МИОДРАГ СОРИЌ
Да, нема сомнеж: Украинците се борат пред се за својата слобода, за својата земја, за своите семејства. Но, во исто време, во свет каде Коалицијата на злото војува против слободните општества, Украинците исто така се борат во име на сите оние кои се грижат за демократијата и човековите права
Ова е необјавена Трета светска војна. Во неa Украинците првенствено се борат за својата слобода. Но, во свет каде што злото војува против слободните општества, Украинците се борат за сите што сакаат демократија, за свет каков што беше пред војната во Украина. Тоа е она за што сонуваат многу луѓе во Европа, во самата Украина, но и во Русија. И оние политичари од Кремљ кои се преправаат дека се подготвени да преговараат за мир, но – гледате – Украинците и Западот не сакаа, всушност да си играат со овој копнеж на народот: да се живее повторно во тој свет пред војната, без смрт и уништување, без санкции и вртоглави цени на горивото.
СВЕТОТ НИКОГАШ НЕМА ПОВЕЌЕ ДА БИДЕ ИСТ И тоа нема да се промени дури и ако пушките одеднаш замолкнат. Затоа што војната во Украина не е причина за сегашниот конфликт околу идниот светски поредок. Војната е последица на овој конфликт. Русија сака да го уништи светскиот поредок, кој се заснова на закони и вредности – сака да го уништи со сите средства. А Кина, Иран, Северна Кореја и други бандитски држави ја поддржуваат Москва на секој можен начин.
И бидејќи е така, глобалната конфронтација ќе продолжи. Повеќе од тоа: ова е необјавена Трета светска војна што Владимир Путин и другите диктатори му ја наметнуваат на човештвото и на нивните сонародници. А демократските држави не можат да го игнорираат овој конфликт, не можат да ги закопаат главите во песок. Затоа што ако го сторат тоа, тоа би го вратило човештвото во ерата на варварството – во свет каде што само волјата на посилните функционира а индивидуалните човекови права немаат значење.
Ако победи во војната против Украина, Русија ќе ја продолжи својата агресија на друго место: во Молдавија, во Казахстан или во Белорусија. Ова исто така ќе и даде на Кина дополнителна храброст да употреби уште повеќе насилство против неистомислениците и малцинствата: во Хонг Конг, во Тајван, во Јужното Кинеско Море. А режимот на ајатоласите во Иран ќе ги напушти сите скрупули и ќе ја зголеми и репресијата врз сопствениот народ и агресијата врз другите земји на Блискиот и Блискиот Исток.
За среќа, и обратното е точно: ако Русија ја загуби оваа војна, тогаш Кина, Иран, Северна Кореја и другите непријателски држави најверојатно ќе станат повнимателни.
Не случајно Иран е тој што му доставува борбени дронови на Путин. Ајатоласите добро знаат дека деновите на нивниот режим ќе бидат избројани доколку Путин ја загуби офанзивната војна. Затоа што, поради санкциите, Иран својата нафта ја продава главно на Русија и Кина. И ако овие клиенти отпаднат, тогаш економските основи на терористичкиот режим во Техеран ќе пропаднат. Да не зборуваме дека победата на Украина ќе ги охрабри и демонстрантите во Иран.
Цивилизираниот свет не треба да се поклонува пред диктаторите
СЕ ВО ОВОЈ СВЕТ Е ПОВРЗАНО Вака изгледаат работите – сè во денешниот свет е меѓусебно поврзано. И токму поради ова Путин не треба да победи. Цивилизираниот свет не треба да се поклонува пред диктаторите. НАТО мора масовно да се вооружува – без разлика на исходот од војната во Украина. ЕУ, САД, Канада, Австралија, Јапонија и останатите нивни сојузници не треба да продолжат да ја покажуваат својата претходна наивност, не треба да паднат во голема економска зависност од суровини, извозни пазари или синџири на стоки, без разлика дали имаат такви голем пазар како Кина.
Да, нема сомнеж: Украинците се борат пред се за својата слобода, за својата земја, за своите семејства. Но, во исто време, во свет каде Коалицијата на злото војува против слободните општества, Украинците исто така се борат во име на сите оние кои се грижат за демократијата и човековите права.
Затоа Западот мора да продолжи да ја поддржува Украина – финансиски, воено, морално и политички. А Путин мора да биде запрен. Затоа што додека е тој на власт не може да има и нема да има мир.
(Авторот бил повеќе децениски дописник на Дојче Веле од САД и од Русија а денес е на одговорни позиции на ДВ)