Во услови на огнена стихија и прогласена вонредна состојба на територија на целата држава, партијата на власт наместо да бара решенија, бара изговори за катастро

Нема крај на морбидното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мцикоски – се јавија од СДСМ веднаш после првите обиди на ВМРО ДПМНЕ место да ги решава проблемите да се обиде да го најде „виновникот“ односно да примени ПР приказни штом очевидно колабира нејзиниот статус за ефикасноста кај граѓаните.
Од Бихаќка велат дека „минатата година со ВМРО-ДПМНЕ на власт изгореа помеѓу 10% и 15% од целокупната територија на земјата. И тогаш наместо одговорност, Мицкоски бараше виновници додека ветуваше дека ЌЕ биде подобро следната година. Точно една година подоцна, во моментов гори тоа што остана од шумите и зелените површини низ земјава, да догори“.
Од опозицијата укажуваат дека власта нема нова опрема – промовираа стари реновирани хермелини и БТР кои ги нема никаде на терен, бидејќи, веќе се во сервис. Нема нови авиони, поточно, воопшто нема авиони! Нема пилоти, иако ветуваа дека за една година ќе обучат и вработат доволно нови пилоти.
По ова додаваат дека нема ниту нови пожарникари, а сега за 24.000 денари бараат привремени пожарникари кои би требало за минимална плата да го ризикуваат сопствениот живот. Цела година немаат абер да почнат да работат.
Населението само се спасува, кравите бегаат и не ја пасат тревата, пожарите беснеат, само Мицкоски не е крив.
Консдтатацијата е дека Мицкоски е одлепен од реалноста. Веќе има една жртва од пожарите, а наместо збор на утеха или превземање на мерки, Мицкоски повторно забегува во некрофилска реторика и бара виновници, бркајќи духови.
Власта предводена од ВМРО ја носи државата до нова национална срамота. Охрид, еден од најзначајните симболи на македонскиот идентитет, култура и природно богатство, е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство благодарение на неспособноста, неодговорноста и урбанистичкиот дивјачки порив на оваа власт.
Инаку, од оваа партија реагираа и за состојбите со Охридското езеро и неговата заштита
Се укажува дека во најновиот нацрт документ на УНЕСКО, јасно се посочува дека властите во Северна Македонија не ги исполнуваат своите обврски , не го почитуваат ниту најосновното: да ги стопираат деталните урбанистички планови, да спроведат проценки на влијанија, да ја запрат бетонизацијата, да ги отстранат дивоградбите и да ја спасат природната рамнотежа на Охридскиот регион. Во декември 2024, УНЕСКО јавно препорача вклучување на Охрид во листата со опасност, оценувајќи дека е во висок ризик поради:
- Урбанизација без контрола
- Еутрофикација од отпадни води
- Загрозување на биодиверзитетот
– Недостиг од трансгранична соработка
Наместо да го почитуваат уставниот и меѓународен долг да го заштитат Охрид, Мицкоски, неговите министри и неговиот градоначалник Пецаков, со одобрување или молк, го бетонираат крајбрежјето, го газат Студенчишкото Блато, и ги игнорираат сите предупредувања од меѓународните тела. Власта не само што не ја почитува стручната јавност и граѓаните, туку директно ја загрозува економијата, туризмот и иднината на целиот регион.
Претходната влада предводена од СДСМ не само што успеа да го задржи статусот на Охридскиот регион, туку и имаше акционен план усвоен на влада во декември 2023 каде јасно беа зацртани целите и задачите на сите засегнати страни.
Националната комисија за УНЕСКО во претходниот мандат постојано заседаваше и токму нејзината работа беше оценета со најпозитивни оценки во извештајот минатата година. Новата комисија за година дена владеење на ДПМНЕ не одржа ниту еден состанок!
Ниту е одржан нов управувачки комитет заедно со Албанија.
Ниту е помрднато со спроведување на мерките од акциониот план кој е владин документ и кој не препознава партија- туку само работа!
Средбите кои министерот за Транспорт и врски Александар Николовски ги имаше со највисокото раководство на лицата задолжени за охридскиот регион, не само што не вродија со плод, туку како и секоја друга состојба која претходната влада ја осигура, само беа искористени за себепромоција и за расипување на веќе направеното.
Се отвораат веќе затворени прашања.
Нема усогласување на законите. Ги повлекоа од собрание предлог-законите за Охридското Езеро (како „Споменик на природата“) и за Студенчишко Блато (како „Парк на природата“).
Ова е историска неодговорност. Наместо да ги исполнат обврските и да го сочуваат статусот на УНЕСКО, тие спроведуваат шеми за урбан криминал, поттикнуваат градежна анархија и ја претвораат Охридската убавина во урбан хаос.
СДСМ бара итна реакција од Владата, со конкретни мерки, стопирање на сите 0урбанистички дивеења и целосно спроведување на препораките на УНЕСКО. Доколку Мицкоски не знае или не сака, нека се тргне. Охрид не е политичка жртва. Охрид е светско наследство и ќе го браниме со сите демократски, институционални и меѓународни средства.
Власта предводена од ВМРО ја носи државата до нова национална срамота. Охрид, еден од најзначајните симболи на македонскиот идентитет, култура и природно богатство, е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство благодарение на неспособноста, неодговорноста и урбанистичкиот дивјачки порив на оваа власт.