Европа е создадена пред се како економска унија а не како воен сојуз. Она што се случува во Украина ја забрзува потребата од обединувањето на сите држави – претенденти и решавање на кризните состојби
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/02/erik-gordi.jpg)
ЈЕЛЕНА ДИКОВИЌ
Едно нешто што промени сè во Европа е војната во Украина, истакнува на почетокот на разговорот со белградскиот дневен весник „Данас“ – Ерик Горди, професор на Универзитетскиот колеџ во Лондон и експерт за Југоисточна Европа. Како што објаснува тој, Европа никогаш не се сметала за безбедносна и воена унија. Тој потсетува дека ЕУ е создадена како економски договор меѓу Франција и Германија.
„Стана јасно дека Европа мора повеќе да размислува за безбедноста, но и да биде посериозна за нејзиното обединување, што најмногу е. Има некои отстапувања, на пример во Унгарија и Полска, но ЕУ го задржа своето единство и мислам дека на Унијата и стана важно да ги спречи или решава конфликтите во Европа“, посочува Горди.
Едно нешто што промени сè во Европа е војната во Украина, истакнува на почетокот на разговорот со Данас Ерик Горди, професор на Универзитетскиот колеџ во Лондон и експерт за Југоисточна Европа.
Како што објаснува тој, Европа никогаш не се сметала за безбедносна и воена унија.
Тој потсетува дека ЕУ е создадена како економски договор меѓу Франција и Германија.
„Стана јасно дека Европа мора повеќе да размислува за безбедноста, но и да биде посериозна за нејзиното обединување, што најмногу е. Има некои отстапувања, на пример во Унгарија и Полска, но ЕУ го задржа своето единство и мислам дека на Унијата и стана важно да ги спречи или решава конфликтите во Европа“, посочува Горди.
Мислам дека затоа, додава тој, има толку голем притисок да се постигне договор меѓу Косово и Србија.
„Двете страни пружаат отпор, затоа што долго време играат на привремени договори, кои беа профитабилни и за Косово и за Србија“, вели Горди.
Како што нагласува, Европа не може да си дозволи конфликти.
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/02/regionalna-sila.jpg)
Па, како гледате на сегашните односи во регионот?
– Не можеме да зборуваме за БиХ и Хрватска одделно, бидејќи многу конфликти во БиХ настануваат поради политичките конфликти во Хрватска. Главните политички актери во Хрватска меѓусебно си помагаат во поткопувањето на национализмот во БиХ. Во ова сценарио, ЕУ има поголема моќ да ја дисциплинира Хрватска отколку Унгарија, на пример. Тоа веројатно ќе се случи, иако високиот претставник во БиХ во моментов го одложува. Втората работа што се случува, што ја гледаме во ескалациите во северно Косово, или инцидентите што ги направи Милорад Додик во Б и Х е дека на Русија најмногу би и се допаднало ако избие нов конфликт некаде во Европа, а на Балканот е единственото место каде што имаат капацитет за тоа. Причината зошто Русија сака да игра на Балканот е тоа што за официјална Москва таков конфликт не би бил скап и не би бил толку ризичен. Имено, можат да го завршат кога им одговара.
Затоа, ситуацијата меѓу Косово и Србија е критична. Дали мислите дека има решение, на пример во форма на прифаќање на француско-германскиот документ?
– Тој документ е добар како модел за да се оди напред. Слично е на моделот на Источна и Западна Германија, па Србија не мора да си ја признава независноста, туку да се договорат да не се напаѓаат. Ова не е долгорочно решение, ќе потсетам дека не беше ниту за Германија, но секако е подобро од периодични ескалации. Без разлика што велат Александар Вучиќ и Аљбин Курти, и двајцата се свесни дека мора да направат компромис. ЕУ е подготвена да му прогледа низ прсти на Вучиќ и да не бара од него да ја признае независноста на Косово се додека тој ветува дека нема да создава проблеми. Необично е што сега како прашање се поставува формирањето на Заедницата на српските општини, бидејќи тоа веќе беше договорено претходно. Мислам дека е јасно дека Србија дефинитивно мора да направи компромис и да воспостави некакво владеење на правото на северот на Косово. Косово веќе некое време ја има поддршката од САД и Европа, освен кога претседател беше Доналд Трамп, па косовската влада на чело со Курти смета дека не мора да прави компромиси со Србија.
Каква иднина ја чека БиХ, дали ќе остане во овие граници?
– Веројатно ќе остане. Мислам дека луѓето нема да дозволат враќање на насилството таму. Главниот проблем во БиХ е немањето устав. Кога Џозеф Бајден стана претседател на САД, многумина во Вашингтон мислеа дека тој ќе ја воспостави својата моќ во надворешната политика бидејќи, така да се каже, беше слаб во внатрешната политика и дека БиХ може да биде местото каде што ќе го направи тоа. Не сакаше да го „чепне“ Косово. Голема грешка што ја направи меѓународната заедница во Босна е што го игнорира граѓанското општество, мислејќи дека со влијание врз политичките лидери можат да ја променат ситуацијата во таа земја. Единствениот начин да се донесе устав во Босна и Херцеговина е да се вклучи граѓанскиот сектор и да се предложи модел на политичките лидери. Исто така, високиот претставник во БиХ во моментов ја отежнува работата.
Национализмот продолжува да расте во регионот. Дали воопшто може да има помирување?
– Не сум оптимист дека земјите од регионот ќе станат членки на ЕУ, па дури ни Северна Македонија, бидејќи нема многу ентузијазам за проширување кај членките на Унијата. Мислам дека е пореално земјите од регионот да имаат блиски односи со ЕУ отколку да ѝ се приклучат. Зајакнувањето на десничарските партии во Србија и другите земји е стара приказна. Сепак, во последните години се случуваат позитивни работи, како победата на коалицијата Можемо во Хрватска и преземањето на власта во Загреб, како и влегувањето на коалицијата Морамо во српскиот парламент. Во Сараево има слична коалиција, во Словенија Јанша беше поразен… Сепак, може да се видат промени во размислувањето на луѓето и помладите генерации.
Наскоро ќе наполни една година од руската инвазија на Украина. Дали бевте изненадени од инвазијата?
– Бев изненаден, иако луѓето зборуваат за тоа со месеци. Немаше смисла Русија да направи такво нешто кога веќе добиваше се, на пример, фактот дека Украина не е членка на НАТО. Русија не е глобална сила по падот на Советскиот Сојуз, но можеме да кажеме дека е регионална сила. Митот за глобална сила е уништен, на пример, за непобедливата руска армија. Имено, има корупција во руската армија, сериозни проблеми во синџирот на команда… Ја користат групата Вагнер и Чеченците затоа што ја немаат лојалноста на своите војници.
Едно нешто што промени сè во Европа е војната во Украина, истакнува Ерик Горди, професор на Универзитетскиот колеџ во Лондон и експерт за Југоисточна Европа.