„Во глобален контекст, според Еспосито и Це, 65 % од децата кои се сега во основно училиште ќе прават нешто што сè уште не постои. Студијата од 2017 година, спроведена од платформата Upwork, покажува дека луѓето кои работат од дома за една компанија цела година, а следната година за друга компанија, наскоро ќе го сочинуваат мнозинството вработени во САД. Како резултат на тоа, Еспосито и Це сугерираат дека филозофијата на школувањето треба да се заснова на: Кодирање или дигитална оспособување
„Во однос на образованието и културата, Северна Македонија е умерено подготвена. Во периодот на известување е постигнат ограничен напредок, земајќи ја предвид ситуацијата со КОВИД-19 која длабоко влијаеше на образовниот систем. Презентацијата на целите и индикаторите за сеопфатната стратегија за образование 2018-2025 година напредува полека, исто како и имплементацијата на соодветен систем за следење“, се нагласува во Извештајот за напредокот.
Министерството за образование и наука (МОН) стагнацијата на реформите во областа на образованието ја оправдува со компликациите што ги создаде глобалната пандемија КОВИД 19.
„Избувнувањето на пандемијата „Ковид 19“ создаде предизвици во функционирањето на сите системи, вклучително и образованието. Во тој период приоритет беше да се овозможи напредок на воспитно – образовниот процес преку организирање онлајн настава, со цел да се намалат последиците во однос на знаењето на учениците, односно реализацијата и совладувањето на сите наставни материјали кои се нудат во текот на учебната година. Сега образовниот систем е прилагоден на вонредните околности“, велат од МОН за Порталб.мк.
Од Министерството за образование и наука велат дека имаат конкретни стратегии за образованието 2018-2025 година, нова програма за работа, но и иницирани се низа реформи кои ќе се интензивираат во наредниот период. Во извештајот за напредокот беше забележано дека препораките на ЕК дадени на Македонија во 2020 година се делумно исполнети, така што повеќето од нив повторно се препорачуваат да се спроведат во текот на 2022 година.
Спроведување на стратешката рамка за образование и особено целите за предучилишно образование и реформата на стручното образование и обука (СОО);
Да се подобри поддршката за обука и професионален развој на наставниците и да се обезбеди ефективен процес на евалуација;
Да се подобри пристапот до квалитетно образование за сите, особено децата со попреченост и децата од ромските заедници и да се зголеми уписот во предучилишното образование.
И покрај забелешката дека земјава треба да обезбеди поголема поддршка за стручниот кадар во образование од МОН велат дека постојано се работи во оваа насока.
„Во таа насока, во изминатите 4 години платите на наставниците се зголемија во просек за 4 илјади денари, континуирано се обезбедуваат обуки токму поради тоа што во основното образование почнаа промените со кои прво треба да се запознаат наставниците. Објавени се повици за унапредување во звањето ментор, каде сите наставници кои се пријавиле и ги исполнувале условите, го искористиле ова право и ја добиле титулата наставник-ментор. Исто така, на иницијатива на МОН, Владата предложи измени на Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, кој е во собраниска процедура, но за жал дискусијата е блокирана од дел од пратениците, иако целта е да се зголеми минималната плата за да се овозможи континуирано зголемување на платите, исплата на додатоци на плата кои во изминатиот период не биле исплатени бидејќи не постоела законска основа. Законот предвидува и трансформација на работниот однос на неопределено време на сите вработени кои во моментот се ангажирани со договор на определено време, како и континуирана поддршка и кариерно напредување на наставниците“, информираат од МОН.
Сепак, има наставници кои не се согласуваат со тврдењата на МОН дека се прави доволно за поддршка на наставниците. За време на тематска тркалезна маса „Дигитални книги во нашите училишта“, во организација на граѓанскиот сектор во Струга, наставниците рекоа дека се многу малку информирани во координирана форма од МОН за концептот на дигитализација и за конкретната реформа што ја планира оваа институција. Најголем дел од информациите ги добивале преку медиумите во земјава, а не официјално од институциите.
Реформите во основното образование се повеќе од неопходни и итни
Експертот и истражувач на образовните прашања, Артан Лимани, оценува дека образовниот систем, оставен во последниот ред на државните приоритети, со пандемијата не само што падна на колена, туку и целосно се распадна.
„Правилното образование остана катализатор за промени во политиката, економијата, општеството, технологијата, екологијата и пошироко. За жал, во Северна Македонија школувањето е останато во викторијанско време. Додека развиените земји предизвиците ги претвораат во можности за развој, во нашата држава тоа не само што не се случува туку воопшто не се зборува за развојна стратегија. Пандемијата го стави целосно образовниот систем во стапица, која што самиот систем ја создаваше во тек на годините. Со тоа што не се ангажираше навреме да иницира комбинирано учење (онлајн и физичко), неподготвениот систем падна во сопствената замка“, рече за Порталб.мк, универзитетскиот професор Артан Лимани.
Според Лимани, основното образование е најважниот елемент во раниот детски развој, така што пристапот до основното образование ќе треба да се фокусира на воспоставување нови постулати за едукација на дигиталната генерација за работни места кои сè уште не постојат или не се создадени.
„Во глобален контекст, според Еспосито и Це, 65 % од децата кои се сега во основно училиште ќе прават нешто што сè уште не постои. Студијата од 2017 година, спроведена од платформата Upwork, покажува дека луѓето кои работат од дома за една компанија цела година, а следната година за друга компанија, наскоро ќе го сочинуваат мнозинството вработени во САД. Како резултат на тоа, Еспосито и Це сугерираат дека филозофијата на школувањето треба да се заснова на:
Кодирање или дигитална оспособување;
Комуникација или способност за комуникација во глобален контекст;
Креативност или развивање на креативниот потенцијал што го имаат децата; и
Самодоверба или зголемување на самодовербата кај учениците
Предлозите на Еспосито и Це се повеќе од важни за промените што треба да се спроведат во секој образовен систем во светот, вклучително и нашата земја. Како резултат на тоа, мојот предлог е да се комбинираат предлозите на Еспосито и Це со пристапот имплементиран од Финска, земја која се рангира меѓу трите најфункционални системи во светот. Свесен сум дека скептиците ќе се фокусираат на најлесното и ќе речат дека ние не сме Финска! Имам само едно објаснување за нив и велам дека сите деца секаде во светот се еднакви бидејќи сите се родени со висок потенцијал“, додава Артан Лимани.
Комбинираниот пристап е најдобриот и најбрзиот начин за подобрување на квалитетот на образованието во нашата земја.
„Ако сакаме да го подобриме образованието, комбинираниот пристап дизајниран за нашиот контекст би бил повеќе од соодветен. Концептот на „еднаквост“ или вистинската можност за образование за секој ученик дава можности за успех за сите, без разлика на социо-економскиот статус на учениците. Овој пристап го нарекувам држава за граѓаните и истиот е можен ако се има волја и храброст, но уште поважно ако има знаење. Сигурен сум дека ако утре почнеме да дизајнираме државна стратегија, за 4 години ќе ги видиме резултатите од промените. Пристапот државата за граѓаните дава позитивни конечни резултати и потоа граѓанинот е посветен кон државата и нуди развој на најскапоцениот капитал – оној човечкиот. Значи, како што кажав, ако утре се нафатиме на работа, резултатите ќе ги видиме задутре. „Многу едноставно и корисно“, рече Лимани.
(вистиномер.мк – продолжува во следниот број)