Можно е генерал на армија да даде оставка заради неуредност на војник – тоа наводно ја загрозувала безбедноста на земјата. Потоа сепак се покажувало дека зад сето тоа лежи некаква политичка пресметка или што би се рекло – местенка. Дел од актуелните политички актери во земјава едноставно не би бегале и од највалкани игри
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Кога бев во војска командирот на eдиницата во коеја слуежв ја раскажа епизодата за тоа како еден од најдолговечните генерали (по фуникција) во ЈНА – Иван Гоњак, бил искаран заради тоа што еден морнар имал неуредна опрема. На смотра на еден брод врховниот командант Тито забележал дека дел од опремата (објала со кои порано се обвиткувале пантоланите на војниците под колениците) на морнарот не биле врзана како што треба. Тоа било оценето како поткопување на борбената готовност на бродот, пошироко гледано на морнарицата и се така по ред. Од овој момент кариерата на Гошњак, шпански борец, народен херој, практично сопрела, иако водникот сакаше да укаже дека во војска строго се гледа на неуредноста а не да го напаѓа генералот.
Гошњак, кој потоа од врвот на државата лека-полека заминал во тогашниот Совет на федерацијата, еден вид на „пензионерски клуб“ за заслужни функционери, ставени некаде каде не би се чувствувале целосно отфрлени.
Тоа е приказна, можеби е вистина а можеби не е – таа се случила а според тогашните вредности и навики оставката не е нужна за да завршите во Советот на федерацијата. (Објективно, Гошњак е сменет како и Ранковиќ затоа што биле најблиски до Тито и народот ги сметал за негови наследници).
ПАНДЕМИЈАТА И ОДГОВОРНОСТА Дали во војската, каде критериумите се строги, би можеле да смените генерал ако на накој војник пушката не му е исчистена? Според актуелните критериуми по повод пожарот во тетовската болница секако – да, бидејќи загинале 14 пациенти во пожар кој засега не може да се објасни. Да бодеме на чисто – нам дневно ни умираат по 30 пациенти заради причини за кои истата таа јавност, која хорски бара сега оставки, не протестирала. Па да речеме и не се возбудувала. Да се запрашаме колкумина подигнале глас против антиваксерите, бидејќи, нивните навики и пропаганда водат кон една нездрава ситуација во општеството! Неодамна за прв пат чув како јавно Али Ахмети од своите сонародници бара вакцинирање. Седум месеци откако започна процесот на вакцинирање! Или дали некој некаде се побуинил за атмосферата во која се лекуваат заболените од корона во модуларните болници? Или подобро е да не се буниме – навор од протоколите се многу наши блиски, било како медицински работници или пациенти?!
Да речеме да се одржи марш во Тетово затоа што мобиларната болница наликува на индиски шатор, каде се дава само покрив над глава а роднините и пријателите на заболените се замена за медицинскиот персонал…
НАША БОЛНИЦА, ИНДИСКИ МЕНТАЛИТЕТ Без оглед на она што ќе покаже истрагата, веќе го откривме она што во случајот е најбитно издвоено – атмосферата во овие вакви установи е вистински башибозлук, сосема спротивно од правилата за нивно лекување. Од некои признанија пациентите се целосно препуштени на негата на најблиските и тоа се прифаќа како нешто сосема вообичаено. Не само што болните се постојано во контакт со надворешниот свет, туку и нивната болест преку „куририте“ излегува надвор. Ова пред камерите го кажуваат роднините на некои од пациентите во тетовскиот објект (велат, едни биле задолжени за ноќно а други за денско дежурство). Во минатото гледавме во вестите како во штипската болница од прозорецот со помош на кеси и јажиња се носи „цивилна храна“ кон болните од ковид и тоа просто се третира како „снаоѓање“. И ништо повеќе.не се додава на ова. На ваквите тв прилози никој не реагира.
Па првиот човек на опозицијата – Мицковски беше познат по опремата која ја заборавил во вежбалната, ја земал во сомнителни околности, по отсјајот во камерата, додека се одело на вежбање во време на полициски час, следен од највисоки полициски функционери, по криењето во кафеана со часови, додека надвор чекаат дузина новинари, кога излезот вон домот за обичните смртници беше забранет, а тука е и двосмисленоста кон вакцинирањето…. И тоа е нормално, нели. Кога една личност, што и да мислите за неа, која влијае на стотици илјади гласачи дава целосно погрешен личен пример на здравствена недисциплина!
Не така одамна имавме министер за здравство кој им кажуваше на лекарите како да оперираат, иако е правник и нема поим од медицина. Побара ли некој од него оставка? Се праша ли зошто е воопшто поставен на место кое не е за него? Сега гледаме дека имаме кандидат за градоначалник (Максим Димитриевски), кој побегна од задолжителна изолација, претходно зарази половина влада од невнимание, заедно со премиерот а денес, како кандидат за нов мандат „ги поздравува оставките“. Не се дели од камерите по сите телевизии и ниту еден новинар не го прашува за овие епизоди! Какво се лицемерие гледаме деновиве…
КУСА ИСТОРИЈА НА ОСТАВКИТЕ Впрочем, оставката генерално е дел од поновиот политички систем, дојден со плурализмот, но кај нас се применувала само по исклучок. Да се потсетиме само на некои случаи:
- оставка на Димитар Димитров како министер за образование (1992) ;
- оставка на министерот за надворешни работи Денко Малески заради Лисабонската декларација (1992); таа не е прифатена;
- нова оставка на министерот за надворешни работи Денко Малески (1993) заради влез во ОН под референцата ФИРОМ; осѕабката му се усвои
- оставка на Антонио Пешев заради пад на трет авион во кус период поднел оставка на министерска функција (1994);
- отставка на министерот за внатрешни Фрчкоски (1995) по атентатот врз претсеатело Глигоров; отставката прмеиерот Црвенковски не ја прифати,
- нема оставка од раководителот на воената операција кај Карпалак, кога загинаа многу резервисти, во заседа за која имало дојава дека е поставена; истрага немаше а оној кој ја водеше оперативно операцијата беше потоа награден со градоначалничко место!
