БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
„Осмислување на структурата и функцијата, изготвување и испитување конкретни можности на терен за отворање на државен Македонски центар за култура во Србија”. Неверојатно! Овој што го пишувал ова се однесува кон македонскиот јазик како натпреватувач на три илјади метри стипл-чез, со една нога. Кој на целта како некаков победник, наместо знамето на државата, ја носи волшебната формулација: државен Македонски центар за култура во Србија!
Андоновски е ангажиран за проектот „Осмислување на структурата и функцијата, изготвување и испитување конкретни можности на терен за отворање на државен Македонски центар за култура во Србија”.
Јас, се разбира, не знам дали е ова формулција точна, односно дали е наслов на еден од двата проекти на Андоновски, но, ако е точна, тогаш говориме за ретко неписмена и некултурна дефиниција на еден проект од областа на културата.
Неписмена и во јазикот, неписмена и во политичката содржина.
Таа формулација се врти во јавноста како цитирана работа и затоа мојата реакција има смисла.
Звучи како Ораториумот за Ное од Ками Сен Санс некој да го акопнанирал со шкрипа од неподмачкани шарки на некоја врата и со мука на сексуално загрозени елени.
Само читајте и ќе почувствувате како ве гребат центрите за слух во сивата маса.
Да повторме уште еднаш:
“Осмислување на структурата и функцијата, изготвување и испитување конкретни можности на терен за отворање на државен Македонски центар за култура во Србија”.
Неверојатно!
Овој што го пишувал ова се однесува кон македонскиот јазик како натпреватувач на три илјади метри стипл-чез, со една нога. Кој на целта како некаков победник, наместо знамето на државата, ја носи волшебната формулација: државен Македонски центар за култура во Србија!
Најмал проблем е тоа што ова формулација би била во спротивност со Договорот од Преспа. Ако е центарот „државен” би требало да биде на Република Северна Македонија, ако е „македонски”, или не треба да биде државен или треба да се одреди како етнички. И да се одреди некој албански андоновски да отвори албански културен центар во Белград.
Ваков јазично-политички хаос, со толку малку зборови, не предизвикал ниту еден советник, на ниту еден премиер, во ниту една држава.
Ако е ова од Венко, тогаш за него е тоа исто што и снимката од Ибица за Штрахе.
Таа парадна празнотија од професор и писател, испразнет од својата интелектуална и морална суштина, прави уште една утка која е на трагата на празнотијата, односно е нормална. Никој автор со минимум интегритет не би прифатил своите проекти да ги бутка како платен советник на премиерот. Може и треба да биде платен, но не платен на тековна основа. Затоа што со платата ги излага на директен политички притисок и можна компромитација.
Тоа е, драги пријатели.
Сакам на крајот да додадам дека човекот кој на времето тврдеше дека Хашкиот трибунал е Треблинка за осудените воени злосторници од српска националност, не е најдобриот избор за една ваква ваква мисија и според таа глобална геополитичка и културолошка основа.