Тешко дека адвокатите ќе изберат претседател кој можеше да им ги исполнува сите желби преку својот директен линк со власта. Иако бројот на кандидати за нов претседател е отворен се до моментот на гласање, сепак, во јавноста, веќе се „вртат“ неколку имиња, тврдат новинарите
Адвокатот на експремиерот Груевски – Никола Додевски (65) нема да биде повеќе ни претседател на Адвокатската комора..Човекот кој беше „златната рипка“ на својата професија и за кого колегите велеа дека може да исполни секоја желба на адвокатите како поседник на директен линк до извршната власт. И лично сум ја почувствувал таа солидарност кон него дури и кога тој заштитувал крупни риби од власта против која се водат стотици процеси, па некако по таа линија на себе си навлекувал некаков анимозитет во јавноста. Посебно кога се чинеше дека тој знае каде е некој „исчезнат“ клиент, или е на „службен пат“, ама неговите колеги беа подготвени да го бранат во јавните полемики „до последниот здив“.
Скопскиот адвокат Никола Додевски е дел од генерацијата студенти на Правниот факултет кој го даде и актуелниот јавен обвинител Љубомир Јовески и неговата колешка Лилјана Спасовска, која беше еден вид на вршител на должност меѓу двајцата шефови на Обвинителството по тргањето на Зврлевски од правосудната сцена. Нема сомнение дека беше еден од оние кои беа омилени како бранители, посебно кај оние кои владееја со земјава последните 11 години. По смената на власта тој започна да се одлепува од директно присуство на судењата на ексголемците, препуштајќи му ги предметите на својот колега Боро Тасевски а дека во мигот повеќе ја сака „сенката“ говори и фактот дека не сака да се кандидира одново иако има право на уште еден мандат. Наводно тој некаде истакнал дека еден мандат е доволен за да се оствари некоја програма.Практично тој во февруари наполни пет години откако е избран на оваа функција.Неговите колеги новиот претседател ќе го бираат на петти и шести мај, во струшкиот хотел „Изгрев“. Таму ќе се избираат и членовите на телата на оваа организација.
Според порталот Правосудство засега не постои изразит фаворит, иако „блага предност“ му се дава на поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Михајловски – Џанго. Освен споменатиот Љубомир Михајловски, се спомнуваат и имињата на Александар Тортевски, Наташа Трпеноска, Звонко Давидовиќ и Димитар Панчевски.
„Учеството на адвокатот Давидовиќ, но и на неговиот колега Александар Тумановски, во Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор, ги оддалечува од кандидатура за ’прв адвокат’, но тоа не значи дека не може да се случи да бидат избрани во телата на АКРМ’ – смета порталот Правосудство
Инаку, според овој извор, освен шпекулациите за тоа кој се ќе биде кандидат, низ кулоарите веќе се шират разно-разни шпекулации околу тоа кој кого ќе го поддржи и зошто, па така, за кандидатурта на Михајловски се говори дека стои актуелниот претседател на Адвокатската комора кој, пак, наводно, за возврат ќе барал Управниот одбор да го води адвокатот Боро Тасевски, кого го споменавме како наследник на неговите крупни предмети. Но имало и укажувањата дека адвокатот Тасевски, во скоро време, ќе си заминел во пензија и дека ова е форма преку која треба да се наштети на кандидатурата на Џанго!
Наташа Трпеноска Тренчевски е единствено име меѓу жените адвокати, кои се во се поголемо мнозинство во фелата. Можниот кандидат Димитар Панчевски е син на Игнат Панчевски, еден од оние кои дож
Ивеа неодамна да биде пукано од страна на клиент во него. Кандидатура може да се поднесе и на самото изборно собрание.