Подготвителни активности за старт на реализација на изградбата на Коридорите 8 и 10-д заппочнаа на крајот на минатата недела во обид да се избегне наметната кав га од страна хна опозицијата и – конкуренцијата!
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/04/podgotvitelno-1024x375.jpg)
Иако министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски, во средата најави дека во петокот новинарите ќе бидат повикани да дојдат на локацијата каде би се означил стартот на градбата на Коридрот 8, тоа не се случи а реализацијата на договорот за изградба на Коридорите почна со подготвителни активности, но не и со брмчење на тешка механизација. Од министерството за транспорт и врски преку соопштение информираа дека подготвителните актвиности се всушност старт на проектот.
„Според договорот, од денеска започнуваат подготвителни работи, снимање на теренот, подоготовка на урбанистички проекти, основни проекти, со цел да се отпочнат и постапките за експропријација и проектирање. Паралелно со ова започнува мобилизација на персонал за работа, подготовка на локации за поставување на кампови за градежната оператива, анализа на трасата и можни дислокации на подземни и надземни инсталации, подготовка на постапки за вршење на геотехнички истраги“, стои во соопштението на министерството од каде додадоа дека изградбата на Коридорите 8 и 10-д е од стратешки интерес за државата и ќе се заокружи коридорското автопатското поврзување на Република Северна Македонија со Европа и со регионот.
Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој н го вади договорот од уста, викендот повторно побара договорот да сеобјави јавно и да има јавна дебата а не да се дрѓи во тајност или пак да го добијат само пратениците кои имаат безбедносен сертификат.
„Ние отворивме најмалку десетина дилеми изминатиот период кој што се поврзани со овој договор, за кои што сметаме дека се историски криминални. А дури и јас би рекол дека според влијанието кои што го имаат овие проблематични делови од договорот се поголем криминал од времето на транзицијата кога практично десетици, стотици наши сограѓани останаа без работа“, рече Мицкоски
Премиерот Димитар Ковачевски, пак изјави дека 51 отсто од вредноста на проектот ќе останат кај македонските компании. Тајноста на договорот ја оправда со деловни тајни и потврди дека ќе биде презентиран пред дел од пратениците во Собранието кои имаат безбедносен сертификат.
„Договорот за изградба на коридорите 8 и 10-д, кој како и секој друг комерцијален договор, е склучен меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и изведувачот на работите, во себе содржи заштитни клаузули кои му даваат степен на доверливост на тој договор. Едната од страните во договорот има наведено свои технолошки процеси, техничко-технолошки методи кои ги користи, како и ценовни структури кои не сака да дојдат во посед на нивни конкуренти, со оглед на тоа дека тие работат и на други проекти. Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградбата на коридорите 8 и 10-д има ниво на доверливост, но тоа не значи дека некој нешто сака да сокрие“, изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за телевизија „Сител“.
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/04/dogovor-1024x453.jpg)
Околу соопштението на Амбасадата на САД која се огради од договорот на Владата на Северна Македонија со конзорциумот „Бехтел и Енка“ премиерот кажа дека во него е многу јасно и точно се наведува дека американск ата амбасада го поддржува инфраструктурното унапредување на нашата држава.
Од СДСМ пак му реплицираа на потпретседателот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николоски, кој на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави делови од договорот со „Бехтел и Енка“ кои ги добил од свиркачи, а според кои 70 отсто од работниците ќе бидат странски државјани без работни дозволи и дозволи за престој.
Од владеачката партија го обвинија Николоски за спин и дека изведувачот според договорот мора да користи најмалку 51 отсто локални реусрси.
„Во делот каде се регулира ангажманот за работници од дома и од странство јасно стои обврската стратешкиот партнер да користи најмалку 51% од локални ресурси. Е токму ова е моментот каде Николоски го прави тој спин. Николоски спинува, затоа што законот е јасен. Тоа значи дека ако нашата земја има доволно локални ресурси којшто може да ги користи тогаш може прцентот да биде повисок од 51%. Во член 13 во однос на другото прашање, во став 1 јасно стои дека ангажираните работници мора да имаат потребни дозволи за престој и работа и согласно овој специјален Закон точно е утврдена оваа процедура односно она што стои во Договорот е согласно со законот“, изјави Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.
Останува нејасно како Управувачкиот комитет и консултантите дозволија договорот со „Бехтел и Енка“ да има две опзции, поефтина со законски измени и посакпа без бзаконски измени. За таа цел во собраниска процедура се влезени измани на осум закони а еден од клучните е Законот за работни односи каде измените предвидуваат 60 часовна работна недела, нешто што е услов за Коридорите да бидат изградени во предвидениот рок и државата да не плаќа пенали.
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/04/koridori.jpg)
Доколку измените поминат во Собранието повеќе од сигурно е дека повторно ќе бидат оспорени пред Уставниот суд но надлежните се убедени дека овој пат судот ќе одлучи поинаку.