Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НEСОГЛАСУВАЊА ВО ПАЛАТАТА „ХРИСТО ТАТАРЧЕВ“

November 13, 2023 Filed Under: Македонија

Потпретседателот Николоски против уставни измени, Спасеноски смета дека тие се реалност која мора да се прифати. Вториов е можен претседатеклски кандидат на неговата партија?!

СПРОТИВСТАВЕНИ Во врвот на нивната партија веќе има различни погледи кон уставните промени!

Продолжувањето на европскиот пат на државата е каменот на сопнување во ВМРО-ДПМНЕ, а уставните измени се темата на која произлегуваат несогласувањата помеѓу дел од партијата кои се за евроатлантските интеграции на земјава и делот кои се за блокирање.

Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски уставните измени се завршена работа и тие нема да се случат, но професорот на Правниот факултет и член на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Спасеновски очигледно не се согласува со тоа.

Во гостувањето на „Клик плус“ на ТВ21, Спасеновски рече дека уставните измени се обврска која нема да заврши со мандатот на актуелниот пратенички состав, туку таа обврска ќе биде и за идната влада.

Тој вели дека оваа обврска е тесно поврзана со процесот на евроинтеграциите и е реалност без разлика дали не кој тоа му се допаѓа или не.

„На таквата реалност ќе мора да се прилагодат политичките лидери и партии“ рече Спасеновски во „Клик плус“ на ТВ21.

Неопходно е да се истакне дека во некои медиуми Спасеновски се споменува како можен партиски кандидат за функцијата претседател на Републиката. Неговиот моментен рејтинг е втор на листата, после професорката Силјановска, на прашањето дали би се кандидирала одново вели – „не велам не!“. Претходниот второтпласиран, докторот Кедев, кој еднаш исто така изгуби во трката за претседател јавно се откажа од нова трка по истата функција, инаку тој беше на втората позиција.

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet