Постојат многу теми поврзани со изборите во Србија. Новиот бран на незадоволство па и шок кај либералната јавност на Полуостровот секако не дозволува брзи заклучоци, иако некои позиции се сосема јасни
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Кремљ може да се радува на она што сега постои како резултат од изборите во Срнија, особено од одличните комуникации кои го положиле тестот на 17 декември. Босански автобуси, гласачи што ги обезбедила Републчика Српска и тоа и преку двете српски партии (владеачката и опозиционата), организациите кои се подготвени да учествуваат во матни работи во Црна Гора му се најдоа на Вучиќ при изборите; официјалната политика во Подгорица направи чекор назад со дозволувањето на просрпскиот сегмент да ги сопре прозападните тендеции и определувања! Дали операцијата „Коњички скок“ (https://civilmedia.mk/ifimes-predupreduva-operatsijata-konichki-skok-za-vrakane-na-gruevski-vo-finale-na-realizatsijata/) на која предупреди ИФИМЕС пред две години се оствари, се прашуваат многу аналитичари?!
Гледаме дека надворешните притисоци врз проруските партии не вродија со плод за исполнување на банален услов на Унијата за продолжување на преговорите со Унијата (втора фаза). Ретроградната опција, изведена со надворешни инструкции и со помош на внатрешните сили (десницата) во Македонија реализираше некои цели
https://www.glasamerike.net/a/srbija-crna-gora-izbori-mandic-vucic-sns/7403965.html
– Заев си поднесе отставка, локалните избори беа катастрофални за владеачките партии а и покрај успешното совладување на неколкуте сериозни кризи, како дел од светските трендови, екипата на Ковачевски е таа која треба да стрепи од својата позиција во јавното мислење! Додуша не е се’ како во „Коњичкиот скок“ – дојде до судир и меѓу оние сили кои требаа да го вратат стариот премиер од Будимпешта и оние кои си ги чуваа партиските позиции, се измешаа некои бизнис интереси и дојде до делумна поделба на десното идеолошко – претприемачко крило во државата, но од аспект на Кремљ позиџиите на неговите стратези не стојат лошо! Еве една слика во пподршка на таа теза.
„Интересно беше, на прославата на изборните резултати на Александар Вучиќ, да се видат Милорад Додик и Андрија Мандиќ… Не знам дали тој (Мандиќ) се изедначи со Додик таа вечер, но мислам дека граѓаните можеа да видат дека тоа било намерно или не, но дека тој (Мандиќ) е на списокот на луѓе кои Вучиќ многу јасно и лесно ги контролира и ги има како продолжена рака во разни држави, или делови од држави надвор од територијата на Србија“, вели аналитичарката Николета Ѓукановиќ.
((https://www.glasamerike.net/a/srbija-crna-gora-izbori-mandic-vucic-sns/7403965.html).
Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, коментирајќи го присуството на претседателот на Парламентот на Црна Гора Андрија Мандиќ на конференцијата на која Александар Вучиќ ја прогласи изборната победа, рече дека смета дека „Мандиќ немал место во ниту еден изборен штаб во Србија и дека ова не е добра порака“. Впрочем, притисокот од Белград врз Подгорица и победничката партија на изборите („Европа сега“) ја вклучија српската опозиција во поделба на власта, веќе изгубена, го одложија пописот на населението и прифатија многу условувања во врска со тоа. Да не одиме понатаму. Од тој развој на ситуацијата не се задоволни ниту во НАТО, ниту во ЕУ.
Проширувањето на интересите на „руската земја“ (неодамна повторена и образложена дефиница во последниот Путинов говор) на Балканот и убавото преклопување со „српската земја“ на Вучиќ убаво се гледа во споменатата фотографија: Додик прв му ја честита победата на српкиот претседател со бакнеж пред камерите и застана во вториот ред на пресот, за да се види нивната блискост со Вучиќ кому со прилив на гласачи му ја врати победата на последните избори во Белград. Како враќање на долгот откако претходно Додик имаше изгубени избори за претседателска функција во РС, но наоплив на нови контингенти од преку Дрина ситуацијата битно се поправи и тоа во избори што траеја место до 8 часот навечер, до 3 часот следниот ден наутро! Да се добројат новодојдените гласови… Додик, зорле победникот, останува најверен Путинов протагонист и постојано (до 101 и назад, што се вели) го блокира патот на БиХ во Европа и кон НАТО. Дојде време и Додик му враќа на Вучиќ.
Белградскиот притисок вроди со плод во Подгорица, На Македонија и се закануваат познати сили и од внатре и од надвор кои имаат свои пипала со Москва, без сомнение… Што вели Мицковски, на свој начин „до 101 и назад“ или „… ако треба инает и 100 години ќе минат ама нема влеземе во ЕУ. Впрочем, од под шинелот не излегува ниту грам демократија, смисла за општа добробит, толеранција и развој на демократските институции. Само ѕирка заробената држава, која еднаш и ја вкусивме и која како медуза се уште не дави со својата долготрајна токсичност.
(крај)