За министерот за надворешни и функционер на ДУИ одлука за коалицирање со друга политичка партија без дозвола од Централниот совет на партијата, од Претседателството, од претседателот, нели коалицијата со Данела Арсовска е направена без согласност на партијата – вели тој за 360 степени
Фракционерите донесоа одлука за коалицирање со друга политичка партија без дозвола од Централниот совет на партијата, од Претседателството, од претседателот. Коалицијата со Данела Арсовска е направена без согласност на партијата. И тоа е големо прекршување коешто не се дозволува во ниту една политичка партија, па дури и организација од кој било тип, вели Османи
На обвинувањата дека министрите на ДУИ најголем дел од времето трошат на оцрнување на групата фракционери и на убедување на Ахмети да ги исклучи, портпаролот на ДУИ одговара дека тој како министер е многу зафатен и нема време да се занимава со некого индивидуално
Прекршувањето на статутот на партијата, како во сите политички партии, носи одредени одговорности, вели портпаролот на ДУИ и министер за надворешни работи Бујар Османи во интервју за „360 степени“, коментирајќи ги последните превирања со фракционерите, а поврзани со наводите од раководството дека се „самоисклучиле“.
На прашањето – зошто во ДУИ сметаат дека членовите на т.н. огнена група се самоисклучиле со тоа што напуштиле еден состанок на Централното претседателство, Османи вели:
„Значи, прекршување на статутот во сите политички партии носи одредени одговорности, одредени одлуки.
А под прекршување на статутот мислите на?
– Па, на голем број, еве од одлука за коалицирање со друга политичка партија без дозвола од Централниот совет на партијата, од Претседателството, од претседателот, нели коалицијата со Данела Арсовска е направена без согласност на партијата. И тоа е големо прекршување коешто не се дозволува во ниту една политичка партија, па дури и организација од кој било тип, меѓутоа заради тоа што Ахмети е човек што обединува и никогаш лесно не донел одлуки за оддалечување на луѓе, не носеше одлука за одговорност кон тие што го прекршиле статутот, луѓе што јавно го негираат или, пак, ги критикуват стратешките програмски определби на партијата: премиер Албанец, зелена агенда, останати прашања што партијата со унанимност ги има донесено како стратешки одлуки, потоа јавно ги критикуват. Дозволено е внатре во органите да имате кљков било став, меѓутоа кога веќе излегувате јавно, кажувате ставови на партијата. Јас, како портпарол, во Претседателството знам да имам одреден друг став во однос на тоа што се разговара таму. Кога мнозинството утврдува една политика, јас како портпарол ја промовирам таа политика јавно пред граѓаните и тоа е нормално функционирање. Во овој случај, Ахмети не носеше таква одлука сè додека тие не решија сами да го напуштат претседателството.”
Но, напуштиле состанок на Претседателството, тие велат дека не ги напуштиле органите на партијата, не ја напуштиле партијата?
– Не би се сложил. Ако сте внатре на состанокот, ќе добиете друг впечаток што всушност се случило тој ден и партијата само констатираше дека пет члена на Претседателството го напуштија Претседателството и го констатираше како факт тој чин и сега понатаму продолжуваат другите. Меѓутоа, во однос на причините, мислам дека е статутарно прекршување. Еве, проверете, читајте статут на која било политичка партија“ – вели Османи.
На прашањето – дали за него Изет Меџити е член на ДУИ, Османи одговара – „да, меѓутоа Претседателството има констатирано дека го има напуштено тој орган”.
А, нели треба низ друга процедура да се направи евентуалното разрешување од членство во Претседателството?
– Значи, Претседателството го има констатирано тој факт во случај кога е самонапуштање. Мислам дека тоа само се верификува, но не мислам дека има проблеми тоа дополнително да се верификува во други органи-
додава Османи.
На обвинувањата дека министрите на ДУИ најголем дел од времето трошат на оцрнување на групата фракционери и на убедување на Ахмети да ги исклучи, портпаролот на ДУИ посочува дека тој како министер е многу зафатен и нема време да се занимава со некого индивидуално.
– Видете, ние сме луѓе и за нас денот е 24 часа, гледате колку сме активни и ангажирани од кој било аспект, дали јас во надворешната политика, дали Крешник во економија, не верувам дека имаме време да размислуваме за други прашањa како што е оцрнување, да имаме време да се занимаваме со некого индивидуално, бидејќи таква е динамиката. Јас во последните 30 дена два дена сум бил во Скопје затоа што цело време сум надвор, така што и физички немате можност. Така што, не верувам дека тоа не е точно, тука има едно, јас мислам дека има погрешна стратешка поставеност на колегите, еве да ги кажам колеги од партијата, со дел од нив и комуницирам и тоа им го кажувам, дека имаат направено погрешна политичка проценка – рече Османи.
Понатаму со Османи во интервјуто разговаравме за најавените изборите во огранокот на ДУИ во Чаир.
– Спомнавте дека сум координатор за Чаир, значи јас бев кординатор за тој период кога требаше да се активира структурата, бидејќи имаше впечаток дека во Чаир не може да се функционира поради доминантното влијание и така натаму и тогаш имав една задача да можеме, еве, да го организираме големиот настан што се случи во Чаир со илјадници присутни. Настаните во месните комитети, така се нарекуваат во други партии, кај нас е поинаку, меѓутоа тоа е преводот во моментот, за сега веќе да почнуваат формално партиски избори во Чаир и ќе се избере кординатор, што значи шеф на изборната комисија во Чаир и ќе се пријават кандидати, ќе се регистрира членството и по принципот ‘еден член – еден глас’ ќе се избере новото раководство.
А претседател на огранокот?
– Значи ќе се избере претседател на огранокот на избори. Прво, мислам дека наредните денови, еве можеби утре или овие денови што доаѓат, да избереме шеф на изборна комисија за Чаир, односно ние го нарекуваме кординатор, за да почне со регистрирање на членството, да ги собере кандидатурите, апликациите, и по принципот ‘еден член – еден глас’ ќе има избор на ново политичко раководство.
Ако Изет Меџити се кандидира?
– Па, тоа треба изборната комисија да процени дали може тие што ги пркршиле основните стратешки, статурни определби на партијата…
Може да не му дозволите ?
– Навистина не можам да кажам, бидејќи, не сме го разговарале ова прашање.
Може да потврдите дека фаворит на раководтсвото е Беким Незири?
– Ќе има изборен процес, така што ќе се пријават кандидати. Тој што ќе ја добие поддршката на членството, ќе победи, бидејќи ако има фаворит, тогаш чуму потреба за избори.