаризираат населението во регионот. Таа борба за превласт потоа продолжи со Првата балканска војна.
Од каде потекнува македонскиот иредентизам со името „Илинденска Македонија“, за што се прилепуваат толку лесно грчките политички партии?
Оваа борба за превласт од страна на трите земји, а во помала мера и од страна на Романија поради Власите од регионот, резултираше со македонската борба (1904-1908) на Грците против бугарската милиција, која сакаше насилно да го бугаризира населението во регионот и потоа продолжи со Првата балканска војна.
Првпат имаме име кое нема иредентистички аспирации кон Грција. Првпат ќе се користи името ерга омнес. Првпат постои основа за дефинитивно решавање на проблемот со името. Име што неповратно ја раздвојува грчката древна Македонија од географскиот регион Македонија, кој го опфаќа најголемиот дел од Република Македонија.
Зоран Заев ѝ обезбеди на Грција сѐ што можеше и сѐ што му беше дозволено да даде за време на преговорите. Можеби, првпат, дојдовме толку блиску до решение кое е пристојно за двете страни.
Нема простор за непознавање на историјата. Не треба да бидеме заробени во минатото, кое обично го толкуваме на погрешен начин и наместо тоа да градиме иднина без духови. Споровите со Бугарија се надминати, спорови што поминаа без крвопролевање во модерната историја на Грција, како што се случи и со оние со Германија и Италија.
Мислам дека и „Горна“ и „Нова Македонија“ кријат повеќе иредентизам од „Илинденска Македонија“ бидејќи предлагаат или продолжување на античка Македонија поврзано со обичаи, традиции, култура или како поделена држава која со тек на време треба да се обедини. Што се однесува до „Вардарска“, со или без Македонија, тоа се однесува на реката Вардар и долината што ја создава, во близина на нејзиниот крај во Солун.
(Авторот е новинар од Грција. Тексто е преземен од Независен весник)