Доаѓаше во земјава и по добри и по лоши поводи. Понекогаш и со амбиции да отвори бизнис во овој дел на Балканот. Критичар на бугарските ставови кон земјава
Сега покојната државна секретарка на САД, прва дама со таа функција во историјата на велесилата, Медлин Олбрајт е секако добро позната во земјава. Објективно таа е дел од поновата историја на Балканот, врзана за бркањето на воените злосторници за време на постјугословенските војни. Доаѓаше и кај нас и по тој основ. На Косово секако е најмногу славена, пред три години доби биста во центарот на Приштина а во петокот, на 25 март беше прогласен ден на жалост. Се смета дека беше најголем протагонист на бомбардирањето на смалената Југославија во 1999 година. А се обиде и да започне бизнис на територијата на Македонија а подоцна и Косово криејќи се зад една грчка фирма, која кај нас фрли око на ТЕЦ Неготино а на Косово за тамошниот електро-бизнис.
Имаше доста парадокси во нејзиниот живот. Имено, таа давајќи придонес за бомбардирањето на Белград си ги бомбардираше и спомените на своето детство! Имено, Медлин Олбрајт, родена како Мари Јана Корбелова, е американска политичарка и дипломат. Медлин Олбрајт е родена во Прага. Таа била воспитана како римокатолик затоа што нејзините родители преминале од јудаизам во католицизам за да избегнат прогонство. Името „Медлин“ е француска верзија на чешкиот прекар „Мадленка“ што ѝ го дала нејзината баба. Олбрајт официјално доби ново име кога отиде на училиште во Швајцарија. Нејзиниот татко Јозеф бил чешки дипломат во чешката амбасада во Белград до нацистичката окупација на Чехословачка
Првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, беше меѓу првите политичари од земјава што се среќаваа со Олбрајт. На листата се и повеќемина други значајни имиња. Нејзиниот постполитички интерес за отоврање бизнис во Македонија, маше врска со доаѓањето на груевски на власт во 2006в година. Заинтересирана за купување на ТЕЦ Неготино остави трага во притисокот што тогашната американска амбасадорка во Скопје вршеше притисок врз НСДП и Тито Петковски да влезат во коалиција со ВМРО ДПМНЕ. Да не одиме во овој повод во детали ништо не излезе од бизнисот, но затоа ние како граѓани ја изгубивме демократијата. Пропадна обидот и косовските централи, што веројатно ја има разочарано уште повечќе
При крајот од животот таа јсно застана зад македонија во спорот со Бугарија. „Целосна трагедија е што Бугарите поради домашни причини истакнаа такви барања“ е еден од последните коментари што ги даде Олбрајт на теми поврзани со земјава, коментирајќи го ветото од Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ
По ветото за нашата земја, поранешната државна секретарка на САД нагласува дека треба да се постави прашањето како Бугарија ги исполнува своите обврски кон ЕУ Таа нагласуваше дека не смее да се остави политички вакуум на Западниот Балкан за да се овозможи поголемо влијание од Русија и Кина во регионот
Мислам дека е целосна трагедија тоа што после долгото време потрошено на решавање на прашањето за името со Грците, Бугарите, поради домашни причини, истакнаа такви барања за Северна Македонија. Затоа треба да се постави прашањето како Бугарија ги исполнува своите обврски кон ЕУ, изјави Медлин Олбрајт, поранешна државна секретарка на САД. Ова се слуши на последното сослушување пред Комитетот за надворешни работи при Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Олбрајт одговараше на прашања од конгресмени за американската политика на Балканот.
На прашање од конгресемнот Грегори Микс, демократ од Њујорк, како новата администрација на Џо Бајден и Камала Харис треба да работи со Брисел за земјите аспиранти во ЕУ да не останат во чекалната поради своите соседи, а со оглед на блокадата што Бугарија ја постави за Северна Македонија поради прашања за нацијата и јазикот, таа рече дека новата администрација треба да работи на тоа прашање.
„Поради фактот дека Грците успееја да дојдат до договор, а на ова се потроши толку многу време и се работеше толку напорно, мислам дека е трагедија, и тоа севкупна, тоа што Бугарите, заради домашни причини, го истакнуваат сега ова“, изјави Олбрајт. „Мислам дека тоа е многу важно прашање што ги подвлекува нашите напори на Балканот, а тоа е да постои соработка на економски и политички план“, изјави таа.
На три и пол часовниот настан сведочеа, поранешната државна секретарка Медлин Олбрајт, Даниел Сервер од Универзитетот Џонс Хопкинс и Јануш Бугајски од Фондацијата Џејмстаун, обајцата долгогодишни аналитичари и добри познавачи на регионот, пренесува Дојче веле.
Нејзиниот живот беше исполнет со многу настани и подигнувањања и падови. Во 1939 година, семејството Корбел побегна од Белград во Лондон откако Германија ги анектираше Бохемија и Моравија. Тоа можеби ѝ го спасило животот, имајќи предвид дека многу нејзини роднини во Чехословачка загинале во Холокаустот. Семејството повторно побегна кога комунистите ја презедоа власта во Чехословачка пред да се преселат во Америка во 1948 година. Таму, Џозеф станал декан на Факултетот за меѓународни студии на Универзитетот во Денвер. Меѓу другото, тој беше професор, а подоцна и државен секретар Кондолиза Рајс. Олбрајт се школувала во Швајцарија и Денвер, а подоцна студирала политички науки на колеџот Велсли во Масачусетс. Таа стана американски државјанин во 1957 година. По дипломирањето во мај 1959 година, се омажи за новинарот од Чикаго, Џозеф Олбрајт
Тие имаат три ќерки, близначките Ана и Елис, и Кејти. Бидејќи близнаците се родени шест недели пред терминот, за да ги оттргне своите мисли од тој проблем, Олбрајт се запишала на курс по руски јазик и течно го научила во тие шест недели. Докторирала на Универзитетот Колумбија, студирајќи паралелно додека се грижела за децата. Во 1982 година, Олбрајт се развела бидејќи Џозеф си нашол друга жена. Во 1996 година, Олбрајт дознала дека тројца нејзини баба и дедо биле убиени во Холокаустот. Според неа, за своето еврејско потекло дознала дури како возрасна, на 59-годишна возраст.
По пензионирањето, Олбрајт ги објави мемоарите Madam Secretary (2003) и The Mighty and the Almighty: Reflections on America, God, and World Affairs.
Медлин Олбрајт е првата жена државен секретар и за време на нејзиниот мандат, жена со највисока позиција во историјата на САД. Бидејќи не е родена Американка, не можеше да се надева на претседателската функција. Како државен секретар, Олбрајт ги зајакна врските на САД со сојузниците, инсистираше на демократијата и човековите права и ја промовираше американската трговија и економија, работните односи и еколошките стандарди во светот.
За време на нејзиниот мандат таа значително го зголеми влијанието на американската политика во Босна и Херцеговина и на Блискиот Исток.
Во 2000 година, Олбрајт стана еден од најдобрите западни дипломати кои се сретнаа со комунистичкиот лидер на Северна Кореја, Ким Џонг Ил, за време на официјалната посета на земјата.
Поранешната прва дипломатка на САД и експерт за меѓународна политика, Медлин Олбрајт почина во 84 година од животот, по долго боледување од рак, соопшти нејзиното семејство.