На Балканот Вучиќ и Додик си прават натиго-дајми го во допингување на изборите, Подгорица чувствува ревизија на гласот на избирачите пост фестум, БиХ е блокирана од тој ист Додика во прозападните интенции а во Македонија како да успеа операцијата во која никој не веруваше – „Коеички скок“ најавена пред неколку години. Речиси според сценариото на таа операција од Љубљана, од градот од каде ни дадоа список на парите што ги добиваат македонските медиуми а за што никој не мрдна со прст…
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Дали постои некаков копирајт на моделот за избори применуван од режимот на Груевски во една од многуте махинации за кои го обвинува српската опозиција претседателот Вучиќ? Ова секако пред се’ произлегува од фактот дека моделот „гласачи од мала Преспа“ е во изобилство користерн при последните парламентарни, покраински и делумно локани избори во Србија на 17 декември годинава. Со оглед дека во оптек биле, според учесникот на изборите „Коалиција Србија против насилството“ и „бугарскиот воз“, модел што кај нас го воведе партијата ВМРО ДПМНЕ благодаејќи на своите врски со источниот сосед – нивниот сегашен „смртен непријател“ – може секако да се говори за шаренолик арсенал на нелегални форми на добивање односно сочувување на автократската власт од целиот регион. Можеме ли да говориме и за операција за трајна нестабилност во регионот која се крие во рускиот шинел на глобалната политика?
ГЛАСАЧКИ РЕВИР ОД СОСЕДНА ЗЕМЈА „Забележани се голем број гласачи од Пустец од страна на граѓани кои пријавуваат неправилности во Цивил, а и од страна на набљудувачите.
Набљудувачите на Цивил на гласачко место во Кисела Вода забележале гласач од Пустец кој се обидел да гласа иако бил обележан на двата палци со мастило. Откако реагирале од избирачкиот одбор, тој избегал. Истата ситуација ја имало и во едно гласачко место во Центар.
Набљудувачите на Цивил информираат дека гласачи од Пустец биле забележани и на гласачко место во Бутел. Според добиените информации, овие гласачи биле донесени со жолто комбе со албански регистерски таблички“ – стои во текст на Цивил https://www.civil.org.mk/glasatchi-od-pustz-vo-kitchvo-rsn-i-vo-skop/?lang=mk
Во текстот потоа се забележани такви „гости“ што никако не можат да се снајдат на градските улици и во Аеродром, како гласаат во училиштето „Браќа Миладиновци“, во Ресен, каде гласачите од Мала Преспа се носени со автобус, а потоа разнесувани со автомобил низ градот. Истиот случај се повторил во други градови а само во Центар имало околу 2.000 гласачи од овој регион на Албанија кои имаат лични карти во Македонија. Цивил констатираше дека овие гласачи кои ги има на избирачкиот список, не живеат во местата каде што се заведени на Избирачкиот список.
Како што беше иобјавено во т.н. „бомби на Заев“ (https://dosie.mk/sluchaj-titanik-glasachite-od-pustets-bi/) сосема е јасно дека се работи за добро разработен систем во кој се вклучени партиски функционери, одговорни за избирачките списоци и за издавање на лични исправи кои довеле до сериозна „надградба“ на избирачкиот потенцијал на ВМРО ДПМНЕ, на чело на тогашната власт која успева да оствари превласт и онаму каде објективно би изгубила од тогашната опаозиција.
Билјана Бришкоска Бошковски била одговорна и главна за гласачите од Пустец кои гласале во општина Центар на локалните избори во 2013 година. Покрај неа тука биле вклучени во голема мерка Миле Јанакиевски и Јанушев, лица што нашиот корумпиран правен систем главно ги ослободува од заслужените долготрајни затворски казни, заслужени по многу основи.
– Подобро е во Центар да гласаат овие од Кавадарци, Неготино, овие од Мала Преспа не знаат да зборуваат македонски, вели Јанакиески.
-Не е точно, сите се Македонци и зборуваат поубаво македонски од оние во Кавадарци и Неготино. Политературно зборуваат од Стојан Андов, му вели соговорникот на Јанакиески, но додава дека и тој е против да гласаат зошто биле испечени од сонцето, па ќе ги препознаеле дека не се од Џентар.
– Јас да сум од СДСМ ќе направам скандал, ќе го прекинам гласањето – му вели соговорникот на Јанкиески, на што тој се согласува.
