На речиси 90. години почина една од најголемите и најкомплетни драмски актерки во САД. Малкумина знаат дека нејзин животен партнер беше нејзиниот колега Луис Зорич и дека тие беа двојка која можеби и најдолго во светот на седмата уметност останала во само една заедница!
Најпрво престанаа да се снимаат филмови кои се сериозни по начинот на кој се пишува сценариото и кои се обраѓаат на публиката која не сака други жанрови освен драмските остварувања. Потоа почнаа да умираат и актерите кои не потсетуваат на тоа доба како што е Олимпија Дукакис (за некој месец речиси 90 години). Многумина на Фејсбук прокоментираа дека мислеле дека таа веќе е почината, ама не, нејзиниот живот згаснал по тримесечна борба, како што јави братот Аполо, без детали околу причините. Дали беше уште една жртва на короната?
Дукакис е родена на 20 јуни 1931 година и се смета за американско-грчка уметница, бидејќи прва генерација која живеела и работела во САД а нејзините родители дошле од Пелопонез, додека хрониката на семејството покажува дека таму дошле по изгонувањето од Анадолија. Таа остварила улоги во 60 филмови и 50 телевизиски серии. Јасно, како и си сите големи актерки и таа почнала најпрвин во театарот што ќе одреди нејзиниот однос кон професијата! Во 1963 година добила награда Оби (еквивалент на Оскарот) за гл.женска рола во бродвејската Брехтова драма Man Equals Man („Човекот е човек“ на германски).
Филмската кариера ја започнала следната година а врвот го достигнува во 1997 година кога за ролјата во „Опседната од Месечината“ добива и Оскар и Златен глобус. Номинирана била за Глобус за ролјата во Синатра и за Еми за ролјата во „Среѓен ден“, „Уште приказни за градот“ и „Јованка Орлеанка“. Има напипано автобиографија и снимено документарец за својот живот под име „Олимпија“
Со својот иден сопруг Луис Зорич се сретнала во еден од театрите каде настапувале. Родителите на Зорич се Хрвати и тој важи за ценет ветеран од Втората светска војна. Починал пред три години во својата 93. година во Њујорк. Тоа беше една од ретките двојки со таков „долг стаж“ во нивната професија – од 1962 г. Речиси шест децении! Имаа три деца. Зорич почина пред три години во нивниот стан на Менхетен, каде почина деновиве и вдовицата Олимпија. Сопругот повеќе настапуваше во театарот, на оф-Бродевј и имаше три номинации за Тони, врвното мпризнание во оваа сфера! Во претставата „Смртта на трговскиот патник“ играше дури девет години!
Да се вратиме на Олимпија. Гледачите се сеќаваат на нејзините настапи во „Челични магнолии“, „Опусот на господин Холанд“… „Опседната со Месечината“ е романтична комедија за една вдовица (ја игра Шер) која работи во издавачка куќа а Дукакис ја има споредната ролја. Комедијата најпрвин се играла со голем успех на Бродвеј а доста подоцна е снимен и филмот во режија на Норман Џуисон.
Актерката беше долго активна. На пример играше во серијата Law & Order: Special Victims Unit, како Деби Марш, како обвинителка (2011)
Беше извршен продуцент на серијата Монтана Аризона (2014) Дури таа година ја доби својата ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд како 2.498 – та носителка. Во 2016 година играше во „Елехероманија“, филм според вистинските приказни на затолчениците во нацистичкиот логор Аушвиц Биргенау. Посебно стана популарна по настапот во „Нема да заборавам (2021), дело кое е посветено на борбата против Алцхајмеровата болест, каде покрај неа играат уште четири добитници на Оскар: Клорис Личман, Луис Гасет Јуниор, Татум О Нил и Џорџ Чакирис. Внимавајте, тоа се случува годинава!Ова секако говори колку оваа балканска снаа не само што беше долговечна, туку и активна до последен миг.