Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ОДЗЕМЕНА ПАТНАТА ИСПРАВА НА ДОКТОР ЖАН МИТРЕВ

August 15, 2022 Filed Under: Македонија

По тв сторијата на ИРЛ, ЈО отвори предмет во однос на методите и начинот на практицирање на методот на филтрирање на крвтта, главен при лекување на пациентите од ковид. Месец дена потоа на распит кај обвинителот Бубевски е повикан на распит а надлежен судија потоа му ја одзема патната исправа како превентивна мерка

КЛИНИКА Жан МИтев како приватна установа оствари големи добивки во време на пандемијата

Одлука за одземање на пасошот на доктор Митрев во петокот зад нас ја донел судијата на претходна постапк,а откако Јавното Обвинителство денеска го сослуша и побара мерка за обезбедувањ  Доктор Жан Митрев беше повикан на распит во скопското обвинителатво, по предметот кој беше отворен по сторијата на ИРЛ, за лекување на ковид пациенти со хемофилтрација. „Точно е дека лицето е повикано на распит во обвинителството за одредени околности за предметот кој беше отворен во обвинителството по допрен глас. Распитот го води обвинител кој го работи предметот, велат од Обвинителството за ,,Фокус”. Ваквата одлука на Обинителството следи по објавата на документарниот филм „Нечиста крв“ на ИРЛ.

Во својот документарен филм новинарската организација ИРЛ информираше дека нивното истражување го следело начинот на кој функционирала болницата во време на пандемијата а конкретниот документарец е направен врз трогателни сведоштва на граѓани од Македонија и Косово и 24 пријави за работата на клиниката кои се верификувале повќе од 22 месеци.

Домашната јавност два дена по ред беше бранувана од информации поврзани со начинот на работата на македонската клиниката на Жан Митрев и нејзиниот сопственик, д-р Жан Митрев за време на пандемијaта. Со свои верзии за настаните во медиумите се огласија и двете страни на случувањaта, односно новинарската организација ИРЛ (Investigative Reporting Lab), но и преставниците на клиниката „Жан Митрев“

Во свој документарен филм насловен како „Нечиста крв“ новинарската организација ИРЛ информираше дека нивното истражување го следело начинот на кој функционирала болницата во време на пандемијата а конкретниот документарец е направен врз трогателни сведоштва на граѓани од Македонија и Косово и 24 пријави за работата на клиниката кои се верификувале повќе од 22 месеци. Од ИРЛ во својот едночасовен филм, меѓудругото, запрашуваат дали методот на хемофилтрација во болницата за кој се наплаќало меѓу три и пет илјади евра всушност бил одобрен за Ковид лекување, но и која била причината за пост ковид компликациите на пациентите лечени во клиниката, поради кои некои дури од нив подоцна и починале и покрај скапите услуги за кои ги плаќале за подобрување на нивното здравје.

Од друга страна во соопштение до јавноста, преставниците на болницата за „Слободен печат“ реагираат за објавеното истражување на ИРЛ во јавноста бидејќи според менаџментот „деновиве на социјалните медиуми се објавени невистини и наведувачки инормации поврзани со работата на Клиничката болница „Жан Митрев“.

БЕЗ ПАСОШ Чинот на одздемање на пасошот покажува дека Обвинитрлството смета дека предметот е сериозно земен во обработка

– Клиничката болница Жан Митрев успешно работи за добробит на граѓаните веќе 22 години, нудејќи им услуги сертифицирани по светски стандарди, професионална грижа во насока на подобрување на здравјето, што е докажано во безброј успешни случаи. Ваквиот пристап продолжи да се применува и во текот на светската панедмија предизвикана од страна на вирусот Ковид 19, во кој период клиниката со многу труд, волја и неизмерно себевложување од своите вработени придонесе за спасување на огромен број на човечки животи – велат од клиниката Жан Митрев.

Од таму додааваат дека се „згрозени од тенденциозниот говор на омраза, употребуван кон нивната институција, како и од неточните наоди, односно од фабрикуваните информации кои се насочени кон креирање на лажна слика во пошироката јавност за работата на клиниката“.

Според ПЗУ Жан Митрев во предиодот што следи здравствената установа ќе ги искористи сите правни можности согласно законите, да ги  спречи овие и сите следни вакви и слични неосновани напади на институцијата.

оже да се забележи дека и покај тоа што во 2020 година ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА има пониски приходи(27,7 милиони евра), во однос на АЏИБАДЕМ СИСТИНА,(41 милион евра) сепак остварената добивка е далеку повисока. Имено, во 2020 година ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА евидентира добивка во износ од  8.1 милиони ЕУР. Во апсолутен износ тоа е за 2.2 милиони ЕУР повисока добивка од АЏИБАДЕМ СИСТИНА која остварила профит од 5,9 милиони евра. Друг аспект во работењето на ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА е тоа што во 2020 година успеале да ја дуплираат добивката од 2019 година. За разлика од нив, АЏИБАДЕМ СИСТИНА евидентира осцилации во вкупната добивка, а во 2020 остварува пораст од 2.7 милиони ЕУР.Порталот Pari.com.mk во соработка со платформата БизнисМрежа.мк. ви открива колку заработила приватната болница во корона кризата.

КОМПАНИЈА     ДОБИВКА 2018 ДОБИВКА 2019 ДОБИВКА 2020 РАСТ 2018/2019                РАСТ 2019/2020

АЏИБАДЕМ СИСТИНА  4,120,529 €          3,116,703 €          5,877,580 €          – 24.4%                88.6%

ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА             1,551,109 €          4,052,999 €          8,123,464 €          161%     100%

Заедно овие две компании за време на Ковид-19 ги зголемија своите биланси за неверојатни 14 милиони ЕУР.

Filed Under: Македонија

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?
(НE)ОЧЕКУВАНО СЦЕНАРИО
ПСИХОЛОГИЈАТА И ВОСПИТУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА: КАКО ДА БИДЕТЕ ВИСОКО ЧУВСТВИТЕЛЕН РОДИТЕЛ

Најново

  • СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
  • ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
  • ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet