Ајде да речеме дека Силјановка навистина не знаела дека токму така стои работата со дебелата крокодилска, непотистичка опашка на Мицкоски. Иако нејзиното однапред подготвено „не знам!“ зборува сосем друго. Откако ќе го речеме тоа, следуваат куп уште понепријатни прашања. Како, на пример: дали тоа што таа не знаела ја ослободува од обврската да дознае?; дали, откако ќе дознае дека нејзиниот предлагач бил со непотистичка опашка, има намера да објасни кои добри причини и допуштиле да прифати кандидатура од предлагач со крокодилска, непотистичка опашка?, итн. итн.
АТАНАС ВАНГЕЛОВ
Да речеме, јас сум претседателски кандидат кој гостува во еденочасовна емисија на „Алсат“-телевизијата. Во еден момент, водителот на таа емисија ми постава незгодно прашање кое сум го очекувал и за кое имам веќе подготвен одговор. Сум го очекувал затоа што работа на новинарите е да поставуваат незгодни прашања. А сум се подготвил добро затоа што моја работа е, во најлош случај, да оставам барем впечаток дека одговорам искрено. А во најдобар (значи нормален!) дека држам до честитоста. Значи до – искреноста
Во еден момент новинарот на „Алсат“ Васко Поп-Петрески ме прашува: ме интерсира, вели, што мислите вие за тоа што водачот на партијата која ве предлага за претседател работел како асистент на татко му на факултетот на кој предавал? Прашањето на Поп-Петрески содржи една отровна стреличка која веќе лета кон сите оние кои толку беспопоштедно и безмилосно го критукувааат бранот непотизам. Иако и самите не се без непотистички путер на својата глава. Таков путер на својата глава има и лидерат на опозицијата Мицковски. За тоа нешто кажа во својот прв ТВ-дуел со Мицковски и премиерот Заев, а пак водачот на опозицијата не го оспори (барем не многу убедливо) тој непријатен факт кој му одзема морално право да го критикува тоа што и сам го правел.
Мислам дека, во најмала рака, треба да и се извини на јавноста (ако, веќе, не го сторил тоа!) за својот некогошен грев од младоста пред да отвори уста на тема непотизам. А потоа добро да размисли колку и како може да го критикува непотизмот на други (практика на сегашната елита на власт) кога и сам, во еден момент, подлегнал на тоа искушение. Јас не мислам дека острата критика на непотзмот, особено онаа со силни агресивни акценти е некоја добра политичка практика. Прво, затоа што тие агресивни акценти упатуваат на тоа дека и вам не ви се многу чисти работите околу тој озлогласен непотизам и, второ, затоа што е подобро (иако многу потешко) да се предлага лек за некое социјално зло место да се прибегнува кон лесна и брза осуда кај други. Особено кај други! Така би одговорл јас. Иако добро знам дека ни тоа не е некој добар одговор.
А како, што му одговори претседателскиот кандидат на путер-опозицијата Силјановска на истото прашање од новинарот Васко Поп-Петрески? Само што го заврши своето релативно долго прашање, Силјаноска одговори отсечно и кратко, како од пушка: „Не знам!“. Очигледно, однапред подготвено. Отсечноста и краткоста содржат во себеси индиција дека Силјановска очекувала прашање за кое знае дека нема добар одговор. Освен таа силна индицијата која упатува на очекување, истата отсечност требаше добро да послужи за тоа да му даде нешто убедливост на помагалото „недоразбирање“ меѓу двајца соговорници, донекаде добар начин да се извлече од неудобна ситуација претседателски кандидат на политичка партија чиј водач има полна уста непотистичка критика за други. Но не и за себеси како човек кој влече дебела непотистичка опашка како некогашен асистент на татка си.
На брзата реакција (приговор) на Поп-Петрески дека е, во најмала рака, чудно Силјановска да не знае каде, како универзитетски професор, работел водачот на опозицијата, таа прибегна кон мошне долг и „течен“ одговор за тоа што сакала да каже со своето кратко и отсечно „не знам“. Таа сакала да каже со тоа брзо, натопено во благ цинизам „не знам“ дека, ете, не знаела оти, својата кариера како универзитски професор, Мицкоски ја почнал како асистент („шест месеци“, Поп-Петрески) кај татка му. Новинарот лошо ја разбрал кога нејзиното „не знам“ го разбрал како одговор на прашање каде работел Мицкоски.
Ајде да речеме дека Силјановка навистина не знаела дека токму така стои работата со дебелата крокодилска, непотистичка опашка на Мицкоски. Иако нејзиното однапред подготвено „не знам!“ зборува сосем друго. Откако ќе го речеме тоа, следуваат куп уште понепријатни прашања. Како, на пример: дали тоа што таа не знаела ја ослободува од обврската да дознае?; дали, откако ќе дознае дека нејзиниот предлагач бил со непотистичка опашка, има намера да објасни кои добри причини и допуштиле да прифати кандидатура од предлагач со крокодилска, непотистичка опашка?, итн. итн.
Силјановска добро знае дека ни на тие прашања нема добар одговор. Затоа и одбра да ги пресретне со своето „не знам.“ Ама, со тоа ни кажа на еден особен, свој начин дека, за неа, како и за нејзиниот предлагач, сите средства (морални и аморални!) се добри кога треба да се дојде до власт. Дека власта е подобра од моралот. Или, власта е „од онаа страна на моралот“ (Ниче). Ако ни го кажа тоа, во што е тогаш разликата меѓу неа и сегашниот пртеседател на РСМ? Еднаш ни кажа дека таа ќе била кактус. Не фикус како сегашниот Хорхе. Сакаше да ни каже дека кактусот не може да биде добар декор како фикусот?