Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ОБЕМНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ЗОРАН ВИТАНОВ ЗА СЛУЧАЈОТ „МАЈВОРЛД“

March 18, 2026 Filed Under: Македонија

Оштетени граѓани обвинуваат за измама преку која во странство се одлеале 120 милиони евра

ВИТАНОВ: Против себе има огромен број на ојадени тужители

Група оштетени граѓани до Јавното обвинителство поднесе кривична пријава против Зоран Витанов и неколку засега непознати маркетери на компанијата „Мајворлд“ (MyWorld). Пријавата се однесува на основано сомнение за сторено продолжено кривично дело, измама, преку координиран систем за прибирање средства кој функционирал спротивно на законските прописи и етичкиот кодекс на самата компанија.

Зоран Витанов (55) e познат македонски политичар кој веќе не дејствува во оваа сфера и економист, кој често настапуваше како гостин на тв екраните.Тој е дел од галеријата на струмички политичари кој оо демисијата од политиката стана еден од сопствениците и основачите на „Трејд консалтинг“, претпријатие што нуди услуги во областа на економијата и финансиите. Голем дел од своето професионално работно искуство го има стекнато преку многубројни тренинг-програми одржувани во земјава и во странство, од кои сите се однесуваат на различни области и теми.

Неговата политичката кариера Витанов ја започнал во 2001 година, кога станал заменик министер за економија, со официјален експресен мандат од 13 мај 2001 година, па сè до 23 ноември 2001 година. Од 26 јули 2006 година па сè до 12 април 2008 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Со ова бил и член на парламентарната комисија за финансии и буџет и парламентарната комисија за транспорт, градежништво и економија.

Претходно, во октомври 2003 станал потпретседател на Социјалистичката партија на Македонија (СПМ), каде што останал до декември 2007 година. Поинаку речено не бил дел од оваа партија во мигот кога таа цврсто ќе се врзе за партијата ВМРО ДПМНЕ,каде е и денес.

Инаку да се вратиме на мотивот за неговото споменување по медиумите деновиве. ​Според подносителите на пријавата, постојат сериозни индиции дека од Македонија се одлеани девизни средства во износ од најмалку 120 милиони евра. Бројот на измамени граѓани се проценува во илјадници, а износот на штетата кај досега евидентираните лица го надминува прагот за највисоката затворска казна предвидена во Кривичниот законик за овој вид дело.

​Во пријавата е доставена обемна документација која упатува на организирано и систематско прибирање пари од граѓаните.  Подносителите ги приложија следните докази:

​- Документирани банкарски уплати од оштетените лица.

​- Бројни видео и аудио записи кои го поткрепуваат обвинението.

​- Индиции за исплатени високи провизии кон пријавеното лице и групата поврзани маркетери.

​- Предложени се изјави од голем број оштетени лица кои се подготвени да сведочат за измамата.

​Со оглед на обемот на случајот и сомневањата за структурирано дејствување на повеќе лица, од Обвинителството се бара да ја утврди точната правна квалификација, вклучително и можноста за постоење на злосторничко здружување.

​Дополнително, оштетените бараат итно применување на привремени мерки за обезбедување на имотот. Ова вклучува барање за замрзнување на имотот и сметките на пријавените лица, со цел да се обезбедат средства за евентуално идно обештетување на жртвите на оваа пирамидална шема.

​Групата граѓани упати отворен повик до сите кои сметаат дека се жртви на овој систем или располагаат со информации, да се приклучат кон правната битка. Се гарантира целосна анонимност и заштита на личните податоци на сите пријавители. Иницијативата најави дека и во иднина транспарентно ќе ја информира јавноста за текот на постапката и за сите нови сознанија поврзани со овој случај.

 

 

Filed Under: Македонија

ФАТМИР БИТИЌИ ЗА НОВИОТ ЦЕНОВЕН УДАР И МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ ЗА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА: НАМАЛЕТО ГО ЛУКСУЗОТ И ЌЕ ДОЈДЕМЕ ДО МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА
ДВЕ МАРИИ, ТРИ АНИ, ТРИ МАРИИ … КАКО ДЕЛ ОД НАСЛЕДСТВОТО НА СЛАВКО ЈАНЕВСКИ
ННАЈНЕПОПУЛАРНАТА ВОЈНА ВО САД
ЗОШТО ЕПМАТИЈАТА Е СЕЛЕКТИВНА?

Најново

  • ФАТМИР БИТИЌИ ЗА НОВИОТ ЦЕНОВЕН УДАР И МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
  • ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ ЗА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА: НАМАЛЕТО ГО ЛУКСУЗОТ И ЌЕ ДОЈДЕМЕ ДО МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА
  • ДВЕ МАРИИ, ТРИ АНИ, ТРИ МАРИИ … КАКО ДЕЛ ОД НАСЛЕДСТВОТО НА СЛАВКО ЈАНЕВСКИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet