Населението од овие краишта низ годините создавало голем број на преданија и легенди кои го објаснуваат потеклото и именувањето на одредени населени места, како и на свој начин ги толкувало историските настани кои се случиле во споменатиот период
ХРИСТИЈАН ХАЏИОСКИ
Постојат бројни преданија поврзани со Самуиловото Царство и владеењето на царот Самуил кои во најголема мера се ограничуваат во областа Преспа – центарот и првата престолнина на Царството и околината на Струмичко и Беласица – местото каде што се случила крвавата Беласичка битка во 1014 година
Населението од овие краишта низ годините создавало голем број на преданија и легенди кои го објаснуваат потеклото и именувањето на одредени населени места, како и на свој начин ги толкувало историските настани кои се случиле во споменатиот период.
Македонскиот народ, во една од легендите, името на областа Преспа раскажува дека потекнува од Преспана – ќерката на Самуил, а пак на островот Голем Град или Зимски Остров големиот број на змии биле донесени лично од царот Самуил за да му го чуваат богатството кое било скриено во островот.
Името на селото Болно се поврзува со ослепената Самуилова војска, за чии потреби во месноста Милошоец била основана болница за лечење на дел од војската. Дел од истата таа војска ги населила и местата каде што денес се наоѓаат Горно и Долно Дупени, од каде што води потекло и самото име. Топонимот ‘Дупени’ асоцира на изгледот на војниците бидејќи биле со извадени очи или со ‘дупки по лицето’. Името на селото Царев Двор се поврзува со царскиот дворец од Самуилово време
Селото Лавци е наречено по лаењето на стражарските кучиња во затворот кој се наоѓал токму на тоа место
Во околината на Струмица, исто така опстојува топонимија која води потекло од Беласичката битка поради близината на овој крај каде што се одиграл овој значаен и крвав историски настан
Името на селото Водоча настанало со спојување на глаголот и именката ‘вади очи’. Името на селото Колешино настанало од именката ‘колеж’
Името на селото Костурино води потекло од коските на убиените војници и селани кои луѓето од тој крај почнале да ги собираат и закопуваат во селските гробишта
Голем број од Самуиловите војници што учествувале во битката на Беласица биле од струмичката област и народот раскажува дека загинале сите мажи од некогашното село Ораше, па сите жени останале вдовици. Така селото Ораше е преименувано во Свидовица (‘сви вдовици’). И двете села со името Слепче (Демирхисарско и Прилепско) упатуваат на патот по кој се движела и каде што дел се населила четиринаесетилјадната ослепена војска
Да се потсетиме на Беласичката битка (односно битката кај Клуч). Битка на Беласица (Битка кај Клуч). Тоа е воен судир што се случил на 29 јули 1014 г. помеѓу војските на царот Самоил и византискиот цар Василиј II. Исходот бил погубен за македонските војски и за Самоиловото Царство: голем број војници биле убиени, а останатите ослепени, со што била целосно уништена воената моќ на царството. По овој пораз, Самоил не можел да се опорави и имал срцев од кој починал истата година.
До 1014 година, византискиот цар Василиј II секоја година навлегувал во териториите на Самоиловото Царство и напаѓал. Самоил сфатил дека не може со него да влезе во директен и отворен судир, посебно што веќе бил притиснат од сите страни, па решил да му го спречи влегувањето со прецизно изградени ровови. Знаејќи дека византискиот владетел влегува низ клисурите Кимба Лонга и Клидион, ги обградил и затворил со кули.
Кога царот Василиј стигнал до тие клисури, војниците на Самоил храбро нападнале. При тоа Самоил решил да стави сè на коцка и го испратил Несторица, еден од највлијателните големци од тоа време, со војска кон Солун, со цел да отворат два фронта и да ја поделат војската на Византијците. Но, тука веќе подготвен чекал војсководецот на Василиј, Теофилакт Вотанијат, кој ја разбил војската на Несторица.[2] Вотанијат, всушност, гонејќи ги Самоиловите војници, стигнал до клисурата Клидион, ја преминал планината Беласица и ги изненадил утврдените војници на Самоил од зад грб.
Самоиловите војници не очекувајќи напад, се исплашиле и почнале да бегаат. Притоа многу војници загинале, а уште повеќе биле заробени. Самиот Самоил одвај ја избегнал опасноста да биде заробен, благодарение на синот Гавраил Радомир, кој храбро ги одбивал нападите, го качил татка си на коњ и го одвел во тврдината Прилеп. Битката на Беласица претставува решавачка битка меѓу меѓу Византија и самуиловата држава во која била решена судбината на средновековната македонска држава.Битката се одиграла на 29 јули 1014 г.Завршила со пораз на македонската војска и со заробување на 14.000 до 15.000 македонски војници кои биле ослепени по наредба на византискиот цар Василиј II.Откако царот Самоил ги видел своите ослепени војници починал од срцев удар.Тоа претставувало почеток на крајот на Самоиловата држава која постоела од 969 до 1018 г. и е позната како Самоилово царство бидејќи Самоил останал единствен владетел по смртта на неговите браќа Давид,Мојсеј и Арон.
Центар на самоиловата држава била Македонија со главен град најпрвин Преспа. Подоцна државата ги проширила своите граници и во нејзинот состав влегле Бугарија, делови од Грција односно Тесалија и Епир, потоа Албанија,Рашка, Дукља и Босна. Самуил бил прогласен за цар измеѓу 996 и 1000 г. од страна на папата Григориј V. Наскоро византискиот цар Василиј II започнал офанзива за ликвидирање на самоиловата држава.Во 1000 година била заземена Сердика односно Софија.„Ова што е стечено за тоа царството беше од неизмерна вредност, зошто Црно Море сега беше ослободено од бугарските заседи и е повратено општењето меѓу Цариград и Подунавјето, а Тракија беше обезбедена од страна на Балканот“. Во периодот од 1001 до 1004 г. биле заземени:Колидрон,Сервија,Воден,Бер и Видин, .„Со тоа беше завршен четиригодишниот поход на Василиј против Самуил,кој избегал пред византискиот цар и овој завладеал со многубројните тврдини,од кои некои разурнал, а некои задржал за себе“. Во 1005год. и Драч му ја откажал својата лојалност на Самоил.Така територијата на самуиловата држава многу се намалила.Сепак решавачката битка се одиграла како што споменавме на 29 јули 1014 г. кај Беласица.