Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ОВАА ВЛАСТ ИСТРЕНИРА 300 ИЛЈДИ ЛУЃЕ ДА ГЛАСААТ СО ИСКЛУЧЕН РАЗУМ

November 18, 2025 Filed Under: Колумни

ДЕЈАН ТРАЈКОВСКИ

Гласачите не разбираат никакви бројки, хранети се со лажни ветувања и водени од лична корист, купена со наши пари

Оваа власт, која некогаш ветуваше развој и независност, денес ја претвори државата во резерват на зависност и манипулација. Ги подари нашите природни и енергетски ресурси на странски приватни компании, за да истите тие ни ја продаваат струјата што требаше да биде наша. Иронијата е што тоа го нарекуваат „енергетска независност“.

Истата власт се подготвува да нè задолжи со милијарди евра за загубарскиот проект наречен „брза пруга“, без никаква економска анализа, без студии за изводливост, без јавна дебата, само со непромислена политичка одлука. Сакаат пруга што ќе носи загуби, наместо струја и профит од „Вардарска долина“. Ако ја склучат таа штетна зделка, нам ќе ни останат долговите, а ним – провизиите. Три и пол милијарди евра загуби и долгови ќе останат товар врз грбот на сите граѓани, на идните генерации, на сите што немаат ништо друго освен сопствениот труд.

Во енергетиката, апсурд до апсурд. Македонија троши преку 100 милиони евра годишно за да увезува 30% од потребната електрична енергија, а дополнителни 10% купува од домашни приватници. Генерира дополнителни 120 милиони евра загуби преку увозот на грчки јаглен. И покрај тоа, власта нé убедува дека сме биле нето извозник на струја и дека сме наводно енергетски независни. Но тоа не е никаква стратегија ни вистина, туку театар за наивни и изманипулирани.

Додека загадувањето го задушува народот, тие донесуваат закони со кои податоците за индустриските загадувачи ги прогласуваат за деловна и државна тајна. Наместо транспарентност и правда, добивме криење и лаги. Наместо да ни обезбедат здравје, ни обезбедија труење и смрт.

Оваа власт истренира 300 илјади луѓе да гласаат со исклучен разум што не разбира никакви бројки, хранети со лажни ветувања и водени од лична корист, купена со наши пари. Сосема доволно за да им ја решат судбината на останатите 1,5 милиони луѓе, од кои половината решија да не гласаат на избори. Така опстанува овој штеточински режим, не со вистината, туку преку релативно мала група што верува во лагите што им се сервираат.

Со помош на платена пропаганда и послушни медиуми, државата ја претворија во споменик на лагата, а од вистината се плашат повеќе отколку од каква било катастрофа. Зашто само вистината не можат да ја купат.

 

 

Filed Under: Колумни

КAKO ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА МОЖЕ ДА ГО РЕШИ СВОЈОТ ДЕМОГРАФСКИ ПРОБЛЕМ
ВЛАДАТА ДО КРАЈ ЌЕ ГИ БРАНИ ИНТЕРЕСИТЕ НА КОМОРАТА ВО ВРСКА СО НАЈНИСКАТА ПЛАТА
ИВАН КРАСТЕВ: СTРАВОТ ОД ИДНИНАТА ЈА ПАРАЛИЗИРА ДЕМОКРАТИЈАТА
ИВОНА ВАСИЛЕВСКА – СТРУЖАНКА КОЈА СТИГНА ДО ВРВНИТЕ НАУЧНИ КРУГОВИ ВО СВЕТОТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (153): КАДЕ СЕ КРИЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА?

Најново

  • КAKO ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА МОЖЕ ДА ГО РЕШИ СВОЈОТ ДЕМОГРАФСКИ ПРОБЛЕМ
  • ВЛАДАТА ДО КРАЈ ЌЕ ГИ БРАНИ ИНТЕРЕСИТЕ НА КОМОРАТА ВО ВРСКА СО НАЈНИСКАТА ПЛАТА
  • ИВАН КРАСТЕВ: СTРАВОТ ОД ИДНИНАТА ЈА ПАРАЛИЗИРА ДЕМОКРАТИЈАТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet