Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ОСТРОВОТ МУ ГО ВРАТИЛ ЖИВОТОТ НА БОЛНИОТ ОД КАНЦЕР

September 12, 2023 Filed Under: Ревија

Американецот со грчко потекло Стаматис Мораитис доживеал неверојатна судбина кога лекарите на 66-годишна возраст му дијагностицирале рак на белите дробови и му рекле дека има само 6 до 9 месеци живот

ЕДНОСТАВЕН И ЗДРАВ ЖИВОТ Се вратил на островот за да не плати скапи погребални трошоци во Њујорк

Поголемиот дел од својот живот го поминал во предградијата на Њујорк и Флорида, а сфатил дека има сериозни здравствени проблеми кога почнал брзо да се заморува и да останува без здив.
– Имаш терминален рак на белите дробови – му рекле лекарите во САД.
Така, 66-годишниот Стаматис, татко на три деца, одлучил да се врати во својата татковина, на прекрасниот медитерански остров Икарија, со неговата сопруга Елпиники. Тој не сакал да го оптоварува семејството со скапи трошоци за погреб.
– Нека ме закопаат покрај моето семејство, покрај море, каде што ќе платам помалку за погребот – си мислел тој.
Икарија се наоѓа на половина пат меѓу Атина и Турција и оваа одлука се покажала како најдоброто нешто во животот на овој Грк. Тогаш тој не знаел дека се враќа на островот на вечната младост, чии жители живеат 10 години подолго од другите жители на Европа, а често ја доживуваат и нивната стота година.
Полека почнал да се движи. Уживал во свежиот морски воздух, се восхитувал на чистото сино море. Пиел вино и се дружел со старите пријатели. Одлучил да се занимава со градинарство.

ЗАБОРАВИЛ ДА УМРЕ На едноставно прашање зоѓшто не умрел, вели дека – заборавил

Со текот на времето почнал да одгледува лозје. Мислел дека нема да стигне да ужива во виното, но сето тоа го правел за неговата сопруга да се сеќава на него.
Ти децении подоцна, тој сè уште шетал низ островот Икарија и одгледувал секакви видови овошје и зеленчук, вклучувајќи винско грозје и маслинки. Го посетил авторот и истражувач Ден Буетнер, кој сакал да дознае за тајните на долговечноста на жителите на грчкиот остров.
– „Го прашав која е неговата тајна. Тој само ги крена рамената и рече: „Не знам! Претпоставувам дека заборавив да умрам“ – раскажува Буетнер.
Не може со сигурност да се каже што точно се случило со Мораитис, односно како живеел уште 30 години по ужасната дијагноза. Можно е да имал единствена генетика, која му помогнала да се заштити од сериозни болести како што е ракот.
Но, Буетнер смета дека тајната на долговечноста лежи во работите со кои сме опкружени – луѓето, растенијата, воздухот, начинот на живот. Една често цитирана студија за данските близнаци посочува дека генетиката е одговорна за 20 до 25 отсто од нашата долговечност.
– Тој не направи ништо свесно за да биде поздрав, само ја промени средината. Сакам да верувам дека работите се можни, ако сте со прекумерна тежина и живеете нездраво во Америка, веројатно не е по ваша вина. Мислам дека најчесто сме жртви на средината во која живееме, вели Буетнер.
До крајот на животот, околината на Мораитис го принудувала да се качува по скали за да бере маслинки и грозје.
– Сè уште пијам вино и работам – изјави Мораитис за Би-би-си на почетокот на 2013 година, неколку недели пред неговата смрт, на 98-годишна возраст (или 102). Мораитис не можел да се сети точно.

ОД ГРАДИНАТА НА ТЕРПЕЗАТА Го јаде она што го бере од својата градина во дворот!

– Не сум доктор, но мислам дека виното помогна. Не правам ништо освен што јадам здрава храна, пијам здраво вино и користам здрави билки – рече тој.
Секојдневните задачи му даваа значење. Ако сакаше да готви со маслиново масло, требаше да ги собере маслинките и да ги притисне.
– Не е важно дали е лесно или тешко, мораше да се направи, изјави тогаш тој за Би-би-си.

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet