Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ОД „ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА“ ВО УШТЕ ПОГОЛЕМА ЗАВИСНОСT?

January 21, 2025 Filed Under: Македонија

Националниот оператор на пазарот за електрична енергија МЕМО ги објави податоците за 2024 од каде се гледа дека е намалено и годишното производство за домашни потреби и дека е зголемен реалниот увоз на електрична енергија.

УВОЗ Секогаш кога е ВМРО ДПМНЕ на власт имаме занемарување на домашните извори на струја!

И покрај големиот број на инвестиции во обновливи извори на енергија, земјава и натаму е зависна од увоз на струја за што троши милиони евра. Не само што изградбата на проектот Чебрен не е на повидок, туку допрва земјата треба да ги спроведе новите енергетски закони и да ја имплементира зелената транзиција за ослободување од јаглен.

Националниот оператор на пазарот за електрична енергија МЕМО ги објави податоците за 2024 од каде се гледа дека е намалено и годишното производство за домашни потреби и дека е зголемен реалниот увоз на електрична енергија.

Минатата година, според првичниот табеларен извештај на МЕМО, сме произвеле 4,58 милиони мегаватчасови електрична енергија за домашни потреби, а сме увезле дури 2,06 милиони мегаватчасови струја за задоволување на внатрешната потрошувачка. Во соодносот, процентот на увоз е безмалку 45 отсто.

За споредба, една година претходно, според критериумите на МЕМО, сме произвеле електрична енергија од 5,07 милиони мегаватчасови за продажба на домашниот пазар, а за истите потреби во 2023 сме увезле 1,47 мегаватчасови. Учеството на увозот тогаш било само 29 проценти.

Големата зависност на Македонија од увоз на електрична енергија, што зафаќа околу 30 отсто од вкупните потреби на пазарот, се очекуваше во последните години постепено да се намалува, според новата стратегија што беше донесена во 2020. Главен предуслов за тоа беше зголемувањето на производството на струја од домашни извори, како и инвестирање во нови капацитети, пред се, од обновливи извори на енергија.

На политички план партиите си ја префрлаат меѓусебно одговорноста. Од актуелната власт тврдат дека нивните претходници не инвестирале во нови производствени капацитети и нови наоѓалишта на јаглен, додека од опозицијата обвинуваат дека нивните наследници ги задоволуваат своите бизнис интереси, а граѓаните плаќаат високи трошоци за електрична енергија.

– Правиме стратегии, краткорочни и долгорочни. Краткорочните се фокусирани на рударскиот комбинат РЕК Битола и снабдување на јаглен и ангажирање на сите енергетски капацитети. Додека долгорочните е правање на нови капацитети. Крајот на минатата година потпишавме скоро 100 мегавати за изградба на зелена енергија и се надеваме дека ќе продолжи ова и понатаму, изјави министерката за енергетика Сања Божиновска во своето најново интервју изминатиот викенд на прашањето како планитра земјата да се справи со енергетската зависност.

 

Претходно ЕСМ објави дека купува струја за цел месец јануари, што значи дека и во новата година ќе се трошат милиони за набавка на електрична енергија за да се покријат домашните потреби. Се бараа над 74 илјади мегаватчасови. Во декември беа направени две набавки, во вредност од околу 20 милиони евра.

Во годишната евиденција на МЕМО пишува дека ЕСМ во текот на целата 2024 купил струја од 995 илјади мегаватчасови, додека во 2023 бројката е 774 илјади мегаватчасови.

(faktor.mk)

Filed Under: Македонија

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet