Групата момчиња која со својот ненадеен скок на стандардот пред десет години го привлече вниманието на јавноста се покажа како група на бескрупулозни силувачи

Да не беше една репортажа на ТВ Телма од екипата Билјана Николовска – Игор Јанковски македонската јавност немаше да се дознае дека онаа велешка екипа која креирала лажни вести во корист на Трамп пред десет години, кога тој беше во кампања против тогашната демократска кандидатка Хилари Клинтон, вршела брутално долговременско силување врз малолетничка.
Инаку, Апелацискиот суд ги зголеми казните за група од Велес осудена за сериозни кривични дела поврзани со сексуална злоупотреба на малолетничка, извршувани во повеќе наврати во период од околу една година. Факт е дека овој криминал до сега не беше поврзуван со креаторите на изборната победа на сега и тогаш актуелниот претседател
Трамп што покажува дека постојат некои „сили“ кои не дозволувале да се поврзуваат некои факти за овие обвинети лица.
Во анализата на случајот се отвора прашањето за последиците врз жртвата, но и дали овој настан претставува поука за младите и општеството. Обвинетите тврдеа дека постапката против нив има политичка позадина и дека биле изложени на притисоци, додека обвинителството ги отфрли овие наводи како обид за пренасочување на вниманието. Би се рекло дека ситуцијата е поинаква – некои ним им овоззможувал пресудата на Апелација да ја лчекаат во домашен притвор ама се гледа дека таа мерка не се дава на вакви криминалци.
Имено, првообвинетиот Стефан Димовски е во бегство откако избегал од домашен притвор пред да стапи на сила повисоката казна. За него е распишана централна потерница, додека еден од осудените веќе е спроведен во затвор. За дел од останатите, засега нема официјални информации дали се јавиле на издржување на казната.
Во неодамнешната Телма сторија, направивме анализа на случајот во кој е уништена една младост, но и дали е поука за младите и општеството.
Најголем дел од осудените се токму таканаречените велешки деца на Трамп. Веднаш тврдеа дека нивното апсење е освета за тоа што работеле за Трамп и имале многу пари. Обвинија дека им е баран рекет и од полицијата и од судско обвинителски кругови за да не бидат обвинети и осудени, а исто така и да не лежат во притвор. Неколку пати најавуваа дека ќе проговорат јавно, но никогаш не го сторија тоа.
За обвинителството тврдењата за „Трамп“, „Републиканци“ и слично се обид да се пренасочи вниманието од фактите.
На 7 април МВР за Димовски распиша само централна, не и меѓународна потерница?! Во затвор е Тино Илиевски кој бил затекнат надвор и покрај тоа што му беше одреден куќен притвор. За останатите нема информација дали се јавиле в затвор.




