Симона Халеп е Влаинка со потекло од Македонија, пишуваат романските медиуми и по традицијата ќе бара сопруг во земјата од каде потекнува
Светската тенисерка број еден е македонска Влаинка, а нејзината семејна лоза тоа го покажува – нејзините претци се доселила во Романија од Македонија, во времето на Отоманската Империја. 23-годишната Симона Халеп, победничката на годинашниот Ролан Гарос има потекло од Македонија пишуваат неколку романски медиуми. Новинарите во оваа земја пишуваат дека претците на Халеп го задржале силното чувство за припадност на татковината. Таму ги нарекуваат Аромани, односно Власи. Според нив Халеп е Ароманка, како и неколку други спортски ѕвезди од Романија. Халеп во повеќе наврати со гордост зборувала за своето потекло од Македонија. Магазинот „Канкан“ вели таа посебно сака да ги игра македонските танци и дека ги игра на семејните веселби – неизбеѓните свадби и други веселби, кога знае да носи опасни чевлки со високи потпетици (дури и до 15 сантиметри!), што секако не е препорачливо. Но, ова со такците секако е за нас поважно! „И покрај тоа што немаше време да оди на македонските забави премногу често, Халеп ги знае совршено сите танцови чекори… како да е на некоја на македонска планина, па дури и при играта ја врти главата, како и професионална танчерка“ – вели овој магазин..
Македонскиот амбасадор во Атина Дарко Ангелов сподели текст на романски медиум кој пишува за Халеп, која во Романија ја нарекуваат „најсилната”, и дава објаснување.
– Додека „напредуваме” со внатрешните поделби, а самодовербата како нација ни е на најниско ниво, еве мала инспирација, не помалку туку од денешната победничка на Ролан Гарос, моментално најдобрата светска тенисерка – вели амбасадорот.
Кај нас е скоро непознато дека таа е со македонско потекло, факт кој самата го истакнува и на кој е посебно горда. Потекнува од почитувано македонско семејство од Констанца, таму доселено пред повеќе генерации од Македонија. Изворот од романскиот град Констанца, кој сакал да остане анонимен, објаснил зошто Власите се сметаат за најсилните претставници на етничката група:
– Најмоќните се од Македонија. Тие се силни и почитувани од целата наша заедница. Не затоа што се богати, туку затоа што ги чуваат традициите на Македонците и никогаш не отстапуваат од нив”, вели изворот за “Sportnews.ro”.
Човекот понатаму објаснил дека Симона никогаш нема да се омажи со романско или момче од друг дел од светот, туку тaa ќе ја следи семејната традиција и ќе го одбере својот сопруг од македонско потекло.
Симона Халеп е родена на 27 септември 1991 година. Општо познато е дека е актуелен светски број 1 на ВТА листата, ранг што првпат го постигна во октомври 2017 година. Халеп за првпат се проби во првите 50 во светот на крајот од 2012 година, стигна до првите 20 во август 2013 година и најпосле меѓу првите десет во јануари 2014 година. Таа ги освои првите 6 титули на ВТА во истата календарска година во 2013 година (подвиг кој последен пат го постигна Штефи Граф во 1986 година, кога ги освои првите 7), и на крајот беше именуваан за ајдобра те4нисерка на ВТА.
Халеп е најкликан ВТА играч веќе после 2014 година (!) кога таа беше наградена со WTA титула – најпопуларен играч на годината. Вои својата земја ја осавои наградата Четаен де тонаре („Почесен граѓанин”) на градот Букурешт годинава.
Симона Халеп е родена во Констанца од Стере и Тања Халеп, семејство на Ароманнците. Нејзиниот татко, поранешен фудбалер на Săgeata Stejaru кој игра во пониските лиги, е сопственик на фабрика за млечни производи., што би се рекло цстара влчашка специјалност. Мајката снима рекламни спотови за мобилна телефонија, чиј основ е комуникацијката со ќерката додека е таа по турнирите. Но тоа не е само комерцијален потег на Тања Халеп. Се работи за соцвцијална кампања „Неделата и бабите”, кога со помош на мобилен бабите ги фалат своите пити и колачи пред внуц ите кои се некаде далеку! Целта е да се натераат постарите граѓани да користат телефон и цсоцијални мрежи.ж
Халеп почнал да игра тенис на четиригодишна возраст, во емулација на својот постар брат. На 6-годишна возраст таа тренирала дневно. На 16-годишна возраст, таа се преселила во Букурешт за да ја продолжи кариерата во тенис. Таа ги именувала Јустин Анен и Андреј Павел како двајца свои идоли, кога била помлада