ШЕФКИЈЕ АЛАСАНИ
Државата издвојува многу малку пари од буџетот за училиштата
Од Унијата на средношколци велат дека сите критики и препораки од Извештајот за напредокот во областа на образованието се соодветни. Средните училишта во земјава се соочуваат со многу предизвици, било да се тоа инфраструктурни или квалитетно образование.
„Најголемиот проблем за општиот образовен систем е ниското ниво на финансии кои се издвојуваат од буџетот за училиштата и неефикасното и коруптивно трошење на средствата. Во 2020 година, само 3,3% од БДП отидоа во образование, што е многу под европскиот просек од 5%. Таквото неинвестирање во образованието колективно нè доведе во ситуација да го изгубиме престижот на класичната југословенска гимназија, каде образованието беше навистина на ниво, а средните училишта произведуваа силни кадри“, велат од Унијата на средношколци.
Унијата предупредува дека учебниците не само што се неквалитетни туку и полни со невистинити факти.
„Во моментов учениците се преоптоварени со многу предмети – околу 15, додека во европските земји тој број е околу 8. Згора на тоа, самите наставни програми и учебници се полни со непотребни факти, а понекогаш дури и невистини. Исто така, наставниот систем не бара критичко размислување и интеракција, туку слепо меморирање на факти и податоци. Затоа, доколку сакаме да го подобриме средното образование во државата, потребно е да започнеме поширок процес на реформи и да донесеме нов Концепт за средно образование“, велат од УСРСМ.
УСРСМ го повикува МОН што поскоро да иницира реформа за нов концепт во средното образование, при што УСРСМ изразија готовност да учествуваат и да придонесат уште од почетокот на процесот.
Од друга страна, Артан Лимани вели дека средното училиште е друга рана на образовниот систем кај нас, каде наставата продолжува со пристапот на „фабрички модел“ што му припаѓа на 19 век.
„Учениците поминуваат многу часови на училиште без здрава храна, патуваат од далечни места, немаат книги кои вредат и единственото што ќе го запомнат е колку многу зборувал наставникот! Директори кои се неспособни да го раководат и да менаџираат квалитетот на наставата и учењето, истите не можат да обезбедат квалитативни и квантитативни податоци за процесот на учење и да раководат врз таа основа, но и да бараат промени врз основа на аргументи“, изјави Артан Лимани.
Лимани нагласува дека, во овој степен на образованието потребна е државна стратегија за да се иницираат промени на наставните програми.
Од 2016 година во РСМ не е направена оценување на универзитетите
Сегашната состојба изгледа песимистичка и во однос на квалитетот на образованието во високото образование. Оценувањето на универзитетите кај нас од страна на релевантни меѓународни институции не е направена од 2016 година.
“ShanghaiRanking Consultancy” е целосно независна организација која врши оценување на универзитетите ширум светот. Повеќе од 1.800 универзитети се оценуваат од експерти за образование кои се испраќаат во соодветната држава каде што во текот на годината го мерат квалитетот на универзитетите врз основа на четири категории:
Настава;
Настава – учење;
Истражување;
Услуги од Универзитетот за заедницата.
Секоја година организацијата ја објавува листата на 1.000 најдобри универзитети.
Лимани објаснува дека врз основа на оценките на Шангајската листа, само универзитетите рангирани во првите 6 се акредитирани да нудат програми за докторати. За да универзитетите од Северна Македонија бидат дел од светската ранг-листа, Министерството за образование и наука треба да ги покани светските организации и нивните експерти да дојдат во нашата земја и директно да вршат истражување и евалуација на универзитетите.
На почетокот на февруари, во јавноста голема врева предизвика објавувањето на светската ранг листа Webometrics рангирање на светските универзитети (Webometrics). Според оваа листа, универзитетите кај нас не само што биле многу слаби на светското рангирање, туку и изгубиле бодови во однос на претходната година. Сепак, ова рангирање од страна на експерти за образование не се оценува како адекватно, бидејќи, не постои релевантна методологија за да се направи соодветна проценка. Оценката што ја прави Webometrics се заснова на собирање податоци за онлајн перформансите на универзитетите ширум светот, односно мерењето на публикациите на универзитетите на веб-страницата.
(крај)