Црните балерини мака мачеа бидејќи нивните балеринки имаа иста боја како и нивната кожа
АЛЕКС МАРШАЛ
Речиси целата кариера на Сира Робинсон се држеше за истиот ритуал: таа играше балет со балетанки во бојата на нејзината кожа. За прв пат ги облекла во 2001 година, кога имала 15 години и била на летната програма на Харлем Танц Компани. Се барало балерините да носат балетнки во кафеави, во вообичаената розова боја, но таа не можела да најде пар во продавниците и ги насликала со спреј. „Тие беа скапани и едноставни … капјачи“, вели таа.
Кога таа се приклучила на Танц трупата неколку години подоцна, ставала боја врз боја. „Ќе одев во најевтината продавница и ќе купев течен прав што никогаш нема да го ставам на лицето, зашто јас би била навредена”, рече таа.
Таа поминувала во активна игр пет дена во неделата, трошејќи од 12 до 15 балетанки. Потребни се 45 минути до еден час по пар.
Но, сега Робинсон, кој има 32 години и е постар уметник во британската танцова компанија Балет Блек, повеќе не мора да го прави тоа.
Во октомври лондонската компанија што ја снабдува со балетанки почна да продава два вида балеринки за обоени играчи: едни со кафеава и друг со боја на бронззта.
Балетанките не се единствените неволји за обоените уметнички. Во септември Прешос Адамс, првиот уметник во англискиот национален балет, го покрена прашањето за розеви чорапи. „Во балетот луѓето имаат многу силни чувства против традицијата”, изјави таа еднаш на дневниот весник. „Тие мислат дека моите кафеави чорапи се некако погрешни”.
Но, додаде таа, „Сакам да изгледам најдобро што можам кога сум на местото на настанот. Јас не сум далтонист и знам како моите нозе изгледаат во нив.”
Се разбира, танчарите не можат да го прават она што го сакаат. На крајот, главната работа за она што се носи на местото на настанот е режисерот, објасни Адамс. Понекогаш целта е само униформност и еднообразност.
На танчерите кои имаат поинаква боја на кожата можеби нема да им биде дозволено да носат и поинакви костими за да не се издвојуваат посебно а дополнително онаму каде треба низ играта некој да се издигне во воздухот..
Им се гледа понекогаш низ прсти само на солисти, но не секогаш, и сето тоа зависи од идејата на режисерот. Робинсон вели дека видела играчи во темни чорапи во англискиот национален балет, но дека тоа не изгледа атрактивно во целина.
„Сакаме малку да ја разнишаме традицијата”, вели Сера Робинсон. „Но, некои работи се едноставно недопирливи”.
Сепак, некои со раширени раце ги дочекаа новите балетанки. „Ова не е заради обувките, туку се придонес кон тоа да се знае кој припаѓа на балетот а кој не”, вели Вирџинија Џонсон, уметнички директор на Харлем Танц компанијата. „Тоа е сигнал дека за вас светот е отворен”.
Посебните обувки за играње на балет се измислени околу 1820 година, вели Ана Мидмор, куратор на Кралската балетски школа. Тие се состојат од солиден „блок” на прстите што овозможува балерината да игра на врвот на прстите.
Првично тие беа бели за танчерите да изгледаат како духови – романтичен идеал на почетокот на 19 век дека жените треба да се како самовили додека танцуваат. Но, потоа розова боја стана правило кај европските танчерки. „Обувките треба да одговара на ногата, вели Ана Мидмор, а не да ја „кршат линијата.”.
Повеќето играчи ги прилагодуваат своите балетанки, без оглед на бојата на кожата. Оние кои преферираат омекнување, удираат со нив по ѕидот други ги омекнуваат. Има и такви кои додаваат лепак за да го направат уште покрути.
Џонсон вели дека таа била облечена во розови балетанки, кога почнала со танцувањето во педесеттите години и таа дури и не размислува за нивните борби за промена во седумдесетите години, кога Артур Мичел, основач на танцувачки групи од Харлем, одлучил дека танчерите треба да носат обувки и хулахопки во бојата на нивната кожа .
„Беше прекрасно да се биде на сцената и да си, 100 проценти во својата боја“ – вели таа. Ингрид Силва од танц трупа, која е Бразилка, на YouTube дава сликарски поуки како да им се помогне на младите танчери, и вели дека новите балетанки значат позитивен развој, но тоа сепак значи дека е потребно да се воведат повеќе тонови.
Сира Робинсон учествуваше во развојот на обувките за балерините. „Ојк, ќе речете тоа се само обуивки. Но тие за мене се како и бскетот за играчот на кошарка. Тие се мои и се дел од мене.“