Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ОЛИВЕР АНДОНОВ ЗА ВРСКИТЕ НА НЕГОВАТА ПАРТИЈА СО РУСКАТА АМБАСАДА

October 12, 2022 Filed Under: Македонија

Во овој миг, вели овој фракционер во ВМРО ДПМНЕ партијата Левица станува поомилена од партијата на Мицковски во руската амбасада, што дел од глсачите, русофили, во иднина може да ги пренасочи кон Апасиев

ИМАЛ КОНТАКТИ СО РУСИТЕ Андонов вели дека било нoрмално тој како министер за внатрешни работи да има контакти со руската амбасада

Во емисијата на Васко Ефтов „Во центар“од неделата, 9 октомври, гостуваше Оливер Андонов, носител на бројни функции во ВМРО ДПМНЕ . Од неодамна тој е носител на група на сопартијци кои отворено се изјаснија како фракционери во однос на Мицковски и неговата екипа. Интервјуто траечас и половина и се отворија многу прашања врзани за присуството на Андонов во моментно најголемата опозициона партија.

Едно од поинтересните прашања за кои инсистираше и самиот соговорник на Ефтов беа односите на „станарите“ на Белата палата со руската амбасада. Практично, стана јасно дека тие контакти постоеле и по тврдење на Андонов постојат и во времето кога тој веќе не е дел од партискиот врв, во актуелниот миг.

– Во мај 2017 година од Руска амбасада побараа средба – ми соопштија на таа средба дека тие се спремни да понудат помош да не се отстапува од власт (напомена – се работи за времето кога претседателот на државата Иванов и премиерот Груевски не бираа начин да ја оструираа пром ената власта и да ги признаат промените што дојдоа со парламентарните избори во декмври 2016 г. – н.з.).  Јас им реков дека не носам одлука и дека ќе ја пренесам пораката.

Имало и втора средба, на која Андоно наводно изјавил дека понудата за соработка Груевски ја одбил. „Никогаш не сум бил ничив шпиун, не па руски“ изјави Оливер Андонов. Тоа се случило шест месеци подоцна, во ноември 2017, после поразот на локалните избори, повторно седнал со луѓето од руската амбасада и тие му кажале дека веќе не давале поддршка на Груевски бидејќи политички тој бил политички мртов.

– Сфаќам дека не’ сработија Русите, рече Андонов.

Според него, има информации дека Мицкоски редовно комуницира со руска амбасада. А тие на членови на ВМРО-ДПМНЕ, со кои одржуваат контакти им зборуваат против Мицкоски и ги насочуваат кон Апасиев, тврди овој соговорник во емисијата. Негови се проценките дека од тоа делување

Од излагањето е сосема јасно дека идејата на Андонов е да го тргне сомнежот од својот старо-нов патрон Груевски кога се работи за присуството на московските геополитики, секако со многу контраверзи. Товарењето на Мицковски на тој план на можни влијанија е недвосмислено пренесен, особено во однос на изборот на Мицковски (!) на чело на партијата и неговиот нов мандат, кога наводно е лобирано од страна на руската амбасада нивните конекции со црвено-црните да комуницираат со некој амбасадор од западните земји, за да замаскира односот со Истокот!

Андонов признава дека се има гледано со Груевски во Будимпешта, што јасно укажува од каде се доаѓаат подршките за неговата фракција. Истовремено тој нејасно одговараше на прашањата врзани за градоначалничката Арсовска која дојде во судир со Мицковски..Како и да е ова интервју појасно ги исцртува контурите на идните разврски на расцепот во најголемата опозициона партија.

Filed Under: Македонија

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?
(НE)ОЧЕКУВАНО СЦЕНАРИО
ПСИХОЛОГИЈАТА И ВОСПИТУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА: КАКО ДА БИДЕТЕ ВИСОКО ЧУВСТВИТЕЛЕН РОДИТЕЛ

Најново

  • СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
  • ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
  • ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet