Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ОДЕТЕ НА ШАРА, ТАМУ ДАВААТ МЕКИЦИ

December 16, 2025 Filed Under: Ревија

Од Националниот парк Шар Планина јавуваат дека имаат принова – ново мало рисче!

ИМЕ Мајката на рисчето е именувана како Сибел

На една од нашите трап-камери забележавме мајка рис со малечко, и двете во одлична здравствена состојба. Со ова, бројката на документирани рисови на Шара се зголемува од 1 на 3 единки!

По успехот минатата година, кога првпат снимивме мажјак на локалитетот Лешница, денес со огромна радост објавуваме дека и мајка со младенче е регистрирана на територија на Општина Боговиње. Овој историски момент е резултат на долгорочна, упорна и стручно спроведена работа на нашиот тим – велат од екипата на националниот парк Шар Планина.

А најубавиот дел? Колегата кој ја регистрирал снимката ја доби честта да го даде и името – мајката ја именувавме Сибел.

Интересни факти за балканскиот рис се:

Балканскиот рис е територијално животно – секоја единка зазема голема територија, понекогаш и над 40 km². Тоа значи дека на Шар Планина може да се очекуваат многу мал број стабилни единки, но секој ново потврден рис е огромен чекор напред за видот.

Храната на рисот главно се состои од:

  • срна
  • дива коза
  • зајак
  • еребица, ситни цицачи и други видови кои се дел од шумскиот екосистем.

Популациите на неговиот плен на Шара полека но стабилно растат, што создава подобри услови за опстанок на рисот.

На територијата на НП Шар Планина ловот е целосно забранет, со што директно се придонесува кон заштита на рисот и неговиот плен.

Оваа снимка ја потврдува важноста од континуираниот мониторинг и вложувањето во заштита на биодиверзитетот. Балканскиот рис е критично загрозен вид, а секој ваков момент ни враќа надеж и ни покажува дека нашите напори носат резултати.Потоа тие јавуваат дека во ЈУ Национален парк Шар Планина, слават со мекици!

Зашто вакви моменти се слават – со тимски дух, благодарност и голема радост.

 

 

Filed Under: Ревија

БАЛКАНОТ  И ОДБОРОТ ЗА МИР“ НА ТРАМП: КОЈ Е ПОКАНЕТ, КОЈ ПРИФАТИ, КОЈ ОДБИ
ФИЛИПЧЕ: ЗА ДА ГО ПОБЕДИМЕ ОВА ЗЛО НАДВОР, ТРЕБА ДА БИДЕМЕ ЧЕЛИЧНИ ОДВНАТРЕ
СТРУМИЧАНКАТА ТИНА РУСЕВА Е ПРВА ВО ЕВРОПА – „ТHE VOICE OF EUROPE 2025“ ДОБИ НОВА ЅВЕЗДА
СTРАЗБУР: ИЗБОРНИ РЕФОРМИ БЕЗ ДИЈАЛОГ (3)
ТОКСИЧНАТА ПОЛИТИКА: КОЛКУ ЧИНИ ГРЕНЛАНД?

Најново

  • БАЛКАНОТ И ОДБОРОТ ЗА МИР“ НА ТРАМП: КОЈ Е ПОКАНЕТ, КОЈ ПРИФАТИ, КОЈ ОДБИ
  • ФИЛИПЧЕ: ЗА ДА ГО ПОБЕДИМЕ ОВА ЗЛО НАДВОР, ТРЕБА ДА БИДЕМЕ ЧЕЛИЧНИ ОДВНАТРЕ
  • СТРУМИЧАНКАТА ТИНА РУСЕВА Е ПРВА ВО ЕВРОПА – „ТHE VOICE OF EUROPE 2025“ ДОБИ НОВА ЅВЕЗДА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet