Поднесокот на Телма до јавото обвинителство заради прекршени авторки права за пренос на еден бокс меч е отфрлено од Јавното обвинитлство. Нема сомнение дека е ова сериозна ситуација во однос на генералното непријателство меѓу националните радио и телевизиски емитери со национален предзнак и кабловските реемитери
За членките на Здружението на радиоемитери со национален предзнак секако беше шокантно решението добиено вчера од Основното јавно обвинителство Скопје. Тоа чувство го пренесе пред камерите правниот застапник Сашко Дуковски, во оценката да бидат отфрлени кривичните пријави против Македонски телеком за „Пиратерија за аудиовизуелно дело“ и против Никола Љушев за „Повреда на авторско право и сродни права“. Оштетена е Телевизија Телма, а индиректно и другите македонски национални телевизии.
Предметот е врзан за бокс мечот за шампионска титула помеѓу Дионти Вајлдер и Тајсон Фјури за кој Телма тврди во поднесокот дек ги има откупено ексклузивните права за Македонија во 2018 година. Телевизијата „РТЛ“ ги имала откупено правата за Хрватска. Мечот почнал во пет часот и 37 минути наутро, а на хрватската „РТЛ“ во 14 часот и 20 минути е емитувано репризното издание од истиот, при што Македонски Телеком дозволува тоа да се емитува и во Македонија, што за адвокатот Дуковски претставува прекршување на авторски права и како такво подлежи на одредени репресивни мерки регулирани со законски акти.
„Врз основа на вакво постапување на Обвинителството коешто знае во други случаи за сто ќебапчиња или за два килограми ракија да биде многу ажурно, за 21 месец да прати само три дописи. Ссметам дека е недозволено и да ја донесува својата одлука во врска со тоа. Со ова се воспоставува една безобразна пракса да секој во оваа држава може да ви презентира некаков договор со некоја фирма и да вели „јас имам право ова да го покажувам“, а вие ќе треба да плаќате за тоа коешто го покажувате“, вели правниот застапник Сашко Дуковски.
Ќе следи и жалба до Вишото јавно обвинителство, уверува Дуковски. Смета дека само тоа нема да биде доволно, па така, ќе се обрати и до странските амбасади за да им биде предочено за начинот на владеење на правото во земјава.
„Со сигурност ќе се поднесе жалба, а во текот на денот ќе бидат информирани сите странски амбасади особено делегацијата на ЕУ во Македонија. Жалбата ќе биде многу сериозна. Јас се надевам и длабоко сум убеден дека Вишото обвинителство ќе ги утврди фалинките и сите мани што ги укажав сега и дека ќе ја уважи жалбата и укаже на ОЈО Скопје како да постапува. Во спротивно, во однос на владеење на правото, никогаш нема тоа поглавје да го поминеме и влегувањето во ЕУ“, вели Дуковски.
Единицата за компјутерски криминал во СВР Скопје извршила увид и констатирала дека Македонски Телеком АД Скопје токму со правното лице „ИН НЕТ МЕДИА“ има склучено Договор за меѓусебна соработка за ТВ пакет Балкан врз основа на кој пријавеното правно лице Македонски Телеком од Агенцијата за аудио аудиовизуелни медиумски услуги има добиено потврда за реемитување на програмскиот сервис на „РТЛ“ кој се содржи во ТВ пакет Балкан.
Инаку, правата за емитување и реемитување програма во земјата се уште се толкуваат на различни начини од различни центри, во зависност од тоа на која интересна група им припаѓаат. Најголеми се разликите меѓу националните телевизии на една и операторот „Телекабел“ на друга страна. Едните бараат затемнети телевизиски екрани и казни во случај кога операторот нема регулирано права за реемитување, другите ја префрлаат топката кај странските канали.
Авторските права за реемитување на програма скараа пред повеќе години дел од кабелските оператори и националните телевизии.