Европските екстремни националисти, вклулувајќи ги тука и балканските, се уште се опседнати со хомогеноста и териториите. Ама како што Милошевиќ никогаш не се грижеше за Срботе во Хрватска, денес нема грижа за Србите во Грачаница или Штрпце, или за Албанците во Медвеѓа или секаде каде на „чистата национална држава“ не и се нудат територии како „мираз“
ФЛОРИЈАН БИБЕР
Александар Вулин, кој се залага за „што поитно и што посигурно разграничување со Шиптарите“, само е најпростиот меѓу бројните регионални политичари што посакуваат да говорат за етничките граници. Расправа за промена на границете меѓу Србија и Косово, што Александар Вучиќ и Хашим Тачи ја лансираа во светот минатата година, не е расправа само за промена на таа граница, туку за целата мрежа на регионалните граници. Терминологијата не е да се опишува границитата меѓу Србија и Косово, туку меѓу Србите и Албанаците. Колико и да се порекнува дека тоа се етнички граници, дека ќе се создаваат хомогени области, јазикот на „разграничувањето“ меѓу Србите и Албанците е јасен.
Од друга страна, и албанските и српските политичари ја намалуваат важноста на постојните граници што ги одвојува народите. Ова ги вклучува зборовите на Вучиќ за некои „српски етнички области” и албанскиот национализам на Еди Рама и политиката за укинување на границата со Косово.
Оваа идеја за „балканска граница”, како што е руско-српскиот пропаганден филм, е алтернативна реалност или е премногу опасна фантазија. Основата на договорите што ги завршија војните во деведесеттите години беше да се поттикне враќањето на бегалците и да се зачуваат малцинските и другите колективни права. Не секогаш успеа, но тоа е опасна фантазија да ја отфрли оваа идеја во корист на етничките територии. Покрај тоа, тоа е логиката на европското екстремно право. Партијата на слободата на Австрија во прирачникот на своите членови зборува за „колапсот на сонот за мултикултурни фантазии” и бара „самоопределување на балканските народи”.
Проблемот на „самоопределувањето” не оптоварува за цел живот, бидејќи стана столб на визијата за повоената Европа на Вудро Вилсон. Дури и тогаш, скептиците се прашуваа каде да ги повлечат „линиите”, и навистина многу линии, извлечени по војната, ги оставија луѓето на погрешна страна. Да се создадат етнички простори и да се демаркараат – ова е фантазија што може да се постигне само со исклучување и репресија. Хомогените национални држави исто така се создаваат со насилна асимилација и протерување на непожелните. Воените криминалци и „етничките чистачи” од деведесеттите сакаа брзо и насилно да ги создадат националните држави. Тие се делумно успешни, бидејќи повеќето области се повеќе хомогени од порано, а нациите се повеќе доминантни на териториите отколку пред војните. Сепак, тие не успеаја, бидејќи новите држави не се јасно национални и мора да понудат широки малцински права.
Европските екстремни националисти, вклулувајќи ги тука и балканските, се уште се опседнати со хомогеноста и териториите. Ама како што Милошевиќ никогаш не се грижеше за Срботе во Хрватска, денес нема грижа за Србите во Грачаница или Штрпце, или за Албанците во Медвеѓа или секаде каде на „чистата национална држава“ не и се нудат територии како „мираз“
Овие гранични фантазии не се грижат многу за она што се случува вон „етничките простори”. Како што Партијата на слободата на Австрија сонува да стави крај на идејата за мултинационални земја, нејзиниот поранешен премиер и лидер Хајнц Кристијан Штрахе ја сонува Орбановата контрола врз медиумите, договорите со (лажни) руските олигарси, митото, како што секој сега може да слушне на тајни снимки откриени минатата недела.
Неговите амбиции добро се вклопуваат во реалноста на неговите балкански партнери. Затоа, имагинацијата на етничките области не е навистина самоопределување. Се разбира, популистите од Доналд Трамп преку Штрахе, Матео Салвињи и Александар Вучиќ и Милорад Додик, сакаат да се пофалат дека говорат во името на „народот”. Дефинирањето на функција на популистите е дека тие се претставуваат себеси како единствени легитимни претставници на народот против лошите елити, без разлика дали се домашни или странски. Тезата дека само оние кои се легитимни, додека сите други партии во служба на странски интереси, ги прави вторите непријатели на плурализмот. Нивното разбирање за политиката е манијачно, добро против злото, при што тие се единствената сила на доброто. Таквото разбирање, се разбира, ја негира самата идеја за легитимен политички плурализам. Резултатите од изборите во неделата во северниот дел на Косово се најдобриот одраз на ова гледиште за светот. Кога српскиот листа победи со повеќе од деведесет отсто од гласовите, не постои плурализам и затоа единствениот потенцијален политички противник, Оливер Ивановиќ, кој беше убиен пред една година, се уште нема апсења.
Антидемократското разбирање на политиката е сонувач за етничките граници и тоа е длабоко вкоренето, а нивните предлози нема да ги „решат проблемите” – генерално, тие предлози не постојат – но ќе се креираат нова решение кое потоа повторно ќе им се понудат на нетрпеливи странци и сопственото население.
Последиците од овој говор се трагични – не само го одвлекува вниманието од вистинските проблеми, но ги намалува политичките актери кои ќе се соочи со реалните проблеми, и наместо тоа ги охрабрува оние кои нудат поголеми и подобри етнички области.
Германија пред неколку недели се обиде со помош на Франција да го врати лопшиот дух на етничките подлеби во ламбата и во тоа само делумно успеа. Преговорите за промена на границите веќе не е на менито, но алтернативата е се уште слаба. Се додека граѓаните на Косово не може да добијат безвизен режим со ЕУ, додека Северна Македонија (и Албанија) не се во преговори за членство во Европската унија, и се додека силно не ЕУ ги укори „предводничките“ Црна Гора и Србија, заради сериозни проблеми во владеењето на правото и демократијата, ќе преовладува на чувството за заглвеност. Тоа одговара на регионалната стабилност. Надарените и мотивираните граѓаните од овие земји си замнинуваат, а останатите се оковани, видливи се само како „луѓе кои гласаат” за владата за да ги задржат работните места или кога тие покажуваат лојалност за со сендвичи влезат во организиран превоз на митинзи за поддршка.