Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НOВ ФЕМИЦИД ВО ВЕЛЕС: ИНСТИТУЦИИ КАДЕ СТЕ?

September 17, 2025 Filed Under: Македонија

Двојно убиство и самоубиство во Велес ја зголеми бројката на алармантните случаи на насилство, коишто завршуваат со кобен епилог. Системските пропусти и институционалната негрижа се посочуваат како главни виновници

ВЕЛЕС: Од град на славнса историја, овој град стане често споменуван во нацрните убиства

Двојно убиство и самоубиство во Велес ја зголеми бројката, на онака алармантните случаи на насилство врз жени во Македонија, коишто завршуваат со кобен епилог.Системските пропусти и институционалната негрижа повторно се посочуваат како главни виновници за смртта на 31-годишна велешанка и нејзиниот 68-годишен татко, коишто биле убиени среде бел ден. 

Од полицијата информираа дека, според првичните информации, убиствата ги сторил поранешниот партнер на жената, кој потоа се самоубил во нивната семејна куќа. Триесет и деветгодишниот скопјанец со остар предмет ја усмртил жената на улицата „Кочо Рацин“ во Велес.

„Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, тој е пронајден починат со повреди од остар предмет. Во домот, со повреди од остар предмет е пронајден и 39-годишниот И.С. од Скопје, поранешен партнер на убиената жена, за кој според првичните информации постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што сам се повредил. Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт“, информираат од МВР.

Според податоците коишто ги објавија дел од медиумите, девојката повеќе пати го пријавувала насилникот во полиција, а еднаш ѝ било запалено и возилото. Од обвинителството потврдија дека во април годинава за него било поднесено обвинение за загрозување на сигурноста и за насилство. Биле извршено и психијатриско вештачење, при што е утврдено дека тој не боледува од душевна болест. Иако му била изречена условна казна и забрана да комуницира со жртвата и нејзиниот татко, тој и понатаму бил пријавуван дека не ги почитува мерките.

„Семејно насилство со смртни последици во Велес сред бел ден. И знаете што – семејното насилство било пријавувано. Насилникот и го запалил возилото претходно на жртвата. Тоа е нечиј живот што згасна од институционална немарност“, реагира адвокатката Катерина Котеска Стисниовска, која што е позната по бројните предмети коишто ги застапува за семејно насилство.

Многу прашања – малку одговори

„Институции – каде бевте? Дали му се изрекоа мерки? Дали беше во притвор насилникот? Дали знаете дека жртвата има 31 година? Дали некој ќе го пече совеста после ова?“, се само дел од прашањата коишто ги поставува адвокатката на социјалните мрежи, барајќи одговорност од институциите за се поголем број на случаи на семејното насилство и убиства на жени во Македонија.

Катерина Котеска Стисниовска, којашто стана позната во јавноста особено по добивањето на правниот случај со битолската „Јавна соба“, предмет во кој таа застапуваше жена изложена на срам и јавен потсмев со јавно објавување на нејзини интимни фотографии, во изјава за Дојче веле вели дека за проблемите со семејното насилство мора да се зборува гласно и да се критикуваат институциите коишто со своето непостапување дозволуваат да се случуваат се поголем број на вакви случаи. „Податоците се поразителни – во последните месеци можам да се сетам за три убиства коишто се случија. Но, сведоци сме дека од почетокот на годината речиси секој месец имаме по еден случај на семејно насилство, кое во 90 отсто од случаите завршува  со смртни последици“, вели нашата соговорничка.

Загрижувачки аларм

Тоа е многу голем аларм, додаваа таа. „Алармирав и на почетокот на годината, кога излегоа статистичките податоци за лани, кои покажаа дека во 2024 година  семејното насилство пораснало за 19 проценти и тоа беше поразително. Но, за жал никој не го сфаќа овој проблем сериозно. А, тој може да му се случи на секого“, вели Котеска Стисниовска.

Дел од партиите уште лани иницираа измени во Кривичниот законик за случаи на телесна повреда при вршење насилство врз жена или семејно насилство, кој предвидува гонење по предлог на жртвата. Ова им остава простор на жртвите под притисок од насилникот, под страв или како резултат на психичко растројство од извршеното насилство – да ја повлечат пријавата, да се прекине постапката и извршителот на насилството да остане без казна, на слобода, претставувајќи закана за жртвата.

Затоа се бараа измени со коишто стореното кривично дело „телесна повреда“, нема да може да биде амнестирано под притисок на насилникот, односно гонењето ќе биде целосно препуштено на надлежните органи и ќе се гони по службена должност, а сторителот ќе биде со сигурност казнет.

Во јули годинава, Левица поднесе амандман кон Предлог-ребалансот на Буџетот за 2025 година, со кој побара 600.000 евра да се наменат за обезбедување престој и сместување за жртвите на семејно насилство.

Дваесетина случаи на фемицид се евидентирани во Северна Македонија од 2019 до 2023 година. За четири години се покренати 17 кривични постапки за фемицид, во кои се убиени 19 жени. Повеќето од жртвите настрадале од раката на своите поранешни или сегашни партнери или сопружници, а убиствата најчесто се случиле во нивните домови.

(DW)

 

Filed Under: Македонија

ПОРАНЕШЕН ЈУГО-ПАЗАР НА ТРУДОТ: УСЛОВИ, ВРАБОТЕНОСТ, ПЛАТИ….
КАЛАЈЏИЕВ ЗА ТРИЛИНГ: ВЛАСТА НЕМА ИНТЕРЕС ДА ОБЗНАНИ КОИ КОМУНИКАЦИИ СЕ СЛЕДЕНИ КАЈ МИЦКОВСКИ
ОРБАН СО КОМПЛИКУВАН ИЗБОРЕН СИСТЕМ ПРОТИВ УНГАРЦИТЕ
АЛШАР КАКО РУДНИК ОД КАДЕ СЕ ГЛЕДА СОНЦЕТО
КАКО ГИ ЛАЖАТ ЛУЃЕТО ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА ЗА УБИЕНИТЕ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА

Најново

  • ПОРАНЕШЕН ЈУГО-ПАЗАР НА ТРУДОТ: УСЛОВИ, ВРАБОТЕНОСТ, ПЛАТИ….
  • КАЛАЈЏИЕВ ЗА ТРИЛИНГ: ВЛАСТА НЕМА ИНТЕРЕС ДА ОБЗНАНИ КОИ КОМУНИКАЦИИ СЕ СЛЕДЕНИ КАЈ МИЦКОВСКИ
  • ОРБАН СО КОМПЛИКУВАН ИЗБОРЕН СИСТЕМ ПРОТИВ УНГАРЦИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet