Празникот веќе ни го честитаат и САД, со објавување документот од Викиликс. На него се гледа дека Груевски и фaмилијата биле подготвени да потпишат договор со името Северна Македонија ако им се гарантира идeнтитетот и јазикот! Ете го алгоритамот, што би се рекло со речникот на Мицковски
Германската канцеларка Ангела Меркел в сабота доаѓа во официјална посета на Македонија. Со исклучок на кусиот престој на Шредер во 1999 година, ова е прва официјална посета на германски канцелар во историјата на земјата
Така Ангела Меркел в сабота ќе стане првата германска канцеларка која престојувала во официјална посета на Македонија. Од прогласувањето на независноста на Македонија досега, во Германија на функцијата се сменија тројца канцелари: Хелмут Кол, Герхард Шредер и Ангела Меркел, но само Шредер накусо престојувал во Македонија и тоа во контекст на косовската криза во 1999 година.
Според портпаролот на германската Влада, Штефан Зајбер, теми на разговорите на Меркел со македонскиот премиер Зоран Заев ќе бидат „регионалните случувања и билатералните прашања“. Иако за посетата веќе подолго време се шпекулираше во политичките кулоари, засега, ни во Берлин, ниту во Скопје нема подетални информации за агендата на Меркел.
Според неофицијални информации на ДВ, Меркел ветила дека ќе го посети Скопје уште за време на самитот на НАТО во Брисел во јули годинава.
Извесно е дека нејзината посета е директно поврзана со претстојниот референдум на кој граѓаните во Македонија ќе треба да се изјаснат за промена на уставното име.
Меркел и германската политика со години отворено го поддржуваа компромисот во спорот за името меѓу Македонија и Грција.
Во февруари годинава, Меркел го прими во официјална посета Заев и тогаш искажа поддршка за реформскиот курс на владата и за решавање на спорот за името. Кон крајот на мај, непосредно пред Заев и Ципрас да го постигнат конечниот договор за решавање на долгогодишниот спор, Меркел и телефонски разговараше со двајцата премиери, а претходно на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија изјави дека се радува на напредокот кој го постигнуваат Атина и Скопје.
Освен поддршката на Договорот со Грција, од Меркел одново се очекува да се изјасни и во врска со најавите за размена на територии меѓу Косово и Србија. Германската канцеларка пред неколку недели најпрво остро отфрли ново редефинирање на границите на Балканот, за по неколку денови делумно да ретерира изјавувајќи дека мора многу да се внимава при отворањето на вакви прашања во регионот.
Во јули 2015 година, Меркел беше на прва балканска турнеја во регионот, но тогаш од политички причини ја избегна Македонија. Германската канцеларка тогаш ја заобиколи Македонија- потег кој аналитичарите го толкуваа како јасен сигнал кон тогашната влада на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ дека официјален Берлин не ја поддржува нивната политика.
Во објавената депеша од амбсадата на САД стои дека Македонија била подготвена да го прифати името Република Северна Македонија (Republic of Northern Macedonia или Republic of North Macedonia) уште во 2008 година, под услов со тоа да биде вклучено и признавањето на “македонскиот јазик и националноста“, се вели во доверливата дипломатска пишана белешка од амбасадата на САД во Скопје, што ја објави Викиликс, а ја пренесува електорнското издание на Катимерини.
Доверливата белешка, насловена како „Што им е потребно на Македонците за решавање на спорот за името”, е со датум од 29 јули 2008 година и е напишана од тогашната американска амбасадорка Џилијан Миловановиќ.
Пораката, како што пишува Катимерини, покажува дека преговарачките цели на Македонија во последната деценија не се променети многу и до одреден степен се постигнати со потпишувањето на Договорот меѓу Макеоднија и Грција во јуни оваа година.
Во првиот дел од белешката, Миловановиќ ги изнесува своите заклучоци по состаноците со тогашниот претседател Бранко Црвенковски и со премиерот Никола Груевски, притоа наведуваќи и какви услови би биле прифатливи за земјата.
Според белешката што ја објавува Викиликс, а на која се повикува Катимерини, тоа се следните услови:
Име: Република Северна Македонија (Republic of Northern Macedonia или Republic of North Macedonia
Каде: Во сите меѓународни организации, и дополнително билатерално, од која било земја што не сака да го користи уставното име. (И покрај тоа што не го дискутиравме ова експлицитно, веројатно меѓународните договори би следеле по истиот модел, при што со користењето на новото име во мултилатералните односи, ќе има можност за такво нешто и билатерално). Македонија ќе го користи своето уставно име и внатрешно, на пасоши, во медиумите итн.
Идентитет: Јазикот и националноста ќе се нарекуваат македонски, но ова би можело да се однесува премолчено, можеби како дополнителен анекс кон Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, или со некој друг внатрешен документ на ОН, кој не е предмет на грчко разгледување/одобрување. Во крајна линија, на Македонија треба да и се гарантира дека нивниот јазик, националност и слично ќе продолжи да се нарекува македонски, а не северно-македонски.
(Целата доверлива дипломатска белешка е на следниот линк:
https://wikileaks.org/plusd/cables/08SKOPJE491_a.html)