Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ГО СЛЕДИ ТЕКОТ НА ПАРИТЕ, ДА СЕ ОБЗНАНИ СЕ ЗА 5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

September 17, 2026 Filed Under: Македонија

Како се менуваше ставот на Владата во однос на потрешите средства за прославата на 35-те години на независноста! Наместо тие пари да се пренасочат за поддршка на семејствата во период на почеток на школската година, за поддршка на земјоделците, за поддршка на наставниците, лекарите, социјалните случаи, едноставно, потрошени се на нетранспарентен начин, за што ќе се соочат со одговорност

ДОБИТНА КОМБИНАЦИЈА Уште треба да се открива околу финансирањето на прославата на Денот на независноста

Во системот „Отворени финансии” нема ни трага од 5 -те милиони евра народни пари, пари на граѓаните, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на неодамнешната прес-конференција. Филипче потсети дека премиерот Мицкоски првично ја убедуваше јавноста дека за концертот на Дејвид Гета не бил потрошен ниту еден денар народни пари, за следниот ден, откако СДСМ изнесе документи, да признае дека станува збор за 5 милиони евра. Притоа, Филипче укажа дека Обвинителството треба да го следи текот на парите.

„Премиерот излезе и ја лажеше целокупната македонска јавност дека не е потрошен ниту еден денар народни пари, за веќе следниот ден од кога го соочивме со документи, мораше да признае дека се потрошени ни помалку, ни повеќе 5 милиони евра. На каков начин, се уште не знаеме, треба Обвинителството тоа да го утврди. Финансова полиција, исто така да се активира, да го следи текот на парите каков бил, затоа што очигледно е дека станува збор за една голема проневера.”, рече Филипче.

Филипче нагласи дека во „Отворени финансии” за исплатата на овие 5 милиони евра нема ништо, иако премиерот тврдеше дека сите податоци се достапни во овој систем. Тој додаде дека целата постапка отвора многу сомнежи.

„Која е таа постапка во која што со заклучок на Влада или некое јавување на премиерот на телефон на директорот на државна Лотарија може да се управуваат 5 милиони евра народни пари. Без одлука на Собранието на акционери, без ништо. Без ниту еден податок во „Отворени финансии”. Нема ништо. Нула податоци. Значи и тоа излажа премиерот. Рече, видете, се’ има во „Отворени финансии”. Нема ништо. Нема ни трага од 5-те милиони евра, народни пари, пари на граѓаните, кои што отишле во џебови на изведувачи. Не знаеме кој колку добил. Нема никаков одговор ни на тоа прашање од страна на Владата. Сега и на малите деца, им е јасно дека станува збор за коруптивен проект на оваа арамиска влада, предводена од главниот шеф Христијан Мицкоски”, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ нагласи дека наместо милионските средства да се трошат на нетранспарентни проекти, тие можеа да бидат насочени кон граѓаните и оние на кои им е најпотребна поддршка. Тој посочи дека парите се потрошени на нетранспарентен начин, за што власта ќе се соочи со одговорност.

„Наместо тие пари да се пренасочат за поддршка на семејствата во период на почеток на школската година, за поддршка на земјоделците, за поддршка на наставниците, лекарите, социјалните случаи, едноставно, потрошени се на нетранспарентен начин, за што ќе се соочат со одговорност. Ќе се соочат со одговорност. И ќе дојде тоа време. Мора сите да знаат. И мора сите директори луѓе околу премиерот и неговата организирана криминална група на кои што тој им дава насоки, да размислат, многу добро, посебно после оваа случка, дали вака слепо, ќе го слушаат, поради тоа што сите ќе одговараат.”, рече Филипче.

Портпаролката на СДСМ Кузеска даде изјава пред пред ОЈО. Истакна дека од граѓаните се крие вистината за лотото на арамијата Мицкоски и трошењето на 5,5 милиони евра за прославата за независноста.

Огромни проневерени пари за кои се кријат документи, одлуки, анекси, фактури, исплати, и клучното прашање, во чии џебови завршија народните пари.

Затоа сме пред Јавното обвинителство. Мора веднаш да отвори истрага и да ја обезбеди целокупната документација, да ги даде на увид пред граѓаните. Граѓаните ја платија сметката на Мицкоски, сега треба да знаат до денар каде завршија нивните пари. Самит начин на носење одлуки е сомнителен и спротивен на закон. Во кое својство Владата ѝ наложила на Државната лотарија да ја организира и финансира прославата? – праша таа пред камерите.

Ако постапувала како претставник на државата акционер, каде е одлуката на Собранието на акционери. Кој орган одобрил трошење над 300 милиони денари? На која седница? Кој гласал и врз која законска основа? Јавниот повик траел само пет работни дена и пристигнала само една понуда. Повикот завршл на 8 мај, а само три дена подоцна власта веќе го најавила настапот на Дејвид Гета.

Значи условите биле однапред приспособени за конкретен организатор бил договорен. Обвинителството мора да утврди колку чинел настапот на Дејвид Гета, кога бил договорен и исплатен. Мора да се утврди кои домашни и странски фирми добиле пари, колку заработиле „Стардаст”, односно Авалон, и како се вршеле исплатите док и компанијата имала блокирана сметка.

Дополнително, прашање е каде завршиле и приближно 1,75 милиони денари од продадените билети и дали бил платен данок.

Премногу матни работи, премногу сокриени информации а потрошени 5,5 милиони евра за кои арамијата Мицкоски излажа дека се „нула денари”.

Да беше сè чисто и законски, немаше да се кријат документите, немаше да се лаже. – смета Кузеска. Затоа повикуваме веднаш да постапат Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупцијата и Државниот завод за ревизија.

Filed Under: Македонија

ПОНУДАТА ЗА КРИВОЛАК ПРЕД НАШАТА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА
35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ: ПОВЕЌЕ ВО РЕЦЕСИЈА ОТКОЛКУ СО ВИСОК РАСТ
КОЛИНДА ГРАБАР – КИТАРОВИЌ ЗА БАЛКАНСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ
НА ЛИДО ДОМИНИРАА ФИЛМОВИ ПОСВЕТНИ НА ЖЕНСКИТЕ СУДБИНИ
11 СЕПТЕМВРИ: ЛУЃЕТО ВО ЊУЈОРК ПРОДОЛЖУВААТ ДА УМИРААТ

Најново

  • ПОНУДАТА ЗА КРИВОЛАК ПРЕД НАШАТА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА
  • 35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ: ПОВЕЌЕ ВО РЕЦЕСИЈА ОТКОЛКУ СО ВИСОК РАСТ
  • КОЛИНДА ГРАБАР – КИТАРОВИЌ ЗА БАЛКАНСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet