Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ОД КУМАНОВО ДО КРИВА ПАЛАНКА ЗА 40 МИНУТИ – ВЛАСТА ГО ПУШТИ ОТКРАДНАТИОТ ПРОЕКТ

January 8, 2025 Filed Under: Македонија

Коридорот 8 доби нова, експресна делница како дел од проектите на оние кои стојат зад тој приоект и практично го изградија. Завршетоткот го спречи сегашната министерика за финансии, како претходна заменичка министерка за финансии, која не дозволи да мине последниот финансиски трансфер, укажуваат од СДСМ

КОРИДОР 8 Оваа нова делница е дел од „омразениот проект“ на ВМРО ДПМНЕ – Коридорот 8

Со пуштањето на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, патувањето од 30 минути се крати на 10 минути, а од Крива Паланка до Куманово наместо еден час ќе се патува за 40 минути.

Патот, што официјално е пуштен во саботата е во должина од 25,5 километри и е дел од Коридорот 8. Вкупната инвестиција е 93,7 милиони евра од кои 80,20 милиони евра се средства од Светска Банка, а останатите се грант средства во висина од 13,50 милиони евра.

Од штабот на СДСМ испратија честитки за завршувањето на најголемиот проект во и околу Крива Паланка, проектот за изградба на новиот експресен пат од Страцин до Крива Паланка. Рекао дека се среќни и горди што го гледаат овој проект завршен и граѓаните ќе може да го користат. При тоа се потсетува дека овој регион беше регион што беше најмногу запоставен од државата и граѓаните тоа многу добро го знаат,, но знаете и како и кој се борел за реализација на негова реализација.

Во 2017 година тогашната Влада, преку план за поддршка на североисточниот регион, реализираше огромен број на проекти, меѓу кои целосно рехабилитирање и обнова на целата патна инфраструктура од Скопје до Деве Баир, кога се реализираа многу проекти за обнова на сите регионални патишта, но во Крива Палнка се инвестираше и во други сегменти. Од 2018 година започна и реализацијата на овој нов капитален проект, за изградба на новиот експресен пат. До крајот на мандатот преку многу состаноци, многу труд, енергија, координации на сите институции, успеавме да завршиме над 90% од работите на овој значаен проект за граѓаните од целиот регион – се вели восоопштението на главната опозициона партија.

Додека ние правевме се да ја забрзаме работата опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ја блокираше токму изградбата на овој значаен проект за граѓаните. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на сите оние кои учествуваа и даваа поддршка, од владата, министрите, на сите коишто даваа поддршка, директори на јавни претпријатија, градоначалници, инженери, изведувачи, до сите работници коишто деноноќно работеа на реализација на овој значаен проект за граѓаните.

Ова е проект којшто ќе влијае токму на економскиот развој на целиот регион, но особено значајно што ќе влијае на економскиот развој на Крива Паланка.

На експресниот пат има изградено три клучки, три моста, 13 вијадукти и 44 косини. Изградбата е почната во мај 2018 година.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски пак на официјалното пуштање во употреба, рече дека реализацијата на овој проект е резултат на тимска и координирана работа, а не резултат на само еден субјект.

– Во јули 2024 година кога бев избран за директор на ЈПДП, на првата делница немаше ставено ниту еден сантиметар асфалт, а денес се фалат дека останале само завршните работи. Работите беа крајно забавени. Кога дојдов за директор на ЈПДП, за мене беше предизвик и затоа одлучив целосно да се посветам на овој проект и поставив цел да се заврши до крајот на 2024 година, задоцнивме само три дена, рече Трајановски. Посочи дека се планира и проектирање на нов експресен пат од Куманово до Страцин и изградба на клучка кај Гиновци.

(користени се извештаи од медиумите)

 

Filed Under: Македонија

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet