Просечниот Американец носи облека со бровите 16 или 18. Сепак, годишната потрошувачка на облека од поголеми димензии е само 16 проценти од вкупниот промет
ЕЛЕН РОСЕН
Надја Буџарвах од своето лично искуство знае колку е тешко да се купи облека од голем број. Но, затоа кога почнала да студира на бизнис-школа во Харвард, сфатила дека недостатокот на опции претставува комерцијална можност.
Една година по дипломирањето, Буџарвах и нејзината колешка Лидија Гиберт им понудиле на жените кои носат големи броеви на облека примероци избрани од стилист за нивните индивидуални преференции. Во 2015 година тие ја започнаа нивната онлајн страница за продажба на Dia & Company.„Не мислев дека мојата продажба ќе ми биде кариера”, вели Буџарвах. „Но, кога бев во бизнис-училиште, сфатив дека милиони други жени ги споделија моите формативни искуства, тоа беше, за мене, повик за борба”.
Недостаток на поголема облека е резултат на длабоко вкоренета стигма во модната индустрија – многу дизајнери не ја нудат својата облека во големина над одреден број. Исто така, постојат компликации во производството: поголемата големината може да се изведе само кај некои модели и бара повеќе ткаенина, значиво стартот е поскапа.
„Имав стотици средби со дизајнери и клиенти за нешо за што претходно никогаш не било тема на дискусија”, вели Марија Чејс, извршен директор на Еloquio e-Commerce, сајт посветен на продажба на облека со големи броеви.
Една студија од 2016 година објавена во списание за моден дизајн, технологија и образование, покажа дека просечната американски жена носи големина 16 или 18. Сепак, годишните трошоци на облека со големи димензии е само 16 проценти од 112 милијарди долари што овој пазар вреди годишно во САД, но главно бидејќи таква облека и не се нуди! Работите почнаа да се менуваат сега. Продавачите ја гледаат можноста на овој план. Електронските продавници што изнајмуваат или продаваат огромни броеви сега се зголемуваат.
Продажните гиганти исто така го прошируваат нивното присуство. Во март, Валмарт купи Modclot, веб-страница која продава облека од различни големини. Експертите предупредуваат дека големите продавачи немаат личен допир и сознание за тоа што сакаат купувачите.
„Секој клиент сака компанијата која ќе ги разбере неговите потреби а не да продава сè на секого”, вели Маршал Коен, експерт за продажба во модната индустрија.
Се чини дека некои од стартарите реагираат на овие барања. Кристин Хансикер, технологија претприемач и Дасвиндер Пал Синг, професор на Принстон за компјутери, започна о правење на Gwynnie Bee, облека за изнајмување, која работи на принципот на членарина
Во овој модел на бизнис, жените кои носат поголеми броеви добиваат редовна облека. Кога се испорачува, клиентите ја враќаат и очекуваат следната пратка нешто што ќе им биде таман. Ако некој клиент сака да задржи некое парче облека, тој може да го купи.
Еден од предизвиците со кои се соочуваат овие компании е наоѓање на инвеститори. Дизајнерите се повеќе подготвени да ги исполнат барањата, но претприемачите не сакаат да чекаат производителите да го направат првиот чекор.
Двете бизнисменки од почетокот на текстот во февруари минатата година објавија реклама на цела страна во Њујорк Тајмс со реченицата „Можеби тој/таа не мора да биде под пресија дека не може да ја следи модата”. Тоа беше покана за дизајнери да се се соочат со нови предизвици на пазарот. Коцкањето се исплатуваше: Буџарах вели дека реклама доведе до победа и дошле договори со две нови модни линии, една припаѓаат на актерката Ребел Вилсон и другата на дизајнерката Нанет Лепоре.
Многу сајтови се фокусираат првенствено на релативно прифатлива достапна облека. Но, во август, Патрик Хернинг и Кетрин Рејсер, чии мајки носат облека со големи броеви и таа е тешко да се најде во скапите бутици, ја отворија продавницата „11 Оноре“.
„Бевме решени да купиме луксузна облека и да ангажираме најдобри можни дизајнери, вклучувајќи го Мајкл Крос Зак Позен, Беџи Мишку, Моник Лулиер и Прабала Гурунг”, вели Рејсер.
Другите претприемачи се фокусираат на интимните работи во продажбата. Дебора A. Кристел поднесе оставка како професор на Државниот универзитет во Вашингтон за да започне во компанија која продава долна облека во сите големини. Кристел вели дека нејзината компанија Kade & Vos ќе почне да продава во текот на летото. „Се надевам дека женската облека ќе биде еден ден само женска облека без додатокот „имаме големи бројки”, вели таа.