Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ОЛАФ СЕ ВКЛУЧУВА ВО ИСТРАГА ПРООТИВ ЛИДИЈА ДИМОВА

November 23, 2021 Filed Under: Македонија

Истрагата за Димова трае повеќе од една година и се уште нема обвинение откако обвинителот побара дополнителни шест месеци за да продолжи да истражува.

ВО СКОПЈЕ Претставници на ОЛАФ дојдоа во Скопје, на разговор во Обвинителството

Европската канцеларија која е надлежна за истраги поврзани со измами при Европската комисија, ОЛАФ, ќе се вклучи во истрагата што ја води Обвинителството за гонење на органзиран криминал и корупција против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова.

Обвинителката што го води предметот очекува средба со претставници на ОЛАФ која е од клучно значење за истрагата.

По предметот активно се постапува во насока на обезбедување на дополнителен доказен материјал од надлежните институции. Предметниот обвинител очекува да биде реализирана средбата со претставници на ОЛАФ која е од клучно значење во предметот – велат од Обвинителството за  „Фокус“.

Поради обемноста на прибраниот доказен материјал, како и ограничувањата што произлегле како резултат на пандемијата, обвинителот побарал дополнително време за спроведување на процесни дејствија од републичкиот јавен обвинител. Други детали од Обвинителството не соопштуваат.

Истрагата за Димова трае повеќе од една година и се уште нема обвинение откако обвинителот побара дополнителни шест месеци за да продолжи да истражува.

Димова беше разрешена и против нејзе беше отворена истрага откако беше обелоденето дека во изминативе три години Националната агенција доделила грантови од програмата „Еразмус 2“ во износ од 270 илјади евра на фризерница. Сопственикот истовремено бил и надворешен експерт во Националната агенција, а беше објавено и дека во благајната на Агенцијата недостасуваат 15 илјади евра

 

Filed Under: Македонија

ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ
КАНСКА КОНКЛАВА: БРАК ОД ЉУБОВ
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (129): КРЕМЉ ЌЕ БИДЕ ОБЕСХРАБРЕН, САМО УКРАИНА Е ВООРУЖЕНА ДО ЗАБИ

Најново

  • ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
  • ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
  • СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet