Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ОПАСНОСТА ОД ВИРУСОТ НА СВЕТСКО НИВО СЕ ЗГОЛЕМУВА, РАСПРАВИТЕ ОКОЛУ НЕГОВАТА ПРИРОДА ДОБИВААТ „ПАНДЕМИСКО НИВО“ (4)

March 31, 2020 Filed Under: Фељтон

Светските медиуми пренесуваат дека американскиот милијардер, Бил Гејтс, однапред ја предвидел појавата на новиот вирус, кој би можел да предизвика пандемија. Интересни се и погледите на еден од најбогатите луѓе на планетата и воедно голем донатор на ситуаицјата со пандемијата и ви го пренесуваме она што тој го изјави за магазинот „Сан“

НА ЗЕМЈА Вирусот не симна на земја, не врати кон вистинските вредности, не натера повторно да го изградиме нашиот дом

На 28-ми декември, 2018-та година, во магазинот „Сајент Алерт“, Бил Гејтс ги објавил резултатите од истражувањата од неговата Фондација за борба против светска пандемија.

Гејтс тогаш предупредил дека во наредната деценија може да избие мегапандемија од некој смртоносен вирус, кој во првите 6 месеци би однел 30 милиони животи и ќе продолжи експоненцијално да расте.

За да го спречи ова сценарио, Гејтс вложил 12 милиони долари во Центарот за истражување на вируси и изработка на вакцини за борба против нив.

Во презентацијата е објавена и видео-симулација од пандемијата, во која настанувањето и потенцијалното ширење на вирусот ќе почне во централно-источна Кина, од каде брзо, во првите 2-3 месеци, ќе се прошири кон Индија, Јапонија, Германија и Франција, а потоа и низ целиот свет.

Пред неколку месеци Гејтс објавил нова симулација под името „Настан 201“, како план за борба против претстојната пандемија.

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, објави моќна порака за тоа што можеме да научиме од пандемијата на Ковид-19.вп весникот „Сан“.
Според последните информации, болеста убила 17.138 луѓе, а заразени се 391.947 луѓе. Но, 64-годишниот мултимилијардер Бил Гејтс, кој донира 85 милиони фунти во борбата против вирусот, верува дека и покрај хаосот, постои духовна цел зад сето ова што се случува.
Под наслов „Што коронавирусот/Ковид-19 навистина нè учи?“, Бил Гејтс вели:
Силно верувам дека постои духовна цел зад сè што се случува, без оглед дали тоа го гледаме како нешто лошо или добро. Со вас сакам да го споделам она што сметам дека Ковид-19 ни го прави на сите.
1. Нè потсетува дека сите сме еднакви, без оглед на нашата култура, религија, професија, финансиска состојба или колку сме славни. Оваа болест сите нè третира исто, па така треба и ние да се третираме едни со други.
Ако не ми верувате, прашајте го Том Хенкс.

БИТКА Оваа болест сите нè третира исто, па така треба и ние да се третираме едни со друге – вели милијардерот
  1. Нè потсетува дека сите сме поврзани и тоа е нешто што влијае врз една личност, а таа влијае врз друга.
    Нè потсетува дека лажните граници што ги поставивме имаат мала вредност бидејќи на вирусот не му е потребен пасош.
    Нè потсетува, угнетувајќи нè кратко време, на оние во овој свет чиј живот постојано е угнетуван.

    3. Нè потсетува на тоа колку е скапоцено нашето здравје и како се обидовме да го занемариме преку јадење храна со слаби хранливи материи.
    Ако не се грижиме за нашето здравје, секако дека ќе се разболиме.
    4. Нè потсетува на краткиот живот и на она што е најважно за сите нас, а тоа е да си помагаме едни на други, особено на оние што се стари и болни.
    Нашата цел не е да купуваме тоалетна хартија.
    5. Нè потсетува на тоа колку материјалистичко стана нашето општество и како, во време на тешкотии, се сеќаваме дека најважни се работите што ни се неопходни (вода, храна, лек) наспроти луксузот на кој непотребно му даваме вредност.
    6. Нè потсетува на тоа колку е важно нашето семејство, и животот дома и колку сме го запоставиле.
    Нè принудува да се вратиме во нашите домови за да можеме повторно да го изградиме нашиот дом и да го зајакнеме нашето семејство.
    7. Нè потсетува дека нашата вистинска работа не е нашата професија, туку она што го правиме, не она што сме создадени да го правиме.
    Нашата вистинска работа е да се грижиме едни за други, да се заштитиме едни со други и да си бидеме од корист еден на друг.
    8. Нè потсетува дека треба да се ослободиме од нашето его.
    Нè потсетува дека без оглед на тоа колку големи мислиме дека сме и колку големи мислиме дека се другите, вирусот може да го запре нашиот свет.
    9. Нè потсетува дека моќта на слободната волја е во наши раце.
    Можеме да избереме да соработуваме, да си помагаме едни на други, да споделуваме, да даваме, да помогнеме и да се грижиме едни за други, или можеме да бидеме себични и да се грижиме само за себе.
    10. Нè потсетува дека можеме да бидеме трпеливи или можеме да паничиме.
    Можеме да сфатиме дека ваква ситуација се случила многу пати претходно во историјата и ќе помине или можеме да паничиме и на ова да гледаме како на крај на светот и да предизвикаме поголема штета отколку добро.
    11. Нè потсетува дека ова може да биде или крај или нов почеток.
    Може да биде време на размислување и разбирање, каде што учиме од нашите грешки, или може да биде почеток на циклус што ќе трае сè додека не ја научиме лекцијата што треба да ја научиме.
    12. Нè потсетува дека оваа Земја е болна.
    Нè потсетува дека треба да ја видиме стапката на уништување на шумите исто толку итно како брзината со која исчезнуваат тоалетните од полиците. Ние сме болни затоа што е болен нашиот дом.
    13. Нè потсетува дека по секоја тешкотија секогаш доаѓа полесен период.
    Животот е цикличен и ова е само фаза во овој голем циклус. Не треба да паничиме, и ова ќе помине.
    14. Бидејќи многумина го сметаат вирусот Ковид-19 како голема катастрофа, јас претпочитам да го гледам како голем поправувач.
    Испратен е да нè потсети на важните лекции што се чини дека ги заборавивме и од нас зависи дали ќе ги научиме или не.

АКЦИЈА Гејтс имал сознанија дека ќе се појави супервирус кој би убил 30 милиони лица за првите 6 месеци

Filed Under: Фељтон

КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ
MАЛА ФОРМА, ГОЛЕМА ПРЕТСТАВА: БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ ЗА МОЌТА НА МОНОДРАМАТА И СИЛАТА НА ЕДЕН АКТЕР
ЗОШТО СИТЕ ПУКААТ ПО ПП-ДБ?

Најново

  • КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
  • ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
  • БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet