ФИЛИП ШВАРМ
Кога ќе се сумира говорот на Вучиќ, излегува дека тој бил длабоко олеснет поради отсуството на Лавров. Да се кренеше толкава прашина при најавата за неговата посета на Белград, што ќе беше ако навистина дојдеше?
Сликата на Лукашенко и Белорусија кружи над Србија. Затоа нејзиниот претседател – олеснет од откажувањето на посетата на рускиот министер за надворешни работи – мораше да нагласи дека очекува новата влада да го забрза европскиот пат на земјата.
На претседателот на Србија навистина не му е лесно – се мора да направи сам. Наместо премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ да напишат изјава и да ја погледнат, тој мора лично да објасни зошто Сергеј Лавров не слета во Белград. И самиот бог не знае што да каже. Согласно санкциите и политиката на Европската Унија, соседните земји не го одобрија прелетувањето на авионот на рускиот министер за надворешни работи. Никој ништо не спомена ниту за Србија, ниту за нејзиниот претседател.
Александар Вучиќ ја изрази својата „човечко гадење и гнев“ за да му биде „јасно на народот“, Прилично бизарно делува кога вели дека „дијалогот е лековит“ ако се знае каква е неговата теорија и пракса на власта во текто на минатиоте 20 години.Со нагласување дека Србија никогаш нема да биде дел од антирускиот „чопор“ истакна дека прогонот од факултетите и училиштата на Достоевски „најголемиот писател на сите времиња“. Но Лавров немаше намера да дојде заради литературни расправи, ниту за нв требаше да ја откаже посетата. Вучиќ се направи невешт, споменувајќи ја Украина само два пати и тоа патем.
Сепак, претседателот на Србија не беше повлечен од жестоката реторика на Лавров од Москва против Западот. Наместо Брисел, Вашингтон и НАТО, тој ги осуди соседните земји, со акцент на Хрватска и со тоа индиректно ја призна осаменоста на Белград. Со други зборови – секоја од овие земји има добри причини да смета на поддршката од Брисел и Вашингтон во секој спор со Србија.
Имаше намера и да кука, вообичаен елемент на секое јавно обраќање на Вучиќ. Така, тој вели дека десничарските собири во Белград не биле толку поддршка за Русија колку што биле напади врз него. Зошто? Затоа што Србија гласаше против Кремљ во Обединетите нации. Во превод – тоа го разбираат амбасадорите и другите дипломати: малиот Вучиќ води политика надвор од Европа во однос на тоа колку е притиснат од домашната јавност и од гласачкото тело.
Во своето гостување во дневникот на РТС, претседателот на Србија се обиде, но не успеа да ја отфрли сликата на неговиот истоименик Лукашенко и Белорусија, која лебдеше над Србија од страна. Затоа и покрај повикот за двојни стандарди и лицемерието на Западот, тој особено нагласи дека очекува новата влада да го забрза европскиот пат на Србија. Што да се прави – силата Божја не се моли. Не кажува ли нешто отсуството на набројување колку дена Србија не воведе санкции кон Русија?
Кога ќе се сумира говорот на Вучиќ, излегува дека тој бил длабоко олеснет поради отсуството на Лавров. Да се кренеше толкава прашина при најавата за неговата посета на Белград, што ќе беше ако навистина дојдеше?