ЉУБИША СТАНКОВИЌ
По сите афери и скандали кои го следат години наназад, последниве некплку месеци Орце Камчев се јавува и како „чувар на нашето здравје“, најпрво со сомнителните корона тестови, а сега и со заштитни маски со лажни и невалидни сертификати
Многу ме возбуди информацијата дека во неколку болници во државава биле доставувани кинески заштитни маски ( КН -95) со лажни и невалидни сертификати. Можеби мојата првична возбуда немаше да премине во нервоза доколку како набавувач не беше спомената и фирмата „Систина фармација“, сопственост на осомничениот Јордан (Орце ) Камчев. Човекот кој, години наназад, се јавува во речеси сите корупциски скандали, сега повторно е на „негов терен“, односно на полето на медицината!
Имено, пред само неколку месеци Камчев се појави со некави си тестови за утврдување на присуство на корона вирусот и требаше само малку време да се покаже дека истите тие тестови се со сомнителен квалитет, дека чинат „ич пари“ и дека за нивна употреба се плаќа повеќе од 20 евра. Камчев, по скандалите со подмитување на Боки 13 и со (и)легалното финансирање на изборните кампањи на ВМРО-ДПМНЕ, како и о сите објавени видео и аудио снимки, наместо да замолчи и да се сокрие почнува са галами – се рабира преку неговите мегафони и тврди дека тој е во право, ама дека лажат медиумите и секако министерот за здравство Венко Филипче.
Оние што го познаваат Камчев ќе кажат дека таквото однесување и личи на него, но кога сме веќе кај скадалите се поставува прашањето: дали медицинскио персонал навистина бил заштитен со меските што ги продал Камчев и дали пацинетите дополнително не ризикуваат со така незаштитените медицински лица?
Да сме нормална земја немаше никогаш да дозволиме здравјето на граѓаните да зависи од луѓе како Орце Камчев. Колку само заради споредба треба да се се споменат скандалите кои во моментов се случуваат во Словенија и во Босна и Херцеговина.
Само поради извршена набавка на заштитна опрема и респиратори за тешко болни од КОВИД- 19 министерот за здравство на Словенија, Томаж Гантар, си поднесе оставка, а отставки си дадоа и министерот за внатрешни работи Алеш Хојс и директорот на полицијата Антон Травнер, додека како главен осомничен се води министерот за економија Здравко Почивалшек. Обвинувањата се дека набавката била направена по повисока цена од пазарната и дека при изборот одредени фирми биле фаворизирани.
Нормално дека владеачките партии сакаат на овој скандал да му дадат еден поинаков призвук, но скандалот е таков што се бара оставка на премиерот Јанез Јанша, кој, како што е веќе оознато во 2014 година, во аферата наречена „Патриа“ вредна 278 милиони евра, беше обвинет за корупција и беше осуден на две години затвор.
Ако сакаме правна држава и владеење на правото, тогаш словенечкото искуство треба да го имаме во предвид!
Нешто слично на аферата во Љубњана, се случува и во Босна и Херцеговина. Во БиХ недостасуваат исптравни респиратоти, во државниот буџет недостасуваат 5,3 милиони евра, но „недостасува“ и федералниот премиер Фадил Новалиќ.
Новалиќ, само поради изборот на фирмата „Сребрена малина“, фирма која се занимава со увоз и извоз на овошје и зеленчук, а по потреба и со импорт на расипани респиратори, заврши зад решетки. Заедно со премиерот „настрадаа“ уште неколку државни функционери, но само така и треба секоја држава де се справува со криминал и корупција!
Ние навистина имаме два прекрасни примери од соседствтото, но ние како да не сакаме да се пресметаме со „мангупите во нашите редови“?
Деновиве слушаме снимки во кои лидер на партија му се заблагодарува на Орце Камчев за дадените пари и притоа му објаснува дека тој од „петни жили“ ќе се залага да нема закон за СЈО, да нема негова одговорност и слични ( незаконски) работи. Истиот тој ќе потврди дека двајцата негови родители се хоспитализирани во „болницата на Орце“, наводно поради инфекција од корона вирусот? Ете, се и да не се луѓето заболени од КОВИД-19 тоа не значи дека оттаму нема да излезат со соопштенне со кое ќе се пофалат дека Орце Камчев 100 процентно лекува корона, а таквата „вест“ ќе биде објавена само на еден портал и тоа најгоре – веднаш до рекламите за тестови на истата таа болница!
Очекувам државата да стане сериозна и да стави точка на сите коруптивните скандали во кои како неизбежен се јавува токму Орце Камчев. На тој човек никако не смееме да му го довериме нашето здравје!