Во мигот главната опозициона партија се бави со барање на мотив за скепса во се повидливата одлука на ЕУ во однос на почнувањето н преговорите со нашата земја. Поддршката на медиумите во таа намера е помалку или повеќе видлива, а молкот на главната опозициска партија ја заменуваат „експерти“. Најзапенавен е коментарот на поранешната кандидатка за претседател – Гордана Силјановска
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Оние кои го следеа последното издание на емисијата „Вин, вин“ на каналот на Телма и обидот на водителката Оливера Трајковска, да најде влакно во јајцето на одлуката на Бундестагот да ја поддржи нашата земја во отпочнувањето на преговори за влез во ЕУ, забележаа дека гостинот Борис Георгиевски од Дојче Веле стави една до некаде дискретна забелешка во насока на упорното „ситничарење“ шато пак е само една епизода од медумската „аналитика“ по ова прашање. Навистина, што би се рекло, според оценката на Георгиевски а искажана со наши зборови, се гледа дека постои дување во матеница и тоа целосно непотребно: документот на поддршката на најмоќната земја во Унијата, Германија е така скроен, што не претставува некаква ограда кон нашите амбиции туку и има во себе енергија која ги притиснува можните скептичари (Франција и Холандијаи евентуално трети) да ги симнат сите можни резерви во овие земји.
Да се потсетиме на егзалтација во власта кога Бундестагот во четвртокот одобри почеток на преговори за Северна Македонија со ЕУ
Пратениците во германскиот Бундестаг тоа го сторија со големо мнозинство и одобрија на владата да се заложи за отворање пристапни преговори со Република Северна Македонија. За предлогот гласаа и власта и дел од опозицијата. „За“ гласаа 476 пратеници, против 122, а 16 беа воздражани.
Како што пренесе Дојче веле на македонски јазик, во дебатата која траеше нешто повеќе од половина час, пратениците на владејачките ЦДУ/ЦСУ и социјалдемократите изразија поддршка за реформските напори на Скопје и во повеќе наврати го наведоа Преспанскиот договор како големо достигнување за целиот регион.
Она што беше тоа „влакно во јајцето“ делот на резолуцијата каде владејачката коалиција бара да се гарантира дека реформскиот курс и заокружувањето на потребните реформи ќе бидат одржани. Се додава дека Северна Македонија мора да преземе дополнителни напори за да ги исполни критериумите за членство во ЕУ, особено во делот на владеењето на правото, ефикасноста на Специјалното јавно обвинителство, борбата против корупцијата и организираниот криминал и засилување на институциите за заштита и подобрување на човековите права. Георгиевски објаснува дека токму тука се цели на додатно мелење на некои островца на евентуална скепса во некои држави бидејќи се остава простор – да го наречеме тоа така- на засиленм надзор, ама мора да се знае дека секое од поглавијата за кои акциските планови предложени од Европската комисија мора да добијат јасни рокови, чие исполнувања, кога ќе се преговара за нив, сами по себе се веќе некакво решето. Го гледаме тоа и на примерот со двете земји од регионот – Црна Гора и Србија кои не минуваат лесно во туркањето на реформите, барем не во ниво кое би ги задоволило оценувачите од Брисел.
Битно е дека и сигналите од Франција и Холандија се исто така поволни и што „бугарското капричо“ со потеклото на Гоце Делчев исто така наиде на внатрешна кочница и тоа се чини пред се кај премиерот Борисов, кој рече дека не смее да се случи таква „историска утка“ со гласање против започнување на преговори на Северна Македонија, смирувајќи го врвот на власта, пред се претседателот Радев, вицепремиерот (бугарскиот Шешељ) – Караачанов и министерката за надворешни работи Захариева. Борисов тоа го најави и при последното гостување во Скопје а фактот дека ниту нашиот премиер збор не изусти во однос на однесувњето на софиските „историчари“ наветуваше дека постои договор оваа тема да се тргне од ринглата.
Во целата ситуација, гледано од внатрешен аспект најразочарана е партијата на Мицковски која има се помал простор, да не речеме дека виси над провлаија кога се надворешно политички моменти во прашања во одмерување на силите со своите политички противници. Поддршката за НАТО е на ниво кое не овозможува никакво профитирање со инаетењето по било кој, па и измислен основ. Прашањето на преговорите со Брисел исто така не можат да исцедат добивка за Мицковски. Факт е дека, на пример, во четвртокот, Телма и некои други тв станици најавите во вестите ги концетрираа на „експерти кои се скептични “ и после одлуката на Бундестагот, додека јасно издвојување имаше најавата на вестите на ТВ 24, која пак искажа целосен оптимизам кај своите експерти!
Кога се партиите во прашање, издвоената пратеничка група, осуммината од ДПМНЕ беа единствени на десната страна на политичката карта на земјава кои испратија телеграма со благодарност до амбасадорот на Германија кај нас – Герберих и му заблагодарија за поддршката кои ја добиле од страна на неговата земја во мигот кога биле под страшен притисок да не гласаат за промените на Уставот. Тие не го споменаа тој момент со Уставот директно, но во доволна мерка го прават извесен како „тој момент“. Телеграмата е секако една форма на политичка маневра со која се избегнува да се споменат многу други фактори кои донесоа до „придвижувања во општеството“ што го споменува Елизабета Канчевска Милеска и колегите а не споменуваат кои се тие активности со кои тие самите би го продолжиле овој процес на приближување на земјава до Унијата и што се промени во општеството, за да не излезе дека некому со телеграмата би му користеле освен што покажаа респект кон амбасадорот од канцеларијата во населбата Козле.
На сајтот на ВМРО ДПМНЕ нема ниту трага од било каква релација (!) на оваа партија кон чинот на отворање на вратите на Брисел кон нас. Сите теми се напади кон СДСМ за некои наводни афери, за лоши економски резултати и слично. Нема никаква надворешно-политичка тема. Од друга страна активноста која ја најави претседателот на оваа партија во Битола за отпочнување на нова „офанзива на терен“ во две фази – посета на градови, како прво и сослушување на мислења на граѓани, а потоа изработка на платформа со која (веројатно) би се одело на избори, што сумирано укажува на реално спуштени топки во однос на очекувањата на блиц пресврти во сферата на крупната политика.
И на Мицковски му е јасно дека есенвата не може да биде жешка со овие зацврстени позиции на Илиденска број 2 во однос на амбиците кај евроатланските интеграции. Би било лудост сега да се атакува на Заев на отворено. Тоа најдобро го покажува ставот на поранешната кандидатка за функцијата петедател на Републиката – Горана Силјновска. Во еден конфузен текст во кој отпрвин ги напаѓа отстапките на земјава за да влеземе во НАТО и во ЕУ, таа поминува на теренот на „убедување“ на овие наднационални организации да не не примат кај себе… „По тони ’изедени’ моркови од политичките клептомани и по дузина искршени стапови по нас, граѓаните, редно е ЕУ, за да си го сочува кредибилитетот во однос на проширувањето, соочена со БРЕГЗИТ, да престане да се однесува ЕВРОМАНДАРИНСКИ и да им каже ’да’ на македонските граѓани, но и ’не’ на политичарите на власт, за да не ги охрабрува и поттикнува предизборно нивните ниски политички страсти“ Ова е цитат од нејзиниот последен фејсбук стату. Ете, гледаме во која грмушка лежи диносаурусот: во чувството на антиевропските, атавистички сили дека целосно го губат тлото под нозете.