ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Дури 40 отсто од работоспособното население, значи и она кое гласа, ја нема онаа писменост која го прави самостоен, туку тој е подложен на она што се нарекува Радио Милева, пренесена во живо од партиските курири, најчесто од десницата. Тие вести или заклучоци се примаат како готов факт, додека не дојде друга насока
Тоа е однапред изгубена битка, онаа во одмертувањето меѓу про-западните и про-источни сили што постојат кај нас. Целата приказна е многу стара, тие се воспоставени релации одамна меѓу две огромни социјални групи, не се од вчера, само прашањето е – темата која ќе ги разгори страстите. Темата во таа пресметка сега се погоди за едната страна, изгледаше дека можат да ја прифати и широката популација, а кај нас, за да бидеме свесни што се случува, но мора да појдеме од еден непобитен статистички факт – ние сме земја на една голема функционална неписменост. И мора да се појде од тоа,
Што е тоа функционална неписменост?
Функционалната неписменост се состои од вештини за читање и пишување кои се несоодветни „за управување со секојдневните животни и работни задачи кои бараат вештини за читање над основното ниво“. Луѓето кои знаат да читаат и пишуваат само на јазик различен од доминантниот јазик на местото каде што живеат, исто така може да се сметаат за функционално неписмени. Функционалната неписменост е во контраст со неписменоста во строга смисла, што значи неможност да се читаат или пишуваат едноставни реченици на кој било јазик.
Карактеристиките на функционалната неписменост варираат од една култура до друга, бидејќи, некои култури бараат подобри вештини за читање и пишување од другите. Во јазиците со фонемски правопис , функционалната неписменост може да се дефинира едноставно како премногу бавно читање за практична употреба, неможност за ефективно користење речници и пишани прирачници и т.н. Социолошкото истражување покажа дека земјите со пониско ниво на функционална неписменост меѓу нивната возрасна популација имаат тенденција да бидат оние со највисоко ниво на научна писменост меѓу понискиот слој на млади луѓе кои се при крај на нивните формални академски студии. Оваа кореспонденција сугерира дека капацитетот на училиштата да обезбедат учениците да ја постигнат функционалната писменост потребна за разбирање на основните текстови и документи поврзани со компетентно граѓанство придонесува за нивото на граѓанска писменост на општеството.
Што значи ова во наш случај? Тоа значи дека имаме многу луѓе кои се формално писмени, меѓутоа тие не можат да функционираат во овој свет, со сиот негов инструментариум, на нормален начин. Тоа значи дека не можат да ги користат електорнските средства, или не го познаваат доволно јазикот, или се едноставно поводливи, во некоја смисла не се луѓе кои можат самите да размислуваат… Тоа е една голема маса луѓе, 40 отсто во Македонија од луѓето кои се пријавуваат за работа, имаат формални квалификации, меѓутоа се функционално неписмени. Како таква таа работна сила е регистрирана и во Заводот за вработување.
И тие луѓе се подложни на манипулации. Кај нив се уште функционира она што го велиме од порано „Радио Милева“. Повеќе функционира тој систем, отколку можноста што ние велиме, социјалните мрежи да го работат тоа но во двојха насока – од и кон изворотм на информации.
Или, кога ги користат социјалните мрежи, ги користат по веќе поставени коридори кон нив, еднонасочно, како маса луѓе кои треба да го примат тоа.
Од 70 земји што Обединетите нации во скоро време ги испитуваа, за таа функционална неписменост, ние сме на 68 место, зад нас се само Доминиканската Република и Косово. Тоа укажува колкав слоја на граѓани се подредени на потенцијалната партиска пропаганда. Со ни, тие веќе обоените од таа пропаганда е многу тешко да комуницирате, и прашање е дали тие воопшто ги примаат сите овие работи што еве денеска ние ги разговараме (излагањето е во рамки на трибината на Цивил медиа под наслов „Слонот во собата“), или ставови кои ги има во одредени медиуми.
Кога сме кај медиумите и ние сме сведоци овој месец на масовна промена на сопственичката структура во оние медиуми, за кои нема да речам дека беа про-западни, меѓутоа, беа неутрални.
Одредени медиуми, портали, кои да речеме беа употребливи, за секојдневно комуницирање, кои сега го менуваат сопственикот, и тоа се случува интензивно, така што се расчистува тој простор и понатаму за оние кои сепак следат нешто на социјалните мрежи, да бидат подложни на уште посилна пропаганда, во буквална смисла. Очигледно се вклучени средства кои едноставно овозможуваат тј простор да се расчистува на тој начин. Тоа го прават домашни центри, чии врски се многу јасни и очевидни, Погледнете кои се најчести даватели на реклами во македонските медиуми.
Еве некои други детали за функционалмната неписменост.
Нивото на читање кое може да биде доволно за да направи земјоделец функционално описмен во рурална област на земја во развој може да се квалификува како функционална неписменост во урбана област на технолошки напредна земја. Во развиените земји, нивото на функционална писменост на поединецот е пропорционално на нивото на приход и обратно пропорционално на ризикот од извршување на одредени видови криминал.
Во Русија, каде што повеќе од 99 отсто од населението е технички писмено, само една третина од матурантите можат да ја разберат содржината на научните и литературните текстови, според студијата од 2015 година. Одделот за образование на владата на Обдинетото Кралство во 2006 година објави дека 47 отсто од училишните деца го напуштиле училиштето на 16-годишна возраст без да постигнат основно ниво по функционална математика, а 42 отсто не успеваат да постигнат основно ниво на функционален англиски јазик. Секоја година, 100.000 ученици го напуштаат училиштето функционално неписмени во ОК. Во Соединетите Држави, според списанието Business, околу 15 милиони функционално неписмени возрасни луѓе имале работа на почетокот на 21 век. Според Националниот центар за образовна статистика во САД.
Националниот центар за образовна статистика дава повеќе детали. Писменоста е поделена на три параметри: проза, документ и квантитативна писменост. Секој параметар има четири нивоа: под основно, основно, средно и умешно. За прозна писменост, на пример, под основното ниво на писменост значи дека едно лице може да погледне кратко парче текст за да добие мал дел од некомплицирани информации, додека лице кое е под основната квантитативна писменост би можело да прави едноставни додавање. Во САД, 14 отсто од возрасната популација е на „под основното“ ниво за прозна писменост; 12 отсто се на ниво „под основната“ – документарна писменост, а 22 отсто се на тоа ниво за квантитативна писменост. Само 13 отсто од населението е умешно во секоја од овие три области – способни да споредуваат гледишта во два редакции; толкува табела за крвниот притисок, возраста и физичката активност;или пресметајте и споредете ги трошоците за унца на прехранбени производи.