Во својата колумна за Нова година овој поранешен висок функционер на ВМРО ДПМНЕ објаснува како ненадејно Христовски со сиот оној габарит на чудни „пепораки“ од документи станал погоден за кореспионденција со НАТО структурите
„Бојанчо сам за себе го потпишал документот од АНБ до ДБКИ во кои се тврди дека е безбедносно подобен, МАНИПУЛАЦИЈА е дека Бојан Христовски добил НАТО сертификат за безбедност!“ – вака пишува во својата последна колумна Оливер Андонов поттикнат од веста која ја објавија некои извори што требаа да бидат крај нан звртениот круг на подобност за овој миленик на премиерот Мицковски, кој не само што му ја доверува АНБ, туку сака со неа да обедини три посебни институции од тој ареал!
– Почитувани пријатели, реков дека нема да пишувам колумни во текот на Новогодишните и Божиќните празници, но некои постапки неодложно бараат мој јавен и пред се јасен и чесен коментар достапен до јавноста. Да не биде дека не сум кажал, или да кажете дека не знаевте, еве да бидете информирани – се огласи Анедонов а пренесе https://infomax.mk/
aндонов-бојанчо-сам-за-себе-го-потпишал/
Како што најавив во мојата последна неделна колумна (објавен трид ена пред Нова година – н.з.) очекував дека Мицкоски глупостите на Христовски и воопшто неговото именување за директор на АНБ и сите контроверзи околу неговиот ТОЕФЛ сертификат и универзитетската диплома ќе се обиде да ги забошоти во јавноста преку манипулација со наводно меѓународен авторитет.
И еве, денес кога премиерот Мицкоски веќе зборуваше дека не се јавен интерес фалсификатите на Христовски, веднаш на некои портали излезе информацијата дека се’ околу сертификатот и дипломата на Христовски било во ред и тоа го потврдил НАТО. Во пренесена смисла, која треба читателот на порталските информатори да ги разбере како од НАТО лично да му доставиле безбедносен сертификат на Бојанчо. Манипулација за дополнителна збунка на граѓаните и простор за партиските ботови и клиентелисти на социјалните мрежи да ја искажат лојалноста кон Мицкоски преку сопствената глупост. И така со помош на НАТО се околу Христовски било во ред – објаснува Андонов.
А како било во ред? Па така што Христовски добил безбедносен сертификат од НАТО (можел да чита, веројатно мислат ако знае англиски јазик да чита документи од НАТО) – додава овој екс-функционер.
Па каде да најдеме подобра меѓународна и тоа безбедносна организација за МАНИПУЛАЦИЈА со македонските граѓани од тоа што е НАТО? На кој поголем авторитет може Мицкоски да се повика туку ли на НАТО? Онаа НАТО кое преку Берлин плус договорот соработува со омразената ни нели ЕУ и во кое членуваат и ни се сојузници Грција и Бугарија кои не мразат нели.
Какво лудило и шозофренија се наметнува врз сопствените граѓани и тоа по УРНЕКОТ на Вучиќ – заклучува Андонови продолжува:
„Во оваа пропагандна будалаштина на Мицкоски може да веруваат само неграмотни и лекомислени луѓе во Македонија кои не си поставуваат логични прашања во врска со ова и секако партиските клиентелисти, полтрони и ботови. А ние како Внатрепартиска фракција предупредивме за оваа манипулација.
За што всушност се работи?
Бојан Христовски беше именуван за директор на АНБ без да има безбедносен сертификат на ниво ’државна тајна’, поради што АНБ официјално мораше да поднесе барање до ДБКИ за издавање на соодветен безбедносен сертификат на лицето Бојан Христовски. Во спротивно лице без соодветен безбедносен сертификат неможе да извршува определена функција (а Бојанчо наш ја извршуваше, и кој тоа го прекрши законот, повторно). Во Македонија безбедносните сертификати на сите нивоа ги издава Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, но истата тоа го прави по поднесено барање од страна на институцијата во која се наоѓа лицето на кое треба да му се издаде безбедносен сертификат. По добивањето на барањето од институцијата (во случајот на Христовски тоа е АНБ чии директор е самиот тој), Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ) доставува барање за безбедносна и криминална проверка до АНБ и МВР. Да, да до АНБ, бидејќи по закон АНБ врши безбедносни проверки за лица македонски државјани, а во овој случај извршила проверки за својот директор. Интересна работа, Бојанчо сам за себе го потпишал документот од АНБ до ДБКИ во кои се тврди дека е безбедносно подобен. По извршените проверки, доколку истите се позитивни, ДБКИ издава соодветен безбедносен сертификат на лицето за кое тој сертификат е баран со ограничено времетраење за институцијата во која работи истото.“ – пишува Андонов.
Со оваа постапка – продолжува тој – како административна, така и безбедносно-полициска, НАТО нема никаква врска. Едноставно, тоа го прават АНБ и МВР. НАТО може да издаде сертификат и да направи безбедносна проверка за лица кои треба да работат во командата на НАТО, а не за директор или лица на национална безбедносна агенција па тоа нека е и АНБ.
Па така, МАНИПУЛАЦИЈА – тврди Андонов – е дека Бојан Христовски добил НАТО сертификат за безбедност, а уште поголема ЛАГА е дека на тој начин од страна на НАТО е потврдена неговата “безгрешност” во однос на “фалсификуваните” сертификат и универзитетска диплома.
Очекувана јавна и безочна МАНИПУЛАЦИЈА и ЛАГА од страна на Мицкоски за заштита на Христовски според мафијашки принцип: “Државата ја даваме, еден од нас не даваме”.
Со овој случај само се потврдува за што се бориме ние како Внатрепартиска фракција бидејќи Мицкоски нашата ВМРО-ДПМНЕ ќе ја уништи само и само да си ги спаси своите клиентелисти и полтрони.
Не знам дали воопшто ќе реагира НАТО на оваа злоупотреба на алијансата за домашна политикантска употреба (впрочем не верувам, едноставно не функционираат така), но гарантирам дека оваа нема да се заборави и нотира од нивна страна.
Бојанчо сепак нема НАТО безбедносен сертификат како избелувач на личните му и колективни глупости (да не кажам основани сомненија за сторени кривични дела). Се работи за една вулгарна и безобразна МАНИПУЛАЦИЈА и злоупотреба на името и авторитетот на НАТО.
Еве, да остане запишано, да не биде дека не сме кажале и предупредиле кога ќе треба да се плати сметката. А таа ќе стигне и тоа побргу отколку што мислиме и тоа за сите нас, посебно за нашата партија ВМРО-ДПМНЕ – заклучува Андонов.