ДЕСТАН ЈОНУЗИ
Истрагите на американскиот Стејт департмент, по кои бизнисменот (олигархот) Орце Камчев, се најде на „црната листа“, треба да бидат поттик за државните институции за сериозна истрага со полн капацитет, вели за „Фронтлајн“ правникот Ќенан Алиу, зборувајќи за американското досие за корупција против Орце Камчев и други.
Тој вели дека „црната листа“ е инструмент на американските институции за таргетирање на организираниот криминал и разни активности во однос на безбедноста, протокот на пари итн. Сепак, додава тој, ова правно само дава сериозни индиции дека надлежните органи во државата треба да преземаат чекори за неопходни и комплетни постапки согласно позитивните закони.
– САД се лидерот што ја спроведува парадигмата за безбедност, демократија и владеење на правото во земјите од Западен Балкан и пошироко. Судството во Северна Македонија мора да го третира ова со голема сериозност и итност. Тоа се однесува и на физички и правни лица. Олигархот Орце Камчев, поточно, една од неговите фирми вклучена во оваа листа, се забележува дека работи со неконтролирано злоупотреби, влијание врз институциите и профит на сметка на граѓаните на оваа држава, а тоа е колку вознемирувачко, толку и жално, бидејќи богат поединец можел да манипулира со диктирање политики на државата, со влијание. Ова штети на благосостојбата на граѓаните. Затоа, наодите на американскиот Стејт департмент треба да бидат сериозен поттик за истраги со полн капацитет, изјави Алиу за „Фронтлајн“.
Според него, само законската одредба може да ги елиминира овие типови политичари и олигархци од сцената, бидејќи презумпцијата на невиност повеќе тежи на страната што ја поднела пријавата отколку на обвинетиот.
Политикологот Благојче Атанасоски смета дека нашиот судско-обвинителски систем, со чест на исклучоци е приватизиран сите овие три децении на независност, токму од олигарси и тајкуни како споменатиот Орце Камчев.
– Ставањето на американската црна листа оди во таа насока да се стесне неговиот маневарски простор за бегство од правдата, но не е секако дефинитивно право дејствие кон него. Обвинителството треба да покрене детална истрага за Камчев, ама и досега покренувало, па сме гледале со свои очи како завршувале тие „истраги“. Едноставно, отворањето на поглавјата со Европската унија одат и во таа насока, Македонија да се ослободи од канџите на 30-тина фамилии кои во овие 30-тина години на самостојност ја приватизираа, ја парцелизираа, ја девастираа, деградираа и уништија до степен да биде последната дупка на Балканскиот полуостров, или како што јас ја нарекувам „Молдаваија на Балканот“, односно најнеперспективна земја за живеење, вели Атанасоски за „Фронтлајн“.
Македонија, подвлекува тој, е киднапирана од тие фамилии, распослани со својата моќ во сите општествени сфери на институциите на системот и контролираат сѐ.
– Единствено реформите преку преговарачкиот процес со ЕУ, може да ја (видо)изменат оваа неподнослива состојба, и работите колку-толку да тргнат во некоја нормализирачка насока, подвлече Атанасоски.
Кои сѐ државјани на Северна Македонија се на „Црната листа“ на САД?
„Црната листа“ ја составува Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД. Досега, дел од оваа листа беа околу 12 имиња, главно политичари, но од април 2022 година беа додадени поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков.
На „Црната листа“ се „закачи“ и актуелниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко и македонскиот бизнисмен (олигархот) Јордан Камчев, кои се обвинува за корупција и коруптивни активности кои ги засегаат институциите во државата.
Но, кои други луѓе се дел од оваа листа?
Абдул Јашари, познат како Ал Албани од Скопје, кој е поврзан со терористичката организација Фронт Ал Нусри од Сирија.
Потоа, на листата се: Љубе Бошкоски, Мендух Тачи, Џеват Адеми, Гафур Адили, Нури Беџети, Невзат Халили, Џавит Хасани, Кастриот Хаџиреџа, Џемаил Хисени, Даут Реџепи, Џезаир Шаќири…
Корупцијата на Камчев е и предавство на народот на Северна Македонија
Американската амбасадорка Анџела Агелер изјави дека ставањето на Орце Камчев на таканаречената црна листа на Министерството за финансии на САД е уште еден показател дека САД ќе ги употреби сите алатки за да ги стави под одговорност сите оние кои се вклучени во коруптивни активности, без разлика на нивните позиции и моќ.
– Злоупотребата на моќ, корупцијата на Камчев е и предавство на народот на оваа земја. За С. Македонија да ги надмине предизвиците кои се пред неа и на патот кон ЕУ, корупцијата не смее да помине неказнето. Институциите овде треба да продолжат понатаму според законите на С. Македонија. Се надевам дека луѓето на оваа земја ќе бараат одговорност од луѓето на позиции, порача Агелер.
Таа напомена дека важна улога во процесот на барање одговорност имаат и медиумите, кои треба да продолжат да ги бараат одговорите од властите во Македонија.
Јордан Орце Камчев е роднина на поранешниот директор на македонската тајна полиција Сашо Мијалков и поранешниот премиер Никола Груевски, кои исто така се осудени на долгогодишни затворски казни за злоупотреба на службената положба, а се соочуваат и со други судски постапки.
Камчев, во случајот познат како „Парцели на Водно“, беше прогласен за виновен за вмешаност во шема за перење пари поврзана со незаконско купување земјиште за градење. Тој беше осуден на една година затвор, но времето на казната го помина во притвор од март 2021 година до јануари 2022 година, кога беше ослободен со банкарска гаранција од 11 милиони евра, дека нема да бега од органите на правдата во однос на другите истраги, вклучително и случајот „Империја“ за перење пари и други проневери.
Камчев е директор на компанијата „Орка Холдинг“, која во 1990 година ја основа неговиот татко. Тој имал врски со друга компанија „Ексико“, која според Мрежата за истражувачко новинарство (ИРЛ), постоела „само на хартија“. Сопствениците на оваа компанија поврзани со многу други фирми во странство главно биле користени за нелегални активности.
Камчев е косопственик на приватната болница „Систина“ во Скопје, но и на многу други бизниси во и надвор од Северна Македонија. Својот бизнис во Бугарија го проширил со синџир болници, додека заедно со рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко работат и во Русија.
(frontline.mk)