Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ОСТАНУВА ЛИ СДСМ БЕЗ ПАРТИСКАТА ПРОГРАМА?

June 24, 2019 Filed Under: Македонија

Во мигот кога луѓето кои ја создавале и се обиделе да ја спроведат програмата на која гласачите и веруваа, онаа на социјал-демократската платформа, ќе бидат заменети, па дури и кога се нема идеја кој би ги заменил, јасно е дека постои идеолошка замелушеност кај мандаторот

КОНТРАВЕРЗА Најконтраверзен потег на метлата е смената на Тевдовски – Заев ќе го води тој ресор

Екипата за социјални и финансиски реформи, која опстојуваше како посебна целина во Социјал-демократскиот сојуз последните пет-шест години, почна да се еродира. Оставката на професорот од Правниот факултет Узунов, кој ја водеше таа екипа неколку години, беше резултат на лична разочараност од превртливоста на гласачите. Тоа немаше врска со идеолошкиот правец за кој се заложуваше, но тој не можеше да поднесе дека после првите објавени „бомби“ на Заев, граѓаните на Центар на референдумот за ГТЦ и негов спас не покажаа дека на нив влијаеле изнесени аудио снимките за целосната расипаност на политичкиот врв на ВМРО ДПМНЕ!

Потоа смалената екипа, во која највпечатлив беше двоецот Тевдовски – Царовска која понуди низа реформи, ги внесе истите во остварените резултати на новата Влада. Во Министерството за финансии неодамна оставка поднесе советникот на министерот Тевдовски – Бранимир Јовановиќ, изразит левичар, кој стана дел од програмата која нудеше промена на социјалната структура во државата како крајна цел. Најновата реконструкција доведе до тоа да биде тргнат од сцената и министерот за финансии Тевдовски а таа функција да ја земе за себе, на одредено, но неопределено време самиот премиер. Покажува ли ова дека се менува класниот поглед на Владата? Или се разрешува видливата ала „Сент Андреа расцепот“ кој се правеше во економскиот сектор меѓу бизнис лигата на Анѓушев, како продолжена рака на Стопанската комора и левичарскиот поглед во двете министерства, она за Социјала и труд и Финансии? Бидејќи не личи дека овој раскин е подложен на споредба со раздвојувањето кое се случи во грчката влада, кога Варуфакис замина од позицијата на министер за финансии во екипата на Ципрас, иако некои формални блискости во одлуката секако постои и во нашиот случај. Кај Ципрас притисокот бил од меѓународните кредитори а кај нас влашкото лоби од Комората кое иу онака ги држи полугите на економската моќ во земјава.

ЈОВАНОВИЌ Место да си одат тие со мстените тендери, заминуваат оние кои тивко работеа а имаа ефекти

Во неделата премиерот, кога ги откри имињата на оние кои ги зафатила метлата а уште повеќе на оние кои метлата ги донела, призна дека во Министерството за финансии имале низа храбри одлуки. Што значи тогаш смената? Има разни озборувања, но битно е да се знае дали СДСМ стои на својата економско-социјална програма, најбитна за партија со такво име или останува само на – своето име?!

Според „методологија на метлата“, на која не и се гледа логиката, која можеби и ја нема туку е само одраз на некаков меѓупартиски рулет се нанесува и друга штета, особено кога уследи и оставката на заменик министерот за образование Петар Атанасов, кој малку поопширно ја отвора таа идеолошка рашомонијада.

„Промените во образованието не ги остваруваме. Моја намера и лична желба е да се вратам на академската кариера, затоа што револуцијата што ја покренавме почна да ги јаде сопствените деца. Годинава навршувам 30 години професионална работа и професионални ангажмани во неколку клучни и различни сектори, исполнети со потраги по нови предизвици. За жал, моите очекувања дека преку политичкиот ангажман во изминатите шест години ќе влијаам во насока на реално подобрување на состојбите во општеството, особено во образованието и несебичното вложување за таа цел, не се остварија“ – пишува функционерот Атанасов во оставката. Дали ова можеби има врска и со фактот дека тој беше во придружба на министерот за надворешни ра боти Никола Димитров во Софија, каде имале средба со локалните политичари од типот „Гоце Делчев е наш“?

Заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов, за тоа не говори, бидејќи накако што вели тој, тоа што се случува во образованието е далеку од потребните реформи и вели дека имале и тим, знаеле и можеле, па само требало да покажат на дело.

За жал, вели тој, многу работи треба да се променат. Атанасов, во оставката, вели дека не му било дозволено да работи, а дека одредени проекти и извештаи се чуваат во фиока а прстот го впери и во министерот Арбр Адеми и во премиерот Зоран Заев.

РАЗДЕЛБА Варуфакис и Ципрас од идеолошки близнаци се разделија под притисок на долговите на Грција

Министерот Тевдовски по повод смената не се јави во јавноса, а имаше и доста работа, го мина последниот викенд на средба со „професорите“ од меѓународните финансиски институции и успешно ги „положи“. Неговиот доскорешен светник Јовановиќ напиша на својот пост на Фејсбук дека кога бил прашан од Тевдовски дали сака да му биде советник, му кажал „дека не сме, ни тој, ни јас, за овдешната политика. Неговиот одговор беше дека можеби сум во право, ама дека сепак имаме должност да пробаме да ги смениме работите. Постојано кажуваше дека сака да биде како министерот за финансии во Данска – да не се наметнува многу во јавноста, ама системот да функционира. Мислам дека успеа во тоа. За жал, далеку сме ние од Данска. Кај нас, ако ти не се наметнуваш, некој корумпиран хоштаплер ќе се наметне, и ќе работи против тебе“ – напиша Јовановиќ.

Инаку тохј вели дека не знаел за смената кога се повлекол, и воопшто не ја очекувал. Мислел дека „метлата” требала да ги фати оние кои работеле за личен интерес наместо за јавниот, оние кои местеле милионски тендери, оние кои трошеле државни пари а ништо не работеле. „Можеби има нешта кои не ги знам во целава работа, ама едно знам. Ако државава ги менува оние кои работат чесно и вредно, кои прават реформи, кои се жртвуваат за општото добро, никогаш нема да ја биде“ – разочарано коментира Јовановиќ.

Фактот што Заев не го довери Министерството за финансии никому, туку реши тој да го води ресорот, може да говори за недоверба во Тевдовски, или за незадоволство од тоа колку тој го отвора чемежето, односно го применува „синромот Никола Поповски“, заради кој наводно СДСМ ја изгуби власта во 2006 година – чувајќи ја ликвидниста на буџетот овој ексминистер не го поттикна финансовиот популизам. Засега вои текстовите за смената во Министерството за финансии преовладува таквата проценка. Но, одговорот за таквиот расплет е можеби поедноставен: нема друг човек во опсервацијата на Заев? Или уште во некое ќоше на неговиот кабинет стои сенката на социјал-демократскиуте завети?

ПРИЗНАНИЕ Петар Атанасов со оставката искоментира- нема услови за реформи во образованието

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet