Преку овој случај Мицвковски сакаше ем да и наштети сериозно на власта, ем на своите внатрешни ривали. Но во мигот повеќе нема да бидеме само земја на збунети „џандари“, туку сме правно општество во кое е најпосле најден методот – удри ги по парите и криминалците ќе се свестат
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Настан што ја одбележи третата недела на февруари секако беше бегството на Сашо Мијалков, во очи на изрекувањето на пресудата во случајот „Таргет – Тврдина“.. Следната недела веста за насловна страница беше доброволното пријавување на бегалецот во Обвинителството, а потоа и казните кои нему и неговите извршители им ги изрече Кривичниот суд. Одекот на последниот настан во стручната јавност е главно позитивен, не толку за предавањето на бегалецот, колку од судските одлуки, вклучувајќи го и притворот во Шутка. Но некои енигми овој случај сепак остави во воздухот и тие ја валкаат сликата.
на задоволното општество, поставена во Салонот на конфликтите.
ВИСТИНСКИОТ АСПИРИН Останува впечатокот дека поранешниот шеф на ДБК изгледа сега порелаксирано сега од мигот кога ехото на бомбите влезе во многу ќошиња и на најветвите простори на државата. Како што рече една колешка, позната по своето додворништво кон големите ѕверки, „бомбите“ објавувани во приодот на 2015 година „го скршија чаламот “ на Миалков и го избришаа стравот од неговото подигнување на левата веѓа кај граѓанството, бидејќи тие се читаа како форма на маркирање на идната жртва а потоа и нејзино казнување!
Фактот што тој дојде пред Обвинителство 40 часови по исчезнување од полицискиот радар, со објава дека го нашол вистинскиот аспирин ппротив ковидот во повој, а каде го чекаше еден новинар и ја одново го врати неговиот имиџ дека е „дечкото во филмот“ кој треба да го голтнеме. Просто сакале или не, бидејќи сите други толкувања на тој настан се под нивото на сторијата на другите актери во аферата. Тоа набргу го почувствува самиот премиер кој мина полошо со својата приказна дека тропнал со раце на масата, каде седеле неговите министри и ја турнал извршната власт во потера која мора да даде резултати. Да се разбереме, во прашање е ефектот на позата, каде Мијалков се покажа во својата лика на уличерн фраер кој со помош на кланот на неговиот покоен татко дојде до тоа да биде најмоќниот чобек на државата. И тој понатаму влезе на истиот колосек.
За волја на вистината потерата даде резултати уште претходниот ден по исчезнувањето на Мијалков, кога во Третата полициска станица во населбата Пролет, се донесени членови на неговото семејство и личното обезбедување, на информативен разговор, каде секако не се добиени задоволителни резултати, но на дојденците им е предочено дека во КЗ постои член „организирање и помагање во бегство“. Веројатно и не толку дискретно им е посочено дека имотот штом се користи во фамилијата, вклучувајќи го и хотелот „Мериот“, врвниот показател на моќта на Мијалков, истопорчен среде Градскиот плоштад, ќе бидат ставени во „аут“. Ова даде резутат како што веднаш се постави прашањето – зошто тоа не е правено во слични ситуации претходно? Одговорот е еден – се немало ниту желба а ниту зорт во однос на штетата по власта! Сега е ситуацијата многу посериозна. Па, повеќе нема да бидеме само земја на збунети „џандари“, туку сме правно општество во кое е најпосле најден методот – удри ги по парите и криминалците ќе се свестат за ровитоста на својата позиција.
КОРОНАТА ПРЕМИНА ВО ПАРТИЈАТА Но, опозицијата, пред се шефот на ВМРО ДПМНЕ Мицковски, удрија на барабаните дека се работи за дил – ти Мијалков ќе дојдеш на суд, ама ние, државата, ќе ти го олесниме потоа патот до слободата. Во таа насока се протолкува давањето на мерка домашен притвор место очекуваното преноќување во Шутка и отловикувањето на обвинителката Русковска на таа мерка, бидејќи „клиентот“ сам се предал, што му е земено, сепак, како олеснувачка околност.
Тврдењето, одново на ВМРО ДПМНЕ дека тоа е илустрација на некаков дил межу Мијалков и власта, го сруши во петокот заменичката обвинителка Ленче Ристовска, која по пресудите за дружината обвинета за масовните прислушкувања, побара мерка притвор во затвор за двајца од осудените. Беше тоа секако ладен туш за опозицијата, што веројатно доведе до пад на имунитетот на Мицковски и негово разболување од ковидот!
За оние од Шампитата секако дека актулчниот развој на настаните во овој случај значи многу непријатна позиција. Тие играа на правење на своевиден пандан на аферата „Рекет“, во што играа на онаа комбинација „две во едно“ : ем со отсуството на Мијалков ќе се разбијат „движењето на отпорот“ во сопствените редови (коалицијата Мериот), ем се создава атмосфера на можен пад на премиерот и владата.
За таа политичка дружина од најскапата партиска зграда во Европа практично најдобрата опциоја беше Мијалков да го нема, по можност да побегне од земјата, ако не веднаш, може и во некоја недела потоа, за да се торпедира конкуренцијата во сопствените редови. Но, ќе беше добро секако и да се лула секој ден владеачката гарнитура со банални закачки за да „осветли“ некадарноста на правната држава да се справи со организираниот криминал.
Короната кај лидерот на црно-црвените, која засега е се чини од лесна форма, што се лежува во домашни услови, сепак ќе потрае – во разврската засега се во подобрена позиција на ранг листата на вредности и извршната власт, потоа обвинителството а на крајот и судот, кој чинам по подолго време се покажа непоколеблив и праведен.
– Денешниот ден е важен, бидејќи е осуден човек на кој многумина во минатото се плашеа да му го споменат името, изјави универзитетската професорка по казнено право, Беса Арифи во емисијата „360 степени“.
Таа вели дека е многу важно што случајот „Таргет-Тврдина“ добива правна разрешница, а судот испрати важна порака.
„Овој ден е важен, затоа што еден многу силен човек од кој многумина се плашеа да му го споменат името, го викаа „сенка“, братучед, денеска завршува како осуден човек од прв степен со доста сериозна казна од 12 години затвор. Во оваа насока мислам дека судот со ваквата пресуда испрати порака ваквото кривично дело е тешко дело и не треба да се повтори од секој кој што може да дојде во позицијата на сила како што имаше Мијалков“, рече во своетѕо гостување професорката Беса Арифи.
Таа вели дека од сите случувања изминативе денови, најспорно е што по неговото враќање од бегство, тој беше во домашен притвор наместо во нормален.
„Тој не се врати доброволно, му беше извршен притисок и затоа за мене е спорен моментот што по неговото враќање тој замина во куќен притвор. Затоа што, лице кое е во бегство и се вратило под притисок да го стори тоа, а не доброволно, не смее да оди во куќен притвор, и не требаше да има олеснителна околност. Да беше некој друг, без сомнение дека од враќањето од бегство би отишол во нормален притвор“, вели Арифи.
Да споменеме дека Сашо Мијалков доби 12-годишна затворска казна за случајот со масовното незаконско прислушување. Ова е веста на денот и таа го менува јавниот дискурс низ кој деновиве се перципираше и коментираше бегството на Мијалков. Меѓу осудените е и тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Со првостепената пресуда се констатира дека прислушувањето е вршено во тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање, а не со жолти комбиња.
Одлуката ја донесе петчлениот судечки совет во состав: Џенета Бегтовиќ како прв судија, Владимир Туфегџиќ како втор и тројца поротници. Вкупно 55 години затвор и 10 години условен затвор тежи
предметот „Таргет-Тврдина“, кој е дел од аферата со масовното нелегално прислушување, односно се однесува на самото следење
„Сметам дека казната е драконска. Да се даде максимум за секое поединечно кривично дело каде што е поднесен обвинителен предлог навистина е правен преседан. Нема да најдете во аналите на правосудството ниедна пресуда каде што за обвинителен предлог е дадена максимална казна затвор“ – изјави адвокатот на Мијалков – Шврговски, инаку поранешен јрепублички авен обвинител.
Како дилема околу која правната држава секако ќе ја боли глава во непосредна иднина е решението како да се продолжи затворскиот притвор за Мијалков, бидејжи тој може да излезе од затвор после 50 дена аопроцесот во Апелација може да се отегне на година и пол,,според правни експерти. Следната главоболка може да дојде од Стразбур, но за тоа секако е неопходен друг текст ,заради компликуваноста на случајот.