Судирот Русковска – Муареми виа Јовески не може да заврши онака како што сега стиојат работите. Очевидно е дека меѓународниот фактор не сака да биде инволвиран – нема да има скриниг пред закажаниот скрининг во рамките на пристапните преговори со Брисел
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Судирот во врвот на третата власт, која обично се концентрира во врвот на обвинителството за борба со организираниот криминал и финансовата полиција, но сега со вклучување на републичкиот јавен обвинител, деновиве заврши со апел на страната која смета дека нема довоилна политичка поддршка до меѓународниот фактор за заштита. Да не заборавиме дека сето ова се случува пред почетокот на скринингот на правосудството во поширока смисла од страна на арбитерите од Брисел, потоа пред барањето (одново) на јасно пратеничко мнозинство во Парламентот, секако по можност од 80 подигнати раце за прифаќање на т.н. француски предлог, но и како прегрупирања во власта и опозицијата од аспект на интересот на нивните лоби групи, кои, за себе во блиска и средно блиска иднина си бараат сопствена заштита. Нивниот простор ќе се стеснува. Ова, да потсетиме, го најави и идната американска амбасадорка Ангелер во земјава во својот инаугурационен говор во Вашингтон! Сликата е таа а детали има многу. Дури тешко е да се набројат во еден просечен текст.
Да почнеме само од релативниот крај на овој судир кој започна зимоска со фактот дека обинителката од областа на организираниот криминал Вилма Русковска, која сметаше дека ако замине на одмор во Грција ќе се раатиса од проблемите кои останаа зад неа, јавно кажа дека мандатот и истекува и дека ако првиот јавен обвинител Јовески замине во пензија или на нова функција (во Уставниот суд) таа би седнала во неговата фотелја. Таа при тоа покажа дека има моќна телвизиска поддршка зад себе (си излегуваше на екраните кога сакаше и добиваше простор да си ги каже желбите а за возврат најавуваше, компензација за пресот, што ќе се слулува со криминалот во иднина, низ конкретни случаи, што, нели, не е сосема својствено за професионалците). Ако се знае чиј е телевизискиот простор кај нас, тогаш би било многу наивно да се мисли дека зад неа не стои извесна моќ. Од денешен аспект гледано, по сите оние афери со правните брканици со Началникот и Орце Камчев е целосно јасно дека тие ја имаат нејзината заштита. Прашање е само дали таа релација е на некаква лична основас или пзк се работи за компензациски колорит во сликата на нашето правосудство? Случајот со осумтемина прелетувачи при гласањето за промена на Уставот јасно дава можност за такво толкување, уште повеќе што се очекува дека потписите кај нотарите кај вмровските „жими мајка“ пратеници не е на стабилни нозе: европската перспектива на земјава и онака има во затскриена од јавноста форма на уцени од страна на Шампитата и сега!
Републичкиот јавен обвинител зазеде една јасна позиција во судирот кој Русковска го има со директорот на Финансовата полиција Муареми. По она што се шпекулира кај новинарите, судирот не е наивен, бидејќи последниот наводно спречил поголема конфискација на имот кај обвинето и осуденои лице, кое со помош на нотар и други службени лица едноставно успеало во „12 и 5“ да префрли имот на друг сопственик и за тоа да добие катастарска верификација! Тука има вклучено лица од албанскиот етникум што пак дало наводен простор Русковска да се повика на преголема заштита на правосудниот дел од страна на ДУИ, како што одново неофицијално се пренесува во разговорите меѓу новинарите. Тоа е веројатно и една од тезите со која обвинителката излегува пред странците?!
Државата и обвинителката преку наводниот бојкот на истрагата останале пред конфискација на знаачајни имоти на криминалните елити, што во последните месеци беше давано како слика на некои успеси во третата сфера на власта. Па и на Русковска, секако.
Од друга страна факт е дека во јавноста таа форма на внесување ред и поредок не е бог знае колку поздравена со аплауз. Давањето на лични карти на Камчев и Началникот во Охрид, за тиое потоа да одлежуваат казна затвор во објект што во социјализмот бееше наменет за полесни форми на кршења на законот (главно сообраќајки), каде нема ѕидови туку ниска зелена ограда, каде осудениците дење одеа на она што се нарекуваше општествено корисен труд (работеа во тогашен Југостранс како шофери, на пример) а одеа само на спиење во казасматот, е еден сериозен товар врз угледот на извршната власт! Да нема сомнение! Таа бламажа не и се пришишува на евентуални лични релации на Русковска со споменатите, да речеме, ниту на нејзин „специфичен“ модел на барање на казни, иако тој и не мора и не смее да биде искјлучен. А и искуството со таквото „лежење“ кај одредени криминалци до сега се покажа контрапродуктивно (имавме сообрачајка кај „затвореникот“ Кичееец со смртен исход!).