Во друг разговор меѓу Јанакиески и актуелниот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев, тогаш вработен во Министерството за транспорт, Јанакиески му наложува да се јави во авиокомпанијата Визер и да обезбеди два авиона од странство со гласачи за Кичево.
-Јави се во Визер. Ако не, јас да се јавам! – вели Јанакиески, на што Јанушев му одговара: „А бе нема слободни линии, чартер се овие“.
Во телефонскиот разговор се слуша Јанакиески: „300 од Тревизо, 120 од Швајцарија, и да ги обезбедиш!“.
Пред оние „историски“ парламентарни избори во декември 2016 година
Цивил ќе констатира (https://clp.mk/fantomit-go-sardisaa-rsn/) дека „Избирачкиот список е затворен на синоќешната седница на ДИК, но не само што не е исчистен, туку е преполн со идентитети коишто реално не живеат во општина Ресен. Доколку не се преземат мерки навреме, ќе се појават и овој пат, на денот на изборите, за да гласаат за владејачката партија, како што впрочем, правеа и на последните избори во април 2014-та година“.
Извесно бришење на избирачките списоци (став на авторот на текстот) од лажните бирачи се забележа само на локалните избори во 2017 година, од пусти страв на претходните лажирања на изборите, за потоа се’ да врати на старо, кога се виде дека сега актуелната опзоција пак ги врати старите списоци на кои има се’ и сешто видено само од опозицијата; иако сега е на власт актуелчната лево-центристичка коалиција се покажува имун кон девијациите со избирачките списоци, иако тие можат да бидат и пресудни! ВМРО ДПМНЕ, кога се работи за „прекубројните“ се’ уште ја има златната рипка во „Палата Татарчев“.
БЕЛГРАДСКИ КОПИРАЈТ Иако гласачите на вонредните парламентарни избори во Србија можеа да избираат меѓу политички алтернативи, а слободата на говорот и собирањато генерално беа почитувани, притисоците врз гласачите, како и големото учество на самиот претседател и системската предност на владејачката партија – генерално го поткопа изборниот процес, соопштија.меѓународни набљудувачи (https://www.glasamerike.net/a/oebs-izbori-u-srbiji-reagovanje/7402612.html).
Како што е наведено во соопштението, има бројни проблеми кои треба да се решат, а на овие избори набљудувачите констатираа злоупотреба на јавните ресурси, отсуство на граница меѓу извршувањето на јавната функција и активностите во кампањата, барања и притисоци врз гласачи, како и купување гласови.
Факт е велат во 90-тите режимот на Милошевиќ се служел за нелегални средства за да добива избори, сепак , како што вели Александар Бауцал од Центарот за социјална политика, тогаш никому не му паднало на памет да носи луѓе од други земји да гласаат на изборите во Србија, како што сега се случувало. И тогаш и сега има власт која не прифаќа изборите да се одвиваат во фер и слободна атмосфера за да можат граѓаните да го кажат своето мислење:
Доколку опозицијата во Србија одлучи да не се обиде да ја бара правдата на улица, останува прашањето колку е можно да се реши настанатата криза со повторување на локалните избори во Белград во ситуација кога властите се уште ги држат сите конци во свои раце.
Според зборовите на професорката Иванка Поповиќ, пред да се повторат изборите, на сите граѓани на Србија мора да им се овозможи слободен пристап до сите информации за да можат слободно да избираат. „Тогаш можеме да видиме каков би бил исходот од гласањето на луѓето кои ги имаат сите информации пред себе. Додека имаме вакво медиумско поделено општество, каде што едната група мрази одредени вистини, а другата група има можност да ги гледа и двете, ние имаме голем проблем“, истакнува соговорничката на Гласот на Америка.
Ова мислење го издвојуваме, бидејќи, во споредбата со земјава и кај нас и кај Србите имаме силна монополизација на клучните медиуми кој оневозможија било какво фер натпреварување за гласачите.
Проценка на опозицијата и нејзините приврзеници кои веќе секоја вечер протестираат пред Републичката изборна комисија барајќи да се елиминираат гласовите на најмалку 40.000 гласачите донесени од Босна ама и од некои градови во Србија каде немало локални избори. Влогот на власта во успехот со донесените гласачи (или квази гласачи) некаде, по некои проценки, оди и на бројка над 70 илјади! (продолжува)