Оваа констатација не се чувствува на едно место во ист месец, туку е глобално сознание – месецов три пати во иста недела просечната температура на Земјата надмина 17 степени Целзиусови
Во истата недела на јули 2023 година, на планетата Земја три пати беше соборен рекордот за просечен најтопол ден што метеоролозите го собираат од крајот на 19 век.
Прво, тоа се случи во понеделникот, на 3 јуликога беше соборен претходниот рекорд (измерената просечна температура на планетата беше 17,01 Целзиусови степени); само еден ден подоцна, во вторникот, на 4 јули, беа измерени 17,18 степени, а потоа во четвртокот, на 6 јули беа измерени 17,23 степени. Ова бројка се добива со упросочување со сите измерени температури на целата планета. Вакви температури никогаш досега не биле забележани, велат американските истражувачи.
Научниците веруваат дека комбинацијата на природниот климатски феномен Ел Нињо и континуираните емисии на јаглерод диоксид предизвикани од човекот, доведуваат до поголемо затоплување, па се произвеле добиените резултати.
ИМА КОНТИНУИТЕТ Да се наопомене дека претходниот месец беше и најтоплиот јуни снимен на глобално ниво. Пред оваа недела (од 3 до 9 јули), рекордот последен пат беше соборен во август 2016 година, кога изнесуваше 16,92 степени.
Просечната максимална температура во Србија на 6 јули 2023 година изнесувала 31,5 степени.
Овие температури се читаат со помош на алатката Climate Reanalyzer.
Научниците од Универзитетот во Мејн користат комбинација од отчитувања од површината, балон и сателитски набљудувања, како и компјутерско моделирање за да ги проценат просечните глобални температури.
Истражувачите се загрижени за зголемувањето на температурите на копното и морето од почетокот на оваа година. Рекордните пролетни горештини во Шпанија и неколку азиски земји беа придружени со морски топлотни бранови во области каде што тие не се вообичаени, како што е Северното Море.
Продолжен топлотен бран со температури над 35 Целзиусови степени оваа недела ја зафати Кина, а неповолни временски услови се забележани и во Јужна Америка.
СИМБОЛИЧНО ЗНАЧАЈНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЦЕЛИОТ СВЕТ Рекордот забележан во наведениот понеделник е, исто така, највисоката просечна температура откако временските услови се забележани со сателит, кој започна во 1979 година.
Јужната осцилација на Ел Нињо (ENSO) има три фази: топла, студена и неутрална. Тие ја претставуваат најмоќната промена во климатскиот систем на Земјата.
Климатскиот истражувач Леон Симонс верува дека податоците за температурата се „симболично значајни за нашиот свет кој се загрева“.
„Сега кога започнува потоплата фаза на Ел Нињо, можеме да очекуваме повеќе дневни, месечни и годишни рекорди во текот на следната година и половина“, вели тој.
Просечните температури минатиот месец беа за 1,46 степени Целзиусови повисоки од оние забележани низ планетата во текот на јуни помеѓу 1850 и 1900 година.
Најтоплиот јуни го имаше и Велика Британија, како и Антарктикот, каде просечните температури од 8,7 степени Целзиусови беа прочитани во истражувачката база Вернадс во Украина.
Научниците веруваат дека нови рекорди ќе бидат поставени до крајот на летото, бидејќи Ел Нињо ќе добие сила.
РЕКОРДИ СЛЕДУВААТ МЕСЕЦОВ „Постојат сите шанси јули да биде најтоплиот месец досега, а тоа значи најтоплиот месец во последните 120.000 години“, вели Карстен Хаустејн од Универзитетот во Лајпциг.
„Додека температурите на јужната хемисфера на Земјата малку ќе се намалат во текот на следните неколку дена, јули и август се чини дека ќе донесат уште потопли денови бидејќи Ел Нињо сега е во полн ек“, додаде експертот.
О, да, психолозите исто така го проучувале влијанието на високите температури врз психата, емоциите и човечкото однесување. Portal Psych central ги пренесува наодите од некои од истражувањата:
– Агресијата и насилството се интензивираат во топлите денови
– Воспоставена е врска меѓу топли бранови и почесто консумирање дрога и алкохол
– Анксиозноста се намалува со зголемување на температурата
– Депресијата и лошото расположение стануваат поизразени со порастот на температурата
– Високото ниво на влажност, кое ги придружува високите температури, е поврзано со помала концентрација
– Високата влажност се поврзува со несоница
– Високите температури и влажноста се поврзани со намалена енергија.
Интересен заклучок на авторот: избегнувајте да донесувате важни одлуки и големи животни промени за време на топлите денови, особено оние кои би можеле емоционално да ве дестабилизираат.
Инаку, деновиве, повеќе од 2.000 жени од Швајцарија ја тужеа државата затоа што, како што тврдат, владината политика за климатски промени им го загрозила правото на живот и здравје.
Овој случај е првпат Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) да одлучува за влијанието на климатските промени врз човековите права.
Следеше шест години неуспешни битки пред швајцарските судови.
БОРБЕНИТЕ ШВАЈЦАРКИ Температурите во Швајцарија растат побрзо од глобалниот просек, а топлотните бранови стануваат се почести
Швајцарките, кои себе си се нарекуваат Клуб на жени за сениор за клима и имаат во просек 73 години, велат дека климатските промени ги загрозуваат нивните човекови права, правото на здравје, па дури и живот.
До судот како доказ ќе ја достават својата медицинска документација.
Тие бараат Европскиот суд за човекови права да и наложи на Швајцарија да стори повеќе за намалување на емисиите на стакленички гасови.
„Поради климатските промени имаме повеќе топлотни бранови и повеќе страдаат постарите жени. Тие умираат почесто за време на овие топлотни бранови отколку инаку. Некои луѓе велат, зошто да се жалите, сепак ќе умрете“. Но, ние не сакаме да умреме само затоа што нашата швајцарска влада не успеа да донесе пристојна климатска политика“, изјави активистката Елизабет Стерн за Би-Би-Си.
Европската опсерваторија за клима и здравје вели дека очекуваното зголемување на просечните температури најверојатно ќе има „сериозно влијание врз јавното здравје“ низ Европа, особено кај постарите луѓе.
Во текот на изминатите 20 години, смртните случаи предизвикани од топлина кај луѓето над 65 години во Европа се зголемија за повеќе од 30 проценти.
Швајцарската влада не негира дека климатските промени можат да влијаат на здравјето, но вели дека не може конкретно да се поврзат со здравјето на постарите жени.
Доколку жените успеат во оваа намера, случајот може да биде преседан за секоја од 46-те земји-членки на Европскиот суд.
Глобалните температури се зголемуваат поради човечките активности, а климатските промени сега го загрозуваат секој аспект од човечкиот живот.
Порастот на температурата мора да се забави доколку сакаме да ги избегнеме најлошите последици од климатските промени, сметаат климатолозите.
Тие велат дека глобалното затоплување треба да се одржи на 1,5 степени Целзиусови до 2100 година.
Според предупредувањата на климатското тело на Обединетите нации, доколку глобалното зголемување на температурата не се задржи на ниво од 1,5 степени, Европа би можела да биде загрозена од поплави поради екстремните врнежи.
Екстремните температури исто така може да го зголемат ризикот од шумски пожари – како што беше забележано во Европа минатото лето.
Во споредба со просекот, Франција и Германија забележале околу седум пати повеќе изгорено земјиште помеѓу јануари и средината на јули 2022 година.
Климатските промени сериозно влијаат на човековото здравје ширум светот, се вели во извештајот на Lancet Countdown, водечка медицинска публикација.
Истражувачите истакнуваат дека континуираното потпирање на фосилните горива го зголемува ризикот од заразни болести, здравствени проблеми погодени од топлината и го влошува проблемот со несигурноста на храната.
КЛИМАТСКИ САМИТ ВО КАИРО ВО НОЕМВРИ Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации рече дека светските лидери мора да почнат да преземаат чекори кои ќе бидат соодветни на големината на проблемот.
Лидерите ќе се сретнат на големата климатска конференција COP27 во Египет во ноември.
Во подготовката на извештајот учествуваа 99 експерти од различни организации предводени од истражувачи од Универзитетот во Лондон.
Во подготовката на извештајот учествуваа 99 експерти од различни организации предводени од истражувачи од Универзитетот во Лондон.
Документот покажува како екстремните временски услови го зголемија притисокот врз здравствените системи ширум светот кои се борат со пандемијата на Ковид-19.
Смртните случаи поврзани со екстремни температури се зголемија во последните 20 години за две третини на глобално ниво.
Годинава ширум светот беа срушени температурни рекорди.
Екстремната топлина влијае на здравјето и може да предизвика бројни проблеми како што се кардиоваскуларни и респираторни заболувања, топлотен удар или негативно влијание врз менталното здравје.
Но, како што се наведува во извештајот, решение има.
„И покрај предизвиците, постојат јасни докази дека итна акција сепак може да спаси милиони животи, со брза транзиција кон чиста енергија и зголемена енергетска ефикасност“, заклучуваат експертите во извештајот.
Гутереш истакна дека очите на целиот свет се насочени кон земјите од Г20, кои произведуваат 80 отсто од глобалните емисии на стакленички гасови.
Мора да се потрудат да ги намалат емисиите и да почнат што повеќе да инвестираат во обновливите извори на енергија, посочува генералниот секретар на ОН.
„Човековото здравје, средствата за живот, буџетите на домаќинствата и националните економии се на удар бидејќи зависноста од фосилните горива излегува од контрола“, предупреди тој.