Да се потсетиме дека последниот случај кој на насловните сстраници ја исфрли обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, првиот човек на Финансовата полиција Муареми и сега и самиот прв човек на Обвинителството Љубомир Јовески, започна кога обвинителката дала наредба за претрес во Управата за финансиска полиција. Кусата истрага на Јовески утврдила дека таа при тоа давајќи му претходно погрешни информации на судијата на претходна постапка за да ја обезбеди наредбата, утврдил државниот обвинител Љубомир Јовески, откако директорот на Управата Арафат Муареми го пријавил счучајот кај него. Јовески во поширокото образложение објавено неодамна, забележува дека спротивно на законот, место на одделот за гонење на лица со полициски овластувања (кај што се обвинителите Лиле Стефанова, Артан Ајро и други), таа случајот го доделила на обвинители надвор од овој оддел, неовластени да постапуваат пред финансиските полицајци.
По пријавата од страна на директорот Муареми, надзорот во ОЈО за организиран криминал го извршиле од двајца јавни обвинители, определени со годишниот распоред за надзор над работата на Обвинителството. Тие изготвиле службена белешка за увидот во постапувањето во предметот и ја доставиле до Јавниот обвинител на Македонија Јовески.
„При вршењето на надзорот, јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапувале во предметот беа задолжени да изготват информација за наводите во претставката. Меѓутоа, само еден од јавните обвинители постапи по задолжението и ја достави бараната информација. Одбивањето да се даде бараната информација за да се утврдат фактите за постапувањето по конкретниот предмет, го поткрепува сомнежот за недоследности во постапувањето”, вели Јовески.
Со надзорот во предметот било утврдено дека ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција примило анонимна кривична пријава на 3.5.2022 година, а на 18.7.2022 година подготвило барање за издавање наредба за претрес. Барањето истиот ден било доставено до Основниот кривичен суд Скопје.
Во согласност со утврдената состојба, Јавниот обвинител на РСМ дал укажување до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција во кое се наведуваат констатираните неправилности во постапувањето во конкретниот предмет. При заведувањето на оформениот предмет нарушена е хоризонталната надлежност и организацијата на Јавното обвинителство. Кривичната пријава се однесува на лица од Управата за финансиска полиција, кои согласно чл.33 ст.2 од Законот за јавното обвинителство имаат полициски овластувања, а по таквите пријави надлежно е да постапува Специјализираното одделение за гонење на кривични дела извршени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција. Според тоа, тројцата јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапувале по овој предмет, а не се дел од Специјализираното одделение, ненадлежно постапувале по кривичната пријава. Јавниот обвинител укажува дека предметот треба да се заведе во соодветен уписник и согласно распоредот да се додели на јавен обвинител кој е распореден во Специјализираното одделение”, се наведува во соопштението од неговата канцеларија. Исто така, укажано е дека во образложението на барањето, на Судот погрешно му се даваат податоци дека Обвинителство има основи на сомнение дека е сторено кривично дело, а во списите од предметот имало само анонимна кривична пријава.
„Анонимната кривична пријава и конкретните наводи во неа, непоткрепени со ниту еден доказ или со други средства, можат да бидат повод за поведување кривична постапка, но таа не обезбедува определен степен на веројатност дека ќе се пронајдат траги на кривичното дело или предмети важни за кривичната постапка за да има основи за барање на претрес на простории на државен орган и претрес на лице”, наведува Јовески уште една повреда на постапката.
Покрај тоа, во образложението на барањето за издавање на наредба за претрес било наведено дека во предметот се води предистражна постапка, а при увидот било констатирано дека во списите постои само барање за претрес и писмо, кои биле први дејствија преземени во постапката по анонимната кривична пријава.
Исто така, укажано е дека од содржината и наводите во кривичната пријава не произлегуваат дејствија за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание по чл.359 ст.7 вв со ст.3 вв со ст.2 од Кривичниот законик. При постапувањето по пријавата, за исти дејствија доставено е и писмено барање до Управата за финансиска полиција за да ги достави истите списи, кои исто така се бараат да се обезбедат со претресот”, стои во соопштението.
Јовески ја задолжува Русковска целосно да го испита постапувањето по овој предмет, да ја утврди фактичката состојба и сите релевантни околности, пропустите во постапувањето и фактите за евентуална одговорност и за тоа да достави информација до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Ситуацијата ниоту малку не е наивна,. Може да личи нз местенка кон еден или друг, па и трет функционер. Може да „истумба“ некои идни случувања во политиката во овие премрежија! Дали Русковска го прекинала одморот во Грција не се знае, ама таа се обратила кон меѓународниот фактор, укмажувајќи на многу моменти од својата биографија и од семејната историја, тврдејќи дека Муареми е тој кој може да си дозволи да брифира новинари. „Ги повикувам сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите мегународни институции и амбасади, пред сè Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ, еднаш засекогаш да ги проверат сите факти и да се расчисти – кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот. Исто така, ја замолувам и Европската обвинителка Лаура Ковеси, ако е во можност, да дојде и да ги провери сите предмети на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, откако јас сум на чело на Обвинителството, со посебен осврт на предметите за Рашковски, Зеќири и овој најновиот, за Муареми“ – повикува Русковска.
Одговорот на американската амбасада е кус и се вели дека се работи за тековни процеси кои треба да се решаваат во рамките на системот.
Одговорот секако е строго формален ама значи – нема да има скрининг пред скринингот.