- Оставка даде министерот-портпарол во Владата Ѓунер Исмаил заради смената на Сашо Орданоски од функцијата ген.директор на МРТВ (1995);
- оставјка на Никола Димитѕров како зам. министер за надворешни работи (2000) за признанието на Тајван;
- оставка на тогашниот премиер Хари Костов (2004) заради несоработка со самоволните министри на ДУИ;
- оставка на министерот Јанакиевски (2009) по удавувањето на група на бугарски туристи во Охридското езеро – отставката тогашниот премиер Груевски не ја ни постави на дневен ред на Владата!
- отставка одново од Јанакиевски во 2015 г. заради настаните исфрлени со снимените разговори таа година; таа била неотповиклива а денес одговара за дузина дела што ги сторил за време на своето министерување;
- без отставка во случајот со убиството на децата кај Смилковско езеро (2012) иако таа се очекуваше од најодговорните во сферата на безбедноста; немаше никаква кампања за ова…
- оставка поднесоа министерката за внатрешни Јанкуловска и шефот на ДБ Мијалков, но под меѓународен притисок после настаните во 2015 г. кога загинаа 8 полицајци и ранети беа 37 нивни колеги а на страна на противникот имаше 12 починати; одговорноста не се расчисти и не се покрена иако овој настан имаше класичен терористички карактер и беше со меѓународни релации!ж
- никој не поднесе оставка по поплавите во Стајковци (август 2016), кога имаше 21 жртва! На власт беше Груевски, градоначалник беше Коце Трајановски
Всушност би можеле цел ден да набројуваме на тема – зошто немало оставки а особено зошто тие не се побарани, но сега се се сведе на тоа дека (како што напиша една колешка „во прашање се нашите животи“) Филипче нека биде нов почеток на барање на одговорност. И не само оставки на високи функционери, па немало и на оние пониските, како кај давањето на бугарските туристи – имавме Капетаенија која морала да внимава кој се дава пловечки услуги, па дури и лице кое примало со години плата за безбедност на Охридското езеро за пловење?! Ним не им недостасуваше ниту влакно од главата.
А ДА ДАДАТ ПОЗИТИВЕН ПРИМЕР Па да, да се вратиме на „нашите животи се загрозени“ – во време на пандемија нашите животи се постојано во прашање и тоа загрозени од многу страни. Лекарите главно одговорија на сведување на опасното зло во едни рамки кои одговарале на сите околности (недостапност на вакцини, на пример). Но објективно, довербата на народот во министерот за здравство, кој секако има свои слабости, особено во кадровската политика, беше клучен за опозицијата, па тие постојано го имаа како цел преку која директно ќе атакуваат кон јавното мислење. Неуспехот во објективните анкети на ВМРО ДПМНЕ секако е проценет од нивна страна како инсистирање на избори во погрешно време, па тие наеднаш започнаа со тактика изборите да се одложуваат, за сепак да се загубат на крајот. Разликата не беше голема и таа јасно ја покажа вредноста на Филипче во една политичка смисла.
Во овој миг Филипче е пак товар за премиерот, тоа е тег што влече надолу, но премиерот „витешки“ решил да ја одложи одлуката за прифаќање на оставката. До неа се чини дојде повеќе со постапки на албанскиот партнер, ДУИ, кој изнуди оставки на вториот ешалон, негови кадри, за да го спаси својот рејтинг воочи локалните избори, со што создаде дупки во одбраната на Филипче, оставајќи го на цедило.
Зоран Заев е познат дека во политиката се однесува малку „коцкарски“: сака да рескира и да оди против вообичаената политичка прагма. Прашањето тука не е дали министерот ќе се најде во причините за пожарот (логиката вели дека нема шанси за тоа) ама јавното мислење не ретко е слепо: тоа бара жртви, осоколено е со хајката на опозицијата и медиумите кои со децении се на иста политичка страна.
Роднина на пациент во ковид-центарот во Тетово беше затекнат од камерите на телевизиите со слободен пристап на посета на член од своето семејство кој е заболен од Ковид-19 и после несреќата (factor.mk)
Додава дека внатре има друго лице кое исто така се грижи за заразен член на семејството. Тој дури вели дека повеќето пациенти кои се хоспитализирани таму имаат по некој близок кој се грижи за нив, додека се’ уште има недостаток од медицински персонал.
„За пациентите се грижат други луѓе, повеќето членови на семејството, има некои работи што не се добри, не се направени правилно! Ги разбирам лекарите, тие исто така немаат персонал “, рече граѓанинот.
Во средата вечерта при пожарот во модуларната болница во Тетово изгореа 14 лица, од кои двајца подоцна се испостави дека биле блиски роднини во посета. Еден од пациентите пак успеа да ја извлече својата сопруга од пламенот.
И сега, да заклучиме дека Филипче понуди оставка, но работите заради кои можело да дојде до пожар (ако не е тоа саботажа, што ниту малку не е исклулчено, нели) си стојат отворени. Дајте друг министер да го смениме…