Во текот на 2020 година Македонците реализирале вкупно 7,3 милиони онлајн трансакции со вкупна вредност од 229,6 милиони евра, од кои 167,3 милиони евра кон домашни е-продавници. Со домашни платежни картички во странство, во 2020 година реализирани се вкупно 2.8 милиони онлајн трансакции со вкупна вредност од 62,3 милиони евра, наспроти 100 милиони евра во 2019 година
Согласно објавените податоци од Народната Банка, Асоцијацијата за е-трговија го анализираше бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции со домашни платежни картички кон странски е-продажни места со цел да се креира слика каде најчесто Македонците купувале онлајн во текот на 2020 година.
Во текот на 2020 година Македонците реализирале вкупно 7,3 милиони онлајн трансакции со вкупна вредност од 229,6 милиони евра, од кои 167,3 милиони евра кон домашни е-продавници, што претставува значајни 73% во вкупната вредност на онлајн трансакции. Со домашни платежни картички во странство, во 2020 година реализирани се вкупно 2.8 милиони онлајн трансакции со вкупна вредност од 62,3 милиони евра, наспроти 100 милиони евра во 2019 година што претставува пад од 17,9% во бројот на трансакции и 38% во вредноста на трансакциите.
Од Асоцијацијата за е-трговија коментираат дека падот е очекуван ако се земе предвид дека поради пандемијата не се патува, па трансакциите за авио-билети и резервации на хотели се драстично намалени.
Од вкупниот износ во вредност од 62,3 милиони евра кои македонците во текот на 2020 година го потрошиле онлајн за пазарење во странство странство, дури 73,6% од вредноста на трансакциите се реализирале во корист на ТОП 10 земји. Станува збор за следниве земји:
Најголема вредност на трансакциите, односно најмногу онлајн плаќања македонците реализирале кон Обединето Кралство, Унгарија и Ирска и тоа до некаде е и очекувано имајќи предвид дека од овие земји потекнуваат Amazon UK, ASOS (Обединето Кралство), WizzAir (Унгарија) и Facebook, Google (Ирска).
Што се однесува до бројот на онлајн трансакции со македонски платежни картички во странство, високи 80,6% од трансакциите завршиле во корист на ТОП 10 земјите прикажани во табелата во продолжение. Најголем број на трансакции со домашни платежни картички (вкупно 547.713) се реализирани во корист на веб продавници од Луксембург каде што е регистрирана европската филијала на Amazon преку која се одвиваат трансакциите за најголемиот дел од Европските земји, без Обединето Кралство. За разлика од претходната година, значително е намален бројот на плаќања кон компании регистрирани во Обединето Кралство и Унгарија поради драстичното намалување на патувањата и користењето на авио транспортот. Најголема вредност на трансакциите, односно најмногу онлајн плаќања македонците реализирале кон Обединето Кралство, Унгарија и Ирска и тоа до некаде е и очекувано имајќи предвид дека од овие земји потекнуваат Amazon UK, ASOS (Обединето Кралство), WizzAir (Унгарија) и Facebook, Google (Ирска).
Што се однесува до бројот на онлајн трансакции со македонски платежни картички во странство, високи 80,6% од трансакциите завршиле во корист на ТОП 10 земјите прикажани во табелата во продолжение. Најголем број на трансакции со домашни платежни картички (вкупно 547.713) се реализирани во корист на веб продавници од Луксембург каде што е регистрирана европската филијала на Amazon преку која се одвиваат трансакциите за најголемиот дел од Европските земји, без Обединето Кралство.
За разлика од претходната година, значително е намален бројот на плаќања кон компании регистрирани во Обединето Кралство и Унгарија поради драстичното намалување на патувањата и користењето на авио транспортот.