Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ОБЈАВЕНИ СНИМКИ КОИ НЕ И ШТЕТАТ НА ИСТРАГАТА

January 9, 2024 Filed Under: Македонија

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

За кого и за чии интереси српскиот радикалец и рашист Срѓан Ного ја мати истрагата за случајот „Палчо“?

СРЃАН НОГО Ова практично и не е политичар – исклучен е од својата партија по кршење на гласачка кутија!

Српскиот политичар Срѓан Ного, поранешен пратеник и член на десничарската и националистичка партија Двери во Србија, веќе два дена објавува фотографии на неговиот профил на Х (Икс) од настаните поврзани со киднапирањата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска и нивните убиства и најавува дека денеска ќе објави нови видео снимки. За грабнувањето и убиството на Жежоски и Ѓорчевска првоосомничен е Љупчо Палевски-Палчо кој е во притвор во Турција.

На првата фотографија се гледа возилото „ситроен бх“ со велешки регистерски таблички на бензинска пумпа со две лица кои се на возачкото и на совозачкото седиште. На снимката нема датум, а според неговите претпоставки, со возилото управува Панче, што значи дека таа е направена во период пред тој да биде убиен.

Срѓан Ного ги објави фотографиите неколку часа пред Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје да донесе решенија за продолжување на мерка притвор против петте лица, осомничени за грабнувањата и убиствата на малата Вања Ѓорчевска од Скопје и пензионерот Панче Жежовски од Велес.

Инаку, Ного е ултрадесничар, има радикални антимигрантски и антиалбански ставови, поборник против 5Г мрежата, поранешен член на националистичката партија Двери (од која беше исклучен во 2019), а следната година беше уапсен и обвинет за бунт.

Поранешниот член на српското десничарско движење Двери, Срѓан Ного, на 16 јануари 2022 година, откако гласаше на референдумот за измени на Уставот во делот што се однесува на правосудството, на кој граѓаните со заокружување со „да” или „не” ќе одговорат на прашањето: „Дали сте за потврдување на Актот за измени и дополнување на Уставот на Република Србија?”, ја искрши гласачката кутија, при што беше приведен

Од Основното јавно обвинителство Скопје за „360 степени“ велат дека Јавното обвинителство ги има обезбедено сите потребни докази за утврдување на траекторијата на движењето на осомничените. Од тие причини, не постои никаква опасност за компромитација на истрагата со објава на снимки од видео надзор на објекти.

„Сепак, лицата кои ги објавуваат овие видео снимки треба да размислат за етичноста на ваквите објави и за вознемирувањето што го предизвикуваат кај семејствата на жртвите“, велат од ОЈО откако контроверзниот српски политичар Срѓан Ного на социјалните мрежи најави дека ќе објави снимки од грабнувањата на Вања и на Панче, како и други снимки од грабнувачите, кои биле забележани од камери за видеонадзор.

Останува отворено прашањето како ултрадесничарот и рашист Срѓан Ного стигнал до овие снимки, односно дали постои „крт“ во македонските институции од каде што „истекуваат“ доверливи информации до српските политички екстремисти и/или служби.

(ЦМТ – civilmedia.mk)

 

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Filed Under: Македонија

ДВА ИЛИ ЕДЕН ЕКСПРЕСЕН КОЛОСЕК ЗА СОЛУН
ВАДЕЊЕТО НА БУГАРСКИ ПАСОШ НЕКОМУ НОСИ ДОБИВКА А НЕКОМУ И РИЗИК
НЕВИДЛИОТ И НЕЗАПИРЛИВ УБИЕЦ: ЕКСТРЕМНАТА ТОПЛИНА ОДЗЕМНА СЕ ПОВЕЌЕ ЖРТВИ НИЗ ЕВРОПА
СРЕДЕ ЛЕТО НА ЛОВ НА ДИВИ СВИЊИ
УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ МЕЃУ ПОСТОЈНОТО И МОЖНОТО

Најново

  • ДВА ИЛИ ЕДЕН ЕКСПРЕСЕН КОЛОСЕК ЗА СОЛУН
  • ВАДЕЊЕТО НА БУГАРСКИ ПАСОШ НЕКОМУ НОСИ ДОБИВКА А НЕКОМУ И РИЗИК
  • НЕВИДЛИОТ И НЕЗАПИРЛИВ УБИЕЦ: ЕКСТРЕМНАТА ТОПЛИНА ОДЗЕМНА СЕ ПОВЕЌЕ ЖРТВИ НИЗ ЕВРОПА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet