Доктор од Македонија кој работи во Словенија со шокантна изјава за кадрите што ги испраќа Медицинскиот факултет во Штип

Во поткастот „Клиника за се“ на Менче Aтанасова Точи, гостуваше д-р Иван Костадинов, специјалист анестезиолог од Кочани-Македонија, кој својата докторска кариера ја гради во Словенија, бидејќи тука, по завршувањето на студиите се вработил во кочанската Брза помош, каде, како што вели, работел секојдневно по 12 часа дневна и ноќна смена, без ниту еден ден слободен, за плата во плик во износ од 11.000 денари.
Тој откри шокантни информации за кадарот кој го произведува Штипскиот универзитет.
Вели дека двајца завршени студенти по медицина кои се вработиле во Словенија ги вратиле назад во Македонија заради нестручност.
„Исто како да разговарам со лаици, како со мајка ми која нема никаво познавање од медицината“ ,рече Костадинов за нивното знаење.
Откако го увидел проблемот се обратил до македонскиот амбасадор во Словенија од кого побарал да биде поврзан со министер за здравство на кого ќе му објасни за нестручноста на кадарот кој го произведува универзитетот во Штип, бидејќи тие ќе дојдат вас да ве лечат. „Ме игнорираа“, рече Костадинов.
Со реакција се огласи и pрофесорот од Техничкиот факултет во Битола Дејан Трајковски кој вели дека тие тука ќе демонстрираат само ароганција бидејќи знаење немаат.
„Од Словенија ни ги враќале ’докторите’ со дипломи од штипскиот УГД поради крајна нестручност. Оттаму се обратиле до нашето Министерство за образование за да поведат сметка за неквалитетотот што го продуцираат на овој медицински факултет, ама немало никаква реакција.
Потоа тие што ќе ни ги вратат ќе се вработат во нашите болници и ќе можат само да демонстрираат ароганција, бидејќи знаење секако немаат. Прв пат виделе жив пациент откако дипломирале и се вработиле!
Тоа ругло од факултет треба итно да се затвори за да не прави повеќе штета. Но, што ќе правиме со оној бофл кадар што досега го произвеле? Кој ќе одговара за оваа образовна и здравствена катастрофа? Ако вистински, а не само декларативно, сакаме да го повишиме квалитетот на образованието, овие прашања мора веднаш да се отворат.“
Инаку, неодамна можевме да слушнеме од малите еркани дека студентите кои студираат медицина на Штипскиот универзитет се жалеа дека немаат каде да одат на практична настава, бидејќи, болницата во изградба во Штип не станала Клиничка болница (!) па се уфрлуваат одвреме-навреме на скопската Универзитетска клиника. Министерката за образование има многу прашања на кои треба да одговара во врска со овој Универзитет. На пример – дали големиот интерес на студенти од Турција за студирање на Штипскиот универзитет е врзан главно за медицината? (Последното е согледување на Глобус